Танц со ѕвездите

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Искрено немам време да го гледам ова, малку распоредот ми е зафатен со факултетот, пробувањето за да се вработам и љубовта, ама од мене има палец. Имам гледано нешто од Dancing with the stars, ми се допаѓа. Сега, не може да се очекуваат професионални изведби, сепак едниот е ѕвезда која не е толку про за танцување. Но, МРТ изненадува. Откупи неколку добри серии, а со ова само ја зголемуваат репутацијата кај мене, додека на другите канали оди само надоле. Се што не е Турски шит (Проклет да е денот кога почна Шехерезад да се емитува, таа беше старт на се), Велики брат, фарма|-( и слични такви срања каде основна цел е да се измери човековата глупост, е супер.

Се надевам дека шоуто ќе има гледаност и дека ќе биде интересно. Уште еднаш МРТ има палец за ова.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Гледам некои се фаќаат за мојот исказ лизгање по под.
Очигледно е дека не ме разбрале.
За да се лизгаш по под последното нешто што треба да си - е професионалец.
Нема потреба да си професионалец за да го имаш ритамот во коски.
Или некој знае да танцува - или не знае, подоцна се усовршува.
Тоа ти е исто како пеачите, или знаат да пеат или не - друга алтернатива немаат.

п.с. Инаку влегував за да ставам неколку линкови од тие што ми се допаднаа.
1.
2.
- И еве слична комбинација со Лоба. Машко што е професионален танчер а Андријана некој начин почетник.
Андријана дозволила да ја води чоеков дур игра, затоа што е професионалец и знае како, и таа така ослободена од стегите препуштена на него... Не се лизга по подот, лета. Секоја чест.

Дополнување:
Леле, како можев да заборавам. Андријана е малку полничка и поради тоа може да изгледа малку невкусно ако не ја гледаш во нозете како игра ама затоа Албанката ме изненади ептен ептен позитивно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Мене искрено ме воодушевија сите. Како прво не очекував дека во Македонија имаме вака добри танчари и танчарки, а плус и ѕвездите беа топ во изведбата. Клиповите од сите двојки ги гледав по неколку пати и уште ми е мерак да ги гледам.
Се на се прекрасно шоу, Браво...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: M.Adams and 84 sk_Y ^_-

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Не го гледав целото, но од тоа што погледнав најмногу ми се допаднаа атанас и јована... шоуто мене ми е супер, требаше нешто ново на телевизијата :) ќе продолжам да го гледам
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
сеа глеам првпат и тоа овде...коа ја глеав онаа Будимир колкава е , еден лакт да му акне на партнерот отиде тој у публика :giggle, океј се инаку ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: M.Adams, Gemini and parvati

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
многу лошо шоу, па машкине сите до еден гејови (facepalm)
И еве уште еден глуп стереотип. Сите танчери се гејци. Балетан си? - Геј си, братче. :| Од кај знаеш па ти, дека се гејци? Да не ти се пуштаа? :rofl Не си геј ако знаеш да играш, танцуваш, ами ако си дудук во тоа нозете. Поздрав. :wavespin
 

devil4e

Староседелец
15 октомври 2012
51
31
618
Шо знам интересно е, јас ова порано го гледав во Србија знам го даваја и се занимавам. Сакам да танцувам, ех да ги знаев сите оние танцови колку многу ми се интересни :D А за фаворит немам никој посебно.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Ја погледнав на видеоно Аделина Шаќири и се запрашав од каде таква убавина:eek
Штета што играше многу вкочането.
Кога нема ништо поинтересно на телевизииве освен Вучич со оној квизон за турски серии не е лошо
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Aristokrat eле пријателе : )
Ичера зборисфа за тој албанишен дундерлакис и викаф дека мноо била убава, ама на никога не му текна како се викала
Некој вика Туна, некој не не е она, Нора Шакири, не бе не е ни она, дваес душе набројасмо ги сфи познати албанке у Македонију
а никој не ву га знае име еј, Теута Арифи ? Не бе не е ни она : )
Вииш прф пут слушам за туј Аделину, мноо била убава

Кажа ми другарка дека ке имало танц сс Маријану од Бинго, па тој е празник за очиња еј, мора да глеам тој иако никад не сам гледаја ниедно клипче сс никога, осфен малце сс Лобу туј на форум
Сакам да играм бинго за да гу глеам Маријану на теве, ама сфе забрављам да купу : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo