Ај обрати внимание што е болдираното? Јас тоа одамна сум читал. Не знам што тебе не ти е јасно. Посебно пак што теоријата за биг-бенгот не е докажана. Дали бил само еден биг бенг? Дали само на едсно место? Дали само еден универзитет постоел?
Погледај за повеќе:
Теоријата на пулсирачки универзум
Теоријата на Мултиверзум
Стринг теоријата.... и да не редам натаму
П.с. Состојба на сингуларитет, хах.... како не
Сега што, се сомневаш во биг бенгот? Тврдиш дека овие теории ја побиваат териојата за биг бенг? Не разбирам што сакаш да кажеш.
Ок, види, ја не ги знам одговорите на сите прашања - никој не ги знае. Можеме само да шпекулираме. Ама едно ниво над шпекулација е научната теорија. Така да, ако не е докажана, не значи дека е иста со сите овие метафизички глупости што ги изначитав во претходните страни на темава. Како и да е, има полно докази што укажуваат дека универзумот настанал со биг бенг. Нашиот универзум. Дали има и други универзуми, дали овој е единствениот биг бенг или имали и друг пред него: биг бенг нема став по тие прашања.
Значи конкретно, во првиот пост прашуваше за времето и просторот и ти кажав како што јас верувам: односно како што тврди тероијата на биг бенг.
За да нема забуни еве уште еднаш да кажам.
Има две состојби: пред и после биг бенгот. Почетокот на универзумот како што го знаеме (со време и простор и енегрија и физички закони и сили) е самиот биг бенг. За пред тоа не се знае.
За пред тоа можеби одговор ќе дадат теориите што ги наброја. Научната вистина не се открива еднаш за секогаш. Процесот повеќе наликува на рафинирање на нашето сфаќање отколку еднаш за секогаш давање на одговор.
А кажи ми, дали некои од нив негираат дека времето и просторот почнуваат со биг бенгот? Ако не џабе ми ги набројуваш.