Еден кретенски муштерија денес на работа
Глеа дека пливаме со работа и таков напет уште ми доаѓа до внатре да нарача, ја со два ајнцери у мене и ми кажуе уште шо сака, викам: "извинете ќе дојдам за 2 секунди надвор", "ама чекаме веќе 15 мин"... И отидов надвор си послужив масите и таков: "девојче да не послужиш може, чекаме веќе 15 минути, викам: "извинете ама жените што седеа тука само што станаа така да нема шанси 15 минути да чекаш", вика: "е чекам, види цела цигара испушев дур доеш да нарачам" и ја ни две ни три: "ја ко шо знам цигара за 3 минути сге пуши највеќе а не за 15" и се кара се дере тука пред сите, пред цела тераса "ама ти не ми кажувај колку време се пуши цигара, треба да не послужиш, на шо личи ова, викни го шефот одма", и ја таква "нема да те послужам а шефот еве ти го повели", и го викнав, се расправаше он со нив и после колешката ги послужи, абе ајдеееее бегај таму, он мене мангуп ќе ми се праи па уште и ќе ми се дере тука, ќе ми урла... Сељак засељачен