Песната наша не е убава. Лоша тралалајка и ако влеземе во финале, тоа ќе биде затоа што Есма има многу фанови низ целиот Балкан. Не заради песната.
Ама народов наш претерува. Сега во СДК видов што ли не изнаправиле, монтажи, па споредување со Мартин Вучич, ау, бау. Русите лани испратија баби на сцена. Факинг баби кои трчкаа низ сцената. Ирците пред некоја година испратија петел. Украинците испратија трансвестит со песна која не личеше на ништо. Па нигде не видов монтажи, исмевања и плукање. Ниту од наша страна, ниту од нивната земја, ниту општо од светот. Ама затоа ние дури не се изнадрапаме со нашите претставници не го бива.
Никој не вели дека песната е убава, дека е победничка, дека останува во ум, ама нашиов народ претерува. Затоа и цел свет не зафркава. Ако, нека ни е.