Марихуана - да или не?

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
За да се легализира марихуана не треба да им ТЕКНИ на некои политичари да речат “Ај бе,ќе легализираме марихуана“ туку зависи од фармацевските гиганти и нивната позадина. Доста голем број политичари се исто така корисници на некои дроги, но имаат имунитет, или што народски кажано “грб кој ги штити“. Фармацевските компании се рудник на злато низ кој може човек да црпи злато без паника дека некогаш ќе запри ископувањето на рудата,се додека има жив човек, ќе има потрошувачка на лекови или било кои медицински препарати.
КАКО ФАРМАЦЕВСТКИТЕ КОМПАНИИ СЕ ПОВРЗАНИ СО ОВА?
Конопот, односно СТЕБЛОТО на марихуаната, е еден од ретките-благословени растенија што растат на планетата.Растение од кое се користи секој можен дел за различна намена, за правење ткаенина, за правење хартија, производство на пластика,нафта,опојни дроги, и семето како најлековито и најхранливо семе. Цеденото масло од тоа семе, лечи многу болести меѓу кои и ракот.Еквивалент на ова е црното семе кое се произведува во Саудиска Арабија како универзален лек.
Главната улога на семето е што е лековито за многу болести, но сигурно доколку се користи по секој двор и секоја куќа легално би дошло до пад на потрошувачката на лекови, најчесто притисок,главоболки и ред други работи. Така да,откако со закон е забранета оваа билка како “штетна“ фармацијата продолжува да ја користи за нејзини цели, па преку неа добивате нешто поскапи лекови. Чист бизнис е во прашање.


Масло од коноп
Опис на производот : Маслото од коноп е растително масло со идеален однос на омега 3 и омега 6 масни киселини, оптимален однос 1/3 за човечкиот организам; -Содржи гама линолинска киселина која се покажа како совршена во спречување на болести на кожата (псоријаза, егезема, и малигни заболувања); -Го штити организмот од слободни радикали и канцерогени заболувања; -Се препорачува за луѓе склони кон алергии и за оние кои патат од целијакија бидејќи ја подобрува нивната здравствена состојба.

Ладно-цеденото масло од коноп има идеален однос на Омега-6 и Омега-3 масни киселини 3:1 за превенција на кардиоваскуларни заболувања, проблеми со масна кожа, акни и псоријаза. Маслото од коноп е единствен извор на Витамин Д неопходен за правилна апсорпција на калциумот и е неопходно во исхраната на вегетаријанци. Ова масло се користи како додаток во многу козметички производи за коса и кожа бидејќи и дава мекост додека ноктите стануваат појаки и помалку кршливи. Маслото од коноп е добар извор на гама-линолеинска киселина и претставува добра замена за рибиното масло кое има непријатен мирис и вкус. Ова масло има силни и единствени анти-инфламаторни својства и посебно се користи против воспалителни процеси на кожата. Исто така ја подобрува еластичноста на кожата бидејќи ја задржува влагата и го зајакнува имунолошкиот систем. Има позитивен ефект врз развивање на мозочните способности кај мали деца. Освен Витамин Е, ова масло содржи и Витамин Б1, Б2, Ц и каротин. Маслото од коноп е добар извор на фосфор, калциум, калиум и магнезиум

http://mk.wikipedia.org/wiki/Коноп
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
а може ли вака?
Да не беше тревата немаше да постојат
( или немаше да бидат така оригинални)
Cypress Hill стварно би било штета да ги нема;)
Зошто да не ја легализираат?
Подобро да изумрат неколку мозочни ќелии
отколку да се добие цироза:)
Лично не пушам,ама поубаво ми е да седам со луѓе кои се напушени и си прават филмчиња,
отколку со пијани луѓе кои не знаат што зборат:)
и кога сме на тема:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Да немаше теха цеее немаше да иам оволко гужву у живо на работу : )
лајфстрим гане
 

Kalino.Mome

Полноправен Член
29 декември 2012
53
78
18
Не конзумирам, ама мислам дека добро би било да се легализира.Колку-толку би не извадила од сиромаштијава.

Сега, за здрава не знам колку е, особено оваа што може да се најде кај нас, ама не е ни битно. Ако на некој му прави мерак, слободно нека зема. Животот и онака е премногу краток за да се лишуваме од малите задоволства. ;)
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Познавам дечко,не е важно од каде...
Користеше многу марихуана...
Прашајте го сега како му е...
Не може да се среди..
Си велеше еј не е штетно...
Што се случи?
Да не можеше да се контролира на крај..
Луге... Се што лета не се јаде.
Зар мислите ли дека со легализација пак ке биде добро?
И оној што не ја користил од љубопитност ке земе...
Ако не е легализирана постои причина.
Настрана од тоа што сакате вие...
Како не е штетна?
Мисли некој ке прекине кога ке сакате?
Нема да ја забранат ако не е штетна.

Марихуана?Не фала.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Познавам дечко,не е важно од каде...
Користеше многу марихуана...
Прашајте го сега како му е...
Не може да се среди..
Си велеше еј не е штетно...
Што се случи?
Да не можеше да се контролира на крај..
Луге... Се што лета не се јаде.
Зар мислите ли дека со легализација пак ке биде добро?
И оној што не ја користил од љубопитност ке земе...
Ако не е легализирана постои причина.
Настрана од тоа што сакате вие...
Како не е штетна?
Мисли некој ке прекине кога ке сакате?
Нема да ја забранат ако не е штетна.

Марихуана?Не фала.
А алкохолот не е штетен кога го конзумираш
редовно?
Во секаков конзум на било што па и на храна има некоја одредена мерка-граница до кај можеш да одиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati