Критики за администрацијата

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сакам да прашам дали администрацијава не мисли дека претера со ова казнените поени? Се делат за се` и сешто, со и без причина. Мајке му, колку што знам може за офтопици првин да дадете опомени и ако се продолжи да реагирате со казнени. Вака си пишал нешто некаде и бааам казнени без предупредување. Се претера ова, cakar_ulav, Knife, alba зошто се банирани? Поради офтопици? Гарантирам дека ниеден од нив не бил предупреден дека оди офтопик и не му стигнала опомена да престане. Па остај тоа, бановите средете ги малку бе. Не може бан по цел месец да давате од прва. И ако делите казни за офтопици и бришете мислења тогаш пола форум треба да го избришете оти пола мислења се офтопици.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
http://forum.crnobelo.com/threads/Собиранки-договарање-тука.902/page-83
темава е полна со офтопици
пријавив неколку, сакав да ги пријавам сите,
но немам време оти морам да чекам по 20 секунди помеѓу една и следна пријава
така да....
:D
Немој да ги пријавуваш некои мислења за џабе молим те,оти некои членови се заштитени со закон.
Но кога на оние што ги штитат не им е срам нема зошто да се мачиме да пријавуваме.
Ајде јас разбирам прогледување низ прсти за некои ликови заради она што повеке придонесуват за форумот без разлика од кој аспект,но да се нема граници тоа неможам да го разберам.
Овде ке го сместам мислењево оти мислам дека е посоодветно да е овде.

Сум одела намерно контра на една од модераторките?
Па цела теме комотно е посветена за нејзе,а и не само оваа,а богами и не само од мене.
Да се запрашаме,која дискусија и каде ја има развиено,потикнато?
Море да можам да ја видам бар низ некоја тема како навлегува во подлабока дискусија,освен да не ги заборавиме оние кога ги поттикна погребите на форумот и темата во дводимензионална уметност за ,,уметнички гзови,,.
Од тогаш навака поголем пост од една реченица никаде нема.
Да,постои и она колку пократко толку појасно,ама само постои.
Искрено ова со учеството низ темите и ретко кој може да се пофали и од другите.
Со постов не дека навлегувам во креирањето и политиката на форумов,но ако може еден админ да се дрзне и да ги нарекува со погрдни зборови членовите(а е забрането нели)мислам дека нема што повеке и да станува збор за критикување.
Ама ете понекогаш,ако ме избива нон стоп,ке си пишувам и секогаш околу тие несфатливи работи,а може пак и ке се најде некој кој без дрзок и навредлив збор да ни ги појасни.
Блу извини што те цитирав,само сакав да се надоврзам на твојот пост,ама ме понесе мислата и си направив,,кратка,,исповедалница. :D
И што кога ке бидат Алба,Книфе и Чакар банирани?
Бар најдете посоодветна основа оти оваа веке не ви држи место.
Оние кои најмалку ви ги почитуваат правилата се двигатели на сите други.
За да не испадне дека не треба да си го бараме за да не си го ,,добиеме,, подсредете ги од темел некои работи или па продолжете со оваа политика,човекот како индивидуа истрпел и многу повеке а не пак да не се свикне и на овој забавен простор.
Зборуваме за тоа дека дека не треба да владее анархија а основата за таа анархија потекнува токму од оние кои наводно се тука за да ја средат.
Дрскоста не е во ниеден домен решение,но ученикот учи од учителот.
 
МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Сакам да прашам дали администрацијава не мисли дека претера со ова казнените поени? Се делат за се` и сешто, со и без причина. Мајке му, колку што знам може за офтопици првин да дадете опомени и ако се продолжи да реагирате со казнени. Вака си пишал нешто некаде и бааам казнени без предупредување. Се претера ова, cakar_ulav, Knife, alba зошто се банирани? Поради офтопици? Гарантирам дека ниеден од нив не бил предупреден дека оди офтопик и не му стигнала опомена да престане. Па остај тоа, бановите средете ги малку бе. Не може бан по цел месец да давате од прва. И ако делите казни за офтопици и бришете мислења тогаш пола форум треба да го избришете оти пола мислења се офтопици.

За Knife знаев ама од кај излезе тоа дека cakar_ulav и alba се банирани?Од кога???На колкав период? (facepalm)
Океј и форумот е како да се изразам ... секој пишува што сака и кога сака... А некои се банирани некои не...
Кажете барем што имаме дозвола да пишуваме и со кого да се "замеруваме".
Овие правила на ништо не личат а после се чудиме зошто многу форумџии нема...Една од причините.
Убаво кажа бобо,пракајте опомени... а не директно...вакви правила на останатите форуми нема,барем на Кајгана немаше...
Трагикомично е,јас не знам што друго да кажам освен да си молчам нели?Да не добијам и јас бан зошто можам да кажам нешто што на некој не му одговара.(facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba and The Tramp

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Јас не пратам многу не знам кој е баниран кој не, не знам кој се скарал кој не, но сепак не мислам туку знам дека пред да се банира некој треба да биде опоменат по ПП неколку пати, и ако не се разбира со добро тогаш да се банира и тоа во краен екстремен случај. Инаку банирањето не е решение за подобрување на комуникацијата и постовите на форумот, туку баш има контраефект. Сепак ова е форум а не законодавен дом, или некоја државна институција која не трпи било какви муабети. Уште кога е дозволено да се регистрира секој што ќе посака нормално е да се очекуваат овде секакви луѓе. Повеќе паметни, помалку паметни и слично, и затоа не треба никој да се напнува. Правила нормално треба да постојат, и треба членовите да се потсетуваат на нив, но банирањето не го гледам како средство за одржување на редот и мирот.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
На почеток бев против темава општо затоа што секој поразбран форумџија ќе пише приватна порака директно до администраторот за критика општо на форумов, без притоа да се знае вака јавно. Оној, кому му пречи одреден сегмент на форумов, дали било член, тема, мислење, има начини за решавање дали преку копчето „пријави“ или ПП до админите.. Но кога веќе администрацијата ја оставила темава да опстои, треба да биде подготвена за критиките за кои се има тенденција јавно да се пласираат.
Конкретно се сложувам со мислењето на slb_bobo во врска со банирање без предупредување. Колку и да биле во грешка тие членови, сепак по секое правило и пропис на интернет просторот (речи го повеќе интернет-бонтон) им следува првично опомена за пред бан па после тоа ако нема промена, доделување на истиот. Ќе речете, па тоа се подразбира. Преголемо подразбирање доаѓа до субјективна оценка. Стегнатост - да, но не и преголема субјективност. Да прашам истотака освен еден администратор, кој е друг тука? Ова го прашувам добронамерно, затоа што форумот почна да расте и се шири и за еден е многу тешка работа да го држи форумов во дисциплина, првично поради пребрзо донесените одлуки. А мора да се донесуваат некогаш, поради тоа што нема доволно луѓе кои би ја согледале ситуацијата.
Се надевам ќе го разгледате предлогов/критикава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com

Целиот проблем произлегува од коментирање и „делење“ совети мислејќи дека нешто се знае, а всушност не се знае.
На пример, зошто некој тргнува од тоа дека член бил баниран без предупредување, кога не знае дали членот бил или не бил предупреден?
Значи, за да добие некој забрана за пишување, треба да има 10 казнени поени, што значи НАЈМАЛКУ 5 опомени, плус бројот на опомените е јавен и може во секој момент да види колку има и за што.
Да резимирам, секој што има 10 казнени многу добро знае зошто му се и од кај му се, и да, бил претходно повеќе пати предупреден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger and Saladin

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Целиот проблем произлегува од коментирање и „делење“ совети мислејќи дека нешто се знае, а всушност не се знае.
На пример, зошто некој тргнува од тоа дека член бил баниран без предупредување, кога не знае дали членот бил или не бил предупреден?
Значи, за да добие некој забрана за пишување, треба да има 10 казнени поени, што значи НАЈМАЛКУ 5 опомени, плус бројот на опомените е јавен и може во секој момент да види колку има и за што.
Да резимирам, секој што има 10 казнени мнгоу добро знае зошто му се и од кај му се.

што е тоа со канзени поени прв пат слушам
 
Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Луѓе вие нормални ли сте?????
сега дури разбрав дека сум имала опоменувачки поени..А прв пат гледам и слушам...
Е па како сакате форум бре без ум, јас ли заслужив опоменувачки и тоа сега ги гледам..

барам објаснување ipopovski или било кој

нека ми објасни и еве свечено ќе си заминам од форумот, не планирам да дремам овде...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
што е тоа со канзени поени прв пат слушам
Додадов објаснување во ЧПП тука:
http://forum.crnobelo.com/threads/Најчесто-поставувани-прашања.4284/

Луѓе вие нормални ли сте?????
сега дури разбрав дека сум имала опоменувачки поени..А прв пат гледам и слушам...
Е па како сакате форум бре без ум, јас ли заслужив опоменувачки и тоа сега ги гледам..
барам објаснување ipopovski или било кој
нека ми објасни и еве свечено ќе си заминам од форумот, не планирам да дремам овде...
Имаше заостанати опомени за кирилица од март 2012 година. Поради технички пропуст останале, а требало да истечат после 1 месец. Сега е тоа средено и се избришани.
 
Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Додадов објаснување во ЧПП тука:
http://forum.crnobelo.com/threads/Најчесто-поставувани-прашања.4284/

Имаше заостанати опомени за кирилица од март 2012 година. Поради технички пропуст останале, а требало да истечат после 1 месец. Сега е тоа средено и се избришани.

Е па колку што можете да видите јас во март 2012 сум се регистрирала, и влегов на форум првата ден пишав два поста на латиница, оти не ни знаев дека не требало, па ми кажаа одма дека треба само кирилица и им реков постовите да ги избришат и си пишав повторно.Значи тоа е пред една година, како некој ставил казнени поени за тоа и за првиот пост? За добредојде ли....
Ај нема веза, веке не се замарам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon