Критики за администрацијата

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Е па колку што можете да видите јас во март 2012 сум се регистрирала, и влегов на форум првата ден пишав два поста на латиница, оти не ни знаев дека не требало, па ми кажаа одма дека треба само кирилица и им реков постовите да ги избришат и си пишав повторно.Значи тоа е пред една година, како некој ставил казнени поени за тоа и за првиот пост? За добредојде ли....
Ај нема веза, веке не се замарам.
Добро де, не си знаела, а пишува во правилата, си згрешила, те опоменале, си се корегирала, решен проблем.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Целиот проблем произлегува од коментирање и „делење“ совети мислејќи дека нешто се знае, а всушност не се знае.
На пример, зошто некој тргнува од тоа дека член бил баниран без предупредување, кога не знае дали членот бил или не бил предупреден?
Значи, за да добие некој забрана за пишување, треба да има 10 казнени поени, што значи НАЈМАЛКУ 5 опомени, плус бројот на опомените е јавен и може во секој момент да види колку има и за што.
Да резимирам, секој што има 10 казнени многу добро знае зошто му се и од кај му се, и да, бил претходно повеќе пати предупреден.


2013-02-20_13h40_57.png

колку да промрчам, две опомени и 8 казнени поени. Од друга страна има некој кој не сакам да го именувам чии што опомени се по 0 и по 1 казнен поен а се добивани за несоодветна содржина, офтопик, навреда итн. Калимеро?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
колку да промрчам, две опомени и 8 казнени поени. Од друга страна има некој кој не сакам да го именувам чии што опомени се по 0 и по 1 казнен поен а се добивани за несоодветна содржина, офтопик, навреда итн. Калимеро?
Ова е пред да направиме стандардна опомена за потпис, затоа што горе-доле се почитуваше правилото и немаше потреба.
За несоодветна содржина задолжително се доделува опомена и казнени поени.
За оф-топик, доколку има повеќе од ист член во иста тема, се доделува една опомена и казнен поен, а останатите само се бришат, за да се избегне ситуација членот да добие веднаш забрана.
Да резимирам, опомените и казнените поени се со цел да им се воочи на членовите што треба, а што не треба, за да биде форумот попријатно место за сите. Казните кои следуваат откако ќе се насоберат повеќе поени се со цел да имаат ефект самите опомени.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ова е пред да направиме стандардна опомена за потпис, затоа што горе-доле се почитуваше правилото и немаше потреба.
За несоодветна содржина задолжително се доделува опомена и казнени поени.
За оф-топик, доколку има повеќе од ист член во иста тема, се доделува една опомена и казнен поен, а останатите само се бришат, за да се избегне ситуација членот да добие веднаш забрана.
Да резимирам, опомените и казнените поени се со цел да им се воочи на членовите што треба, а што не треба, за да биде форумот попријатно место за сите. Казните кои следуваат откако ќе се насоберат повеќе поени се со цел да имаат ефект самите опомени.
Потребно ли е да спомнам кој доби по 3 казнени поени за 3 мислења едноподруго и од кого? Јас мислам дека е редно време да го поправите времетраењето на казнените поени. Ако мислете дека постигнувате нешто со банирање и казнување за се` и сешто воопшто не. И после да се чуди човек зошто дискусиите се во фаза на исчезнување.
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Потребно ли е да спомнам кој доби по 3 казнени поени за 3 мислења едноподруго и од кого? Јас мислам дека е редно време да го поправите времетраењето на казнените поени. Ако мислете дека постигнувате нешто со банирање и казнување за се` и сешто воопшто не. И после да се чуди човек зошто дискусиите се во фаза на исчезнување.
Нема да има ефект ако се скрати времетраењето.
Ако забележам дека има проблем и на некој „незаслужено“ му се насобрале 10 или повеќе, интервенирам со бришење.
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
хаххахахха ме насмеавте а и ми кренавте притисок на период од неколку секунди искрено да ви кажам... ај малку основен маубет кој искрено да ви кажам гајле ми е што веројатно ќе биде игнориран како овај мој пост
Знам дека пишувам во најглупата можна тема (поглупа и од Глупости На Кило во сите три дела заедно( ГНК )) затоа што концептот е промашен уште од вториот пост каде е промашена идејата на авторот, ама од инат ќе кажам нешто па макар било и последно.
Целта на темава, во моментот кога беше отворена (најверојатно) беше постигната.​
За понатамошни коментари и мислења во врска со функционирањето на форумот, ве молам користете ги следните теми:​
Сакам да поставам прашање поврзано со форумот, каде да го направам тоа?​
- Најпрвин провери дали твоето прашање е веќе одговорено во темата: Најчесто поставувани прашања.​
Сите прашања/коментари поврзани со функционалноста на форумот во иднина пишувајте ги во темата:​
Сите прашања/коментари/критики во врска со администрацијата на форумот пишувајте ги во темата:​
Сите предлози/коментари/критики поврзани со форуми/подфоруми и теми пишувајте ги во темата:​
Сите останати прашања пишувајте ги во темата:​
Целта на темата никогаш нема да биде постигната затоа што таа е безвременска, целта на темата е окултурување на македонските форумџии и кревање на форумџиското однесување на едно повисоко ниво. АКо мислиш/те дека тоа е постигнато и завршено тогаш воопшто не е на одмет да се преиспитате зошто овај форум постои ако веќе целта да форумџиите добијат место за забава и осознавање со форумската култура е исполнета. Форум/џиство е матераја која расте и созрева но никогаш нема да престане да се раѓа (да се преиклучуваат нови членови) и да престане да созрева (затоа што човек, аналогно на тоа и форумџија, некогаш нема да престане да учи нови работи). Онај кој смета дека знае доволно, се спознал себеси и сите околу него на овај интернет простор треба да го прочита мојот пост во темата таму, да си стави рандом лозинка и чао пријатно нека зи живее среќно и весело ама нека не не замара тука со својата совршенос и безгрешност која и не постои...

