Фан Клуб: Челси

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Ама Slims, Рафа е, да го цитирам Nighty, „еден од најголемите и најискусни тактичари во модерниот фудбал“.

Убаво го пиша ова. ;)
Еден од најголемите и најискусни тактичари е.
Какви резултати носат тие, тактиките, е сосема друга тема, иако „имам чувство“ дека токму ради резултатите бев полу-цинично тагнат.

EDIT: Патем, Рафа беше тренер и на Интер, клубот за кој „душа давам.“ Имаше доста неуспешно „полугодие“, што воопшто не го смени моето мислење за него. Човекот е тактичар, еден од ретките со својот специфичен стил, и дел од грешките потекнуваат токму од таквата негова природа. Секој човек што е упатен во фудбалот го знае тоа. :)
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Nighty, не го напишав јас тоа, туку ти. Јас само те цитирав. Тактичар е, се гледа, а дали е „голем“ и „искусен“, тоа покажуваат баш резултатите.

Дали размислил тој некогаш дека треба тој да се прилагоди на тимот, а не 20 души да се прилагодуваат на него? Баш специфичен стил има, затоа се тепаа за него клубовиве... Ова не го знае секој што е упатен во фудбалот, само одредени личности. (wave)
 

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Рафа е, „еден од најголемите и најискусни тактичари во модерниот фудбал“
Можеби поради причината што шпанскиот фудбал е сега во мода, па луѓето доаѓаат до оваа заблуда. :D

Еден од најголемите и најискусни тактичари е.
Со тактичар можам да се согласам, но со подвлеченото не. Големите тактичари не се потпираат упорно на своја идеолошка тактика и кога гледа дека цел тим (не зборам само за Челси) пропаѓа со неа, туку измислуваат нови начини што им одговаарат на стиловите на сите фудбалери (не само на два-тројца) за да го издигнат клубот на врвот.
Ако успее некогаш Рафа во тоа, ќе се согласам целосно со тебе. :)
Човекот е тактичар, еден од ретките со својот специфичен стил, и дел од грешките потекнуваат токму од таквата негова природа. Секој човек што е упатен во фудбалот го знае тоа. :)
Точно, но исто така и секој упатен менаџер треба да знае да направи конкретна измена во вистинско време.
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Мое мислење е дека чичкото си живее во заблуда, поради тоа што со Валенсија двапати се искачи на врвот, со еден сосема солиден (но не и најјак) тим, покрај гиганти како Барса, и тогаш Реал, нели. Истовремено, тука е и титулата со Ливерпул, што беше 75% среќа, 25% негово влијание, но повторно, Лпул беше далеку од најјакиот тим во ЛШ таа година. На тоа додајте го и (според него) успехот со освоената светска клупска титула со Интер (иако противниците беа шкљ) и имате еден тренер кој ги освоил најважните трофеи. Со тоа, паралелно расте и неговата самодоверба и држење до неговите тактички замисли.
Работата е што фудбалот наголемо се менува; неговите тактики не.
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Немојте да мислите дека ако ме нема на темава го имам запоставено Челзи, едноставно немам желба да пишувам се` додека бурето е на тренерската позиција.
Ама ми текна една теорија. Изгледа Роман имат некој психички проблем, јас така мислам.
1. Не му го продолжува договорот на Лампард.
2. Бенитез е се` уште тренер на Челзи.
3. Торес е нашиот единствен класичен напаѓач.
Ај ако ги занемерам 1 и 3, ама 2 препознатливост на Челзи е ако нешто не ојт во тимот да се сменит тренерот. Дефинитивно нешто не е во ред со газдава, магија или болест нешто е во прашање набрзо ќе дознаеме.
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Мариииииииииииииииин (inlove) само 30тина секунди му требаа за да даде гол. :igra

Френк 198 Лампард. Уште 5 гола ииии прв на листата. :wavespin


Хулк Хоган предвиде дека утакмицата ќе заврши 40 - 1 ... Па само една нула згреши. :D


Едит: Де Брујн го заборавив, денес имаше асистенција и гол. :sreken


Едит 2: MACEDONIAN BLUES !

555766_10151413514389614_181305453_n.jpg
 

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Том Хенинг Овребо поради успешното психичко прежувување по сторената смртна грешка, се решил своето искуство во шок терапии да им го пренесе на други, па одлучил да биде психолог на Норвежаните во бијатлон.
(facepalm)
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Нигерија ја освои шампионската титула на Африканскиот куп на нации. Микел е избран за играч на натпреварот во финалето, Мозес за најфер играч и во финалето и општо во целото натпреварување. (party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник