Па види и вака. Никад и не сум очекуел од евровизија богзнае што. Почнувајќи од моето прво следење коа почнавме како самостојна држава да настапуваме. И тогаш песните беа грото ѓубре, и денес се. Работата е што па ние треба да се уклопуваме на еден таков ешалон? Зашо да бидеме во морето на тој идиотизам, а не настапиме малку посериозно, пооригинално. Не зборам да вадиме од ракав некои македонски изворни песни. Ако правилата не налагаат вокална интерпретација, зошто не испратиме некоја инструменталка? знам зошто. затоа што сме ни ваму ни таму. Неспособни да го изреализираме тоа до крај, а од друга страна сакаме да испаднеме во добро светло. Тоа го видов кога го испративме Тошета. Тоше беше еден од најдобрите вокали што некогаш Македонија ги имала. Имаше дури и избор на најразличен тип на песни. Од рокерски, до балади, па и со етно мотиви. И добро ако се сеќавам ај што ја испратија една од полошите негови песни (поради тоа што позади сигурно жирито си трљаше раце), ама и настапот беше катастрофа. Исфалшира тоше. И не е поради неговата неможност, впрочем тогаш беше длабоко навлезен во естрадата и гласовните способности му беа поусовршени, туку се виде тој стрес за да ја прикаже земјата во подобро светло. Но не беше доволно добро изреализирано.
Еве ти и друга ситуација ако се сеќаваш на ХХL и нивната песничка. Топ песна за евровизија. Ама лошо отпеана. КАтастрофално лошо. Нина-рајна со Елена? Слабо. КАролинчето? Прв пат се мачеше. Втор пат за нијанса подобро. Ама не доволно добро.
Поентата ми е, не е до песната толку колку до преголемата замореност со поените што вродува во неефикасност. 19то место? биг дил. Поентата е да не` чујат дека не` бива за музика а не поенчињата. Ко да бркаме просек за стипендија која вака и онака никад нема да ја добиеме.
Ама тоа ми е поентата и мене.
Но, како би можел некој да оди и да излезе на таа сцена опуштено и без да чувствува огромен притисок, кога ние правиме толкава бука околу целата работа?
Колку само негативни коментари паднаа на сметка на Тоше таа година, уште од самиот старт. Зошто него го одбрале, зошто на тој начин го одбрале, ко да е само тој, ко да нема други, итн итн не се ни сеќавам што сѐ беше кометирано.
Секогаш и за секој било така. Остри коментари, мајтапење, притисоци.
Кога станува збор за правење песна за Евровизија сите ко да забораваат на сопствените способности и човек не може да се изначуди кога ќе го чуе финалниот резултат.
Сите песни од кои требаше да се одбере едната за Тоше, беа во најмала рака - чудни.
Оној миг кога ќе се ослободиме сами од таквото сфаќање на Евровизијата и кога ќе престанеме да правиме песни нагаѓајќи која и каква би можела да упали, дури тогаш ќе почнат да се менуваат работите.
Точно е тоа дека бркаме поени и секогаш најбитно е дали ќе влеземе во финале или не. А така е зашто се гледа на Евровизијата ко на едниствена шанса, ко само таму да можеме да покажеме кои сме и какви сме, ко сите надежи да се впререни во тие неколку минути на таа сцена.
Кога би имале друг пристап, онака лежерно незаинтересиран, би се смениле многу работи.
Годинава ги одбрале тие? Супер. Годинашнава песна е таа и таа? Супер. Со среќа нека им е, нека одат и нека се забавуваат. Ќе влезем во финале или ќе завршиме на последното место? Небитно. Што и да се случи таму, океј ќе биде.
Ние како публика го правиме најголемиот притисок. Тешко им на тие што се решаваат да го прифатат предизвикот и да се појават на таа сцена.