Правењето формат на компјутерот не е решение ако нешто сме заефркнале па ај ќе го поправиме со форматирање и не решавање на проблемот. Проблем не се решава со отфрлање на страна и вртење на нова страница. Се засувакуваат ракави, се уклучува мозок и се прават разни комбинации како и на кој начин да се стигне до решение. Ќе се згреши еднаш, ќе се згреши уште еднаш но на крај ќе се дојде до решение колку и да тоа било во прв момент нереално...

_________________________________________________________________________________


ПС: (XenForo е направен од истите “будали“ кои го направиле vBuletin на времето)
7. Ако пишуваме во ПП (приватни пораки), ни ги читате мислењата?
- Не. Тоа се приватни пораки, не може никој да ви ги чита, освен учесниците во конверзацијата.​
Ме мрзи/немам лична потреба да барам за сегашно време ама овај линк го имам во архива од времето...
АМА јас пак ќе си кажам што имам на ум.
Значи читаќи ја темава видов ова за опомениве и дека јас “често“ си отворам профил реков ај да видам да не случајно имам и јас... и кога БАМ... гледам ова ...
Несоодветно Однесување 13 Август 2012 3 13 Октомври 2012
Значи забележувам казнени поени 3 на непозната содржина (претпоставувам казната е рачно впишано дирекно на профил без линк од моето “несоодветно однесување“) Е сега за ова ниту стасало некакво известување ниту некаква приватна порака ама тоа е лично за мене е мање битно иако е битно затоа што ако не ти стаса известување како ќе знаеш за казната пред да ја можеби повториш од “незнаење“ дека веќе имаш претходно казнени поени/опомени.
Со малки претрага си најдов што сум пишувал ден претходно таа “опомена“ но ако тоа било мое “несоодветно однесување“ зошто нема објаснување на истото каде/како/што а и зашто немало автоматска лична ПП со извесување за истото.
Гледам и други имале проблем со невидени канзени поени па можеби заминале на месец дена летовање на зелено море без воопшто да знаат дека имале уплатено неколку рати за истото претходно.
Треба да си ги средите техниките на казнување и опоменување затоа што ова носи само контра ефект и никакво рачно бришење одпосле нема да поправи ако некој заглави поради технички пропуст...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Целта на темата никогаш нема да биде постигната затоа што таа е безвременска, целта на темата е окултурување на македонските форумџии и кревање на форумџиското однесување на едно повисоко ниво. АКо мислиш/те дека тоа е постигнато и завршено тогаш воопшто не е на одмет да се преиспитате зошто овај форум постои ако веќе целта да форумџиите добијат место за забава и осознавање со форумската култура е исполнета. Форум/џиство е матераја која расте и созрева но никогаш нема да престане да се раѓа (да се преиклучуваат нови членови) и да престане да созрева (затоа што човек, аналогно на тоа и форумџија, некогаш нема да престане да учи нови работи). Онај кој смета дека знае доволно, се спознал себеси и сите околу него на овај интернет простор треба да го прочита мојот пост во темата таму, да си стави рандом лозинка и чао пријатно нека зи живее среќно и весело ама нека не не замара тука со својата совршенос и безгрешност која и не постои...

Правењето формат на компјутерот не е решение ако нешто сме заефркнале па ај ќе го поправиме со форматирање и не решавање на проблемот. Проблем не се решава со отфрлање на страна и вртење на нова страница. Се засувакуваат ракави, се уклучува мозок и се прават разни комбинации како и на кој начин да се стигне до решение. Ќе се згреши еднаш, ќе се згреши уште еднаш но на крај ќе се дојде до решение колку и да тоа било во прв момент нереално...
Мислам дека ја имаш утнато поентата која не беше дека целта е постигната и готово, туку дека точно се дефнира која тема за што е и таму се продолжува дискусијата, за да не биде турлитава во таа една тема.
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Мислам дека ја имаш утнато поентата која не беше дека целта е постигната и готово, туку дека точно се дефнира која тема за што е и таму се продолжува дискусијата, за да не биде турлитава во таа една тема.
Таа една тема нема никаква врска со тие што вие ги набројувате како задолжителна алтернатива за истата таа по тие ваши теории кое каде припаѓа.
Но, ваше право, ваш форум, ваша уредувачка политика, мое беше само да пишам во спам тема од типот СДК/СДП каде се е изгубено во преводот...
Хипер-линк и спојлер не ставив за да се смени темава на муабет која е актуелна тука, туку само како за асоцијација на тоа што се случува воопшто на форумов каде дневно лигираните почна да се бројат на десетки а тие што пишуваат мислења безмалку се бројат во единици...
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Хипер-линк и спојлер не ставив за да се смени темава на муабет која е актуелна тука, туку само како за асоцијација на тоа што се случува воопшто на форумов каде дневно лигираните почна да се бројат на десетки а тие што пишуваат мислења безмалку се бројат во единици...
Незнам со која цел шириш вакви дезинформации (веројатно ти си ги знаеш намерите), само ќе демантирам и ќе кажам дека форумот има постови и активни корисници на дневно ниво повеќе од било кога.
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Незнам со која цел шириш вакви дезинформации (веројатно ти си ги знаеш намерите), само ќе демантирам и ќе кажам дека форумот има постови и активни корисници на дневно ниво повеќе од било кога.
http://forum.crnobelo.com/recent-activity/
Од мојот последен пост пред саат време се впишани дури 7 други мислења до ова сега моево кое е 8 по ред а во нив вклучуваќи го и твоето во кое јас сум цитиран, истите тие 8 со се моево сега се од 5 различни члениви меѓу кои јас и ти... мислам ...
Гости да, во ова современо време на социјални мрежи едно споделување на надворешен сајт може донесе безброј прегледи... НО... форумот е за споделување мислења а не само за читање и кликање “ми се допаѓа“...

Нема значење муабетот ако не се свати метафората на поентата...