Јади бурек со Јанко

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Навистина не ми се допаѓа неговото однесување. Ако веќе е емисија за народот, каде што народот ќе може да каже што му лежи на душа, Јанко сигурно не треба да се однесува така. Пред некој ден, имаше покането некој кардиохирург во емисијата, мислам дека беше др. Таџер, образован и почитуван човек. Јанко, таков целиот искомплексиран, едвај му даде на човекот да прозбори. Само која беше разликата во разговорот и изразувањето на нив двајцата... Јанко се однесуваше како да е... не знам како да го опишам... Како сељак бре! Едно време ми се чинеше дека докторот толку беше иритиран што ќе станеше и ќе му ја пукнеше една на сељаков. Доктор како доктор, се разбира дека ќе користи стручни термини. Дури и јас ја разбирам барем половината од нив. Не можам да се сетам точно за што се работеше, ама се сеќавам дека како што зборуваше докторот, овој само го прекинуваше и се уфрлуваше, како да сакаше да се докаже...
Бог да чува и да брани од такви како него. На моменти е добар, на моменти тотално откачува, како да се чувствува загрозен дека гостинот ќе му ја преземе емисијата. Јас би рекла дека единственото лошо нешто е тоа што Јанко не се однесува 100% професионално, и што дозволува таквите работи да испливаат на површината.
Го имаат тргнато или јас не можам да го најдам кога имаше гостин што промовираше некоја книга па као Јанко глуми демек спие од досада и гостинов му вика "Јанко бе па ти заспа" и овој со неговиот препознатлив тон "Како тоа сум заспал вие да не сте доктор па знаете..".
Oтпосле гостинот му кажа дека кога се кани таков гостин редно било да ја прочита книгата за да има предвид какви прашања да му поставува.
Мислам дека не се плаши дека гостинот ќе му ја превземе емисијата туку мислам дека он сака да докаже дека во секоја тема може да се снајде и она као е сестран демек ете можам да се носам и со еден доктор и да праам муабет на негово ниво.
Да не излезе дека јако го хејтам ќе бидам искрен дека ретко имало некој водител да го сакам па да ми се одмили,почесто идело во друга насока од лоши водители знаеле да бидат подобри.
Не смееше да дозволи да се промени толку,не смее да се поставува дека сум семоќен (сите сме обични смртници) треба да свати дека ништо не е вечно (тркалото чинам беше животот денес си горе утре доле) и мора да биде понепристрасен ако сака да врати поголем дел од публиката,вака ќе ми делува како онаа Тања бумбаркана на Сител.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Emma.T and i_wanna_fly

mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
Бидејки е единствената емисија\шоу во мак со ваква тематика сигурно дека ќе има таков рејтинг на гледаност,луѓето немаат занимација па го гледаат,башка и навечер.Уште малку Јанко ќе неможеш безбедно да се шеташ и по градските улици.Гретоа е да се споредува со некој од животните тие се невини и чисти.мислам на животните.

НЕ ЗНАМ И ЗАШТО УПОРНО МУ СЕ ЈАВУВААТ.КОГА СИ ИГРА КУРТАШАК СО НИВ.оСНОВНА КУЛТУРА И ПОЧИТ НЕ СЕ ОДНЕСУВА ТАКА СО ТУЃИ ПРОБЛЕМИ ПА И СО ПОСТАРИ ЛИЦА.
 
Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Најинтересна ми е JaMi која најпрво го исмејува со видеото, а од кога пиша Фанот дека го почитува, следниот нејзин пост беше, абе добар е :rofl

Едно нешто ќе кажам да имаше уште 5-6 пеачи како Тоше Проески, Жаре ќе си останеше бербер,а Боки 13 п***р. Така и од овој дебил помладите неможе да просперираат, ама џабе сите знаеме што е потребно за да излезеш на телевизија и од кого треба да имаш поддршка во позадина и да збориш во нивна корист.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Првично насловот на самата емисија е вон секакви норми на морал - Јади бурек. Тоа е една слика и прилика од нашето ни општество, отсек југоисточен балкан. Мислам, кога имињата за нешто што би требало да не репрезентира во светот како квалитет е на база на локален сленг, што има да се дискутира понатаму. Но, пак ќе кажам, негово право како ќе си ја крсти емисијата. Мене ме иритира онаа споредба на оваа емисија со онаа на Оливера. Сосема различен концепт имаат двете. Едната е рамниште на дискусија помеѓи тие што го застапуваат народот - Вин-вин (власт, опозиција, политички партии). Другата е самиоот народ кога е вклучен во емисијата. И нормално, кога е вклучен тој, не очекувајте дека дискусијата ќе биде на исто рамниште како и претходната.
За Јанко конкретно, не гледам никаква демократија и слобода на говор. Штом го усмерува текот кон оноа што позади ќе му биде речено - го сметам за уште од старт издиригирана „демократија“. Да не зборам за полтрончињата кои додатно се јавуваат да го скршат итака расклиманиот морал на оние кои имаат малку повеќе своја свест. Понатаму не ми се ни дискутира околу “неговото право“ за водење емисија. Едноставно прескокнувам канал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

Претпоставувам болдираното беше за мојата споредба со Оливера.
Не очекувам да е како неа зашто не е ни приближно поткован да дојде на нејзино рамниште на дебата со гостите ама кај неа ми се допаѓа дека она гледа да го извлече од гостите одговорот иако они го заобиколуваат додека кај "Станко" го нема тоа зашто и така се знае кого вика и која е целта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Најинтересна ми е JaMi која најпрво го исмејува со видеото, а од кога пиша Фанот дека го почитува, следниот нејзин пост беше, абе добар е :rofl

Едно нешто ќе кажам да имаше уште 5-6 пеачи како Тоше Проески, Жаре ќе си останеше бербер,а Боки 13 п***р. Така и од овој дебил помладите неможе да просперираат, ама џабе сите знаеме што е потребно за да излезеш на телевизија и од кого треба да имаш поддршка во позадина и да збориш во нивна корист.
Не го исмејував,само дадов пример зошто всушност Јанко е таков кон гледачите,епа спрема такви гледачи неговиот однос го оправдувам ;).
Смешно ми е како сите креваат џева околу Јанко (wasntme).
Го изјаснив мојот став и понатаму не сакам да навлегувам во поопширни дискусии во темата. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
ПОГЛУПО НЕШТО ОД ОВА НЕМА ДА ПОСТОИ Т.Е. КОНКУРЕНЦИЈАТА Е СО ШОУТО НА МИЛЕНКО..ДВЕТЕ СЕ ЗА НИГДЕ..АМА ТОЕ МАКЕДОНСКИ СРАЊА НЕЗНАТ НИШТО ДА НАПРАТ ДА РЕЧИШ ИНТЕРЕСНО Е..
ПОСЛЕ А1 НЕМА МЕДИУМИ И ЕМИСИИ ВО МК
 
ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Прекрасна емисија кога не му е темата политичка, а има политика тогаш е сосема друга приказна... загледувам 10 сек ако почнува нешто политика одма гитла. Не многу често ама пак с еначекуваат теми од општа култура и случувања и стварно вреди да се гледаат ама тоа е многу мнпгу ретко :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Solstice

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
гајле му е јаде лај.. и зима пари....најпрофитабилна професија у Македонија у моментоф !!!!