Најчесто поставувани прашања

Статус
Затворена за нови мислења.

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Темава ја отворам за најчесто поставуваните прашања со кои се соочуваме, со цел да избегнеме непотребно повторување.
Листата со прашања/одговори ќе се ажурира постојано како што ќе се појавуваат нови.

1. За што служи опцијата следи? Дали дава информации кога некој што го следите постира?
- Следењето на Xenforo е нешто слично како и следењето на Твитер, со тоа што тука не ти дава на почетна информации за оние што ги следиш бидејќи ова е форум и нема почетна. Тука активноста на членот единствено можеш да ја видиш на неговиот профил (Скорешна активност). Сепак ова е форум и нема потреба од повеќе информации. Овде со следењето на некој член покажуваш дека имате слични интереси за одредена тема, но и немора да значи.
- За некој може да ги види скриените детали од твојот кориснички профил треба ти да го следиш. Подесувањата за оваа опција можете да ги правите на следниот линк: http://forum.crnobelo.com/account/privacy

2. Зошто ми е избришано мислењето во темата _____________?
- Затоа што модераторот во тој форум/подфорум проценил дека мислењето е несоодветно/оф-топик/прекршува некое од правилата на форумот.

3. Може ли да се променат личните информации?
- Може, на следниот линк: http://forum.crnobelo.com/account/personal-details. Не може само корисничко име и датум да раѓање, за тоа мора да контактираш админ.

4. Кој може да брише мислења?
- Модератор назначен во конкретен форум/подфорум, Супер модератор + и админ.

5. Што значи функцијата Игнорирај некој член?
- Ги игнорирате мислењата на игнорираниот член, како и сите останати негови содржини.

6. Каде можам да видам колку мислења ми се избришани?
- Не можеш.

7. Ако пишуваме во ПП (приватни пораки), ни ги читате мислењата?
- Не. Тоа се приватни пораки, не може никој да ви ги чита, освен учесниците во конверзацијата.

8. Може ли да додадете смајли за __________?
- Постирајте го предлогот во темата Предлози за дополнителна функционалност. Предлогот ќе биде разгледан и ќе ви биде одговорено.

9. Каде можам да видам кој каде е модератор?
- На листата со модератори тука.

10. Зошто ____________ не е веќе модератор?
- Затоа што така одлучил модераторскиот тим, или пак самиот се повлекол, или.... Едноставно не се фокусирајте на тоа зошто некој е, или не е модератор. Никој од модераторскиот тим не е должен да ви дава објаснување/одговор на овие прашања.

11. Дали смеам да поставувам линкови од надворешни сајтови?
- Смееш да објавуваш линкови, сè додека не е со главна намера да рекламираш некој сајт.

12. Дали ___________ е баниран и зошто?
- Листата со банирани членови може да се види тука. Членовите со 10 казнени поени имаат забрана за пишување мислења. Оние со 15 казнени имаат целосна забрана за користење на функционалностите на форумот. Причината за забараната е прекршување на правилата на форумот.

13. Можете да посочите со примери кое е тоа несоодветно однесување?
- Не, затоа што таквите примери се санкционираат.

13.1 Можете ли да посочите со примери што значи тоа несоодветна тема?
- Да, разгледај во Рисајкл Бин.

14. Што е потребно за некој да биде Истакнат член?
- Над 45 поени.

15. Каде можам да најдам листа со членови со променети никови?
- Во темата Членови со сменети никови.

16. Дали има опција да се избрише профилот на форумов?
- Не. Едноставно престани да го користиш. Нашиот почитуван член lady_blue има напишано детално мислење за оваа одлука тука.

17. Забележав мислење кое ги прекршува правилата на форумот. Што да направам?
- Искористи го копчето „Пријави“ кое се наоѓа под самото мислење и наведи ја причината зошто сметаш дека тоа мислење е несоодветно.

17. 1. Забележав мислење кое ги прекршува правилата на форумот. Што НЕ ТРЕБА да направам?
- Не треба да отвориш тема/да напишеш пост во темата Прашања/Критики до администрацијата/Предлози за дополнителна функционалност.

18. Дали истото важи и за несоодветен потпис?
- Да.

19. Зошто сте отвориле тема за _____________, не ми се допаѓа?
- Супер. Не ја отворај.

20. Забележав дупла тема, што да направам?
- Пријави ја преку копчето „Пријави“. Модераторот назначен во тој форум ќе преземе активност за решавање на проблемот.

21. Ми стигнуваат премногу мејлови со известувања од форумот. Како да ги исклучам?
- Прв чекор: Исклучете ги тука (http://forum.crnobelo.com/account/preferences) опциите „...и добивај известувања за одговори на е-пошта“?
- Втор чекор: Отворете ги темите кои ги надгледувате тука (http://forum.crnobelo.com/watched/threads). Влезете во секоја тема од која сакате да престанат да ви пристигнуваат известувања на мејл преку клик на „Не ја надгледувај темата“.

22. Што значи црвената/зелената точка над мојот аватар?
- Тоа е индикатор дали е членот онлајн или офлајн.

23. Напишав неколку мислења/теми кои сакам да се избришат, како да го постигнам тоа?
- Никако. Голема е веројатноста дека твоите теми/мислења имаат поттикнато дискусија со други членови, кои доколку би се избришале целата дискусија би немала логика. Сите вакви барања ќе бидат одбиени без дискусија. Совет: Мисли два пати, кликни „Испрати“ еднаш.

24. Зошто темата ____________ е префрлена во канта?
- Бидејќи е несоодветна и/или прекршува некое од правилата на форумот.

25. Како да инсталирам кирличична поддршка?
- Инструкциите како да инсталирате кирилична поддршка можете да ги најдете тука.

26. Како да вметнам видео во моето мислење?
- Инструкциите за вметување видео во мислење можете да ги најдете тука.

27. Како да прикачам слика од интернет/од мојот компјутер во моето мислење?
- Инструкциите за вметнување слики во мислења можете да ги најдете тука.

28. Како да означам (тагнам) член?
- Пред никот на членот ставете @.

29. Како да ставам анимација како потпис?
- Според правилата на форумот не е дозволено поставување анимација во потписот на членовите.

30. Што е тоа со казнените поени / опомени?
Кога некој член ќе прекрши некое правило на форумот, добива опомена. Зависно од типот на опомената, се добиваат и казнени поени. Доколку се насоберат поголем број на казнени поени од опомени (резултат на повеќекратно прекршување на правилата на форумот) пристапот на членот до форумот можно е да биде повеќе или помалку ограничен.

Опоменувачки поени:
Несоодветен јазик: 1 поен, истекува за 2 месеци
Оф-топик мислење: 1 поен, истекува за 1 месец
Кирилица: 2 поени, истекува за 1 месец
Несоодветен потпис: 2 поени, истекува за 1 месец
Несоодветна содржина: 3 поени, истекува за 2 месеци
Несоодветно однесување: 3 поени, истекува за 2 месеци
Несоодветно рекламирање / Спам: 5 поени, не истекува

Казни:
За 10 поени: На корисникот му се одземаат правата да пишува нови мислења, отвора теми. Може само да кликне „Ми се допаѓа“.
За 15 поени: На корисникот му се одземаат сите права, освен да прегледува други мислења.
 
Статус
Затворена за нови мислења.