Се сеќавам пред неколку месеци голем број на членови се жалеа дека администрацијата не била доволно строга. Се стегнавме и се мотивиравме дупло повеќе, и навистина работевме да го промениме тоа. Затоа сега, муабетот е спротивен. Заклучок: голем број на членови обожаваат да се жалат. Само администрацијата знае точно колку се работи околу одржувањето на форумот, и воедно, да се зачува почитувањето на правилата. Знам, знам, некој ќе рече и тоа е недоволно. Сепак, имате само неколку делчиња од сложувалката. Би било убаво кога енергијата и времето која ја трошите во одреден момент на конфликт, би ја насочиле кон нешто што би допринело за форумот. Ова го мислам општо, за сите.