Според кој критериум ја избравте/ќе ја изберете професијата?

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
122
мојата професија за жал е избрана од моите родители, како што имам напишано и во други теми, добро знам дека после со тој факс ќе имам каде да работам и дека ќе зимам солидна плата, па здравје од кога ќе си соберам пари јас, тогаш ќе одам на факултетот што јас го сакав, и ќе го завршам и тој :D или пак може со правниот да се надоградувам и да станам и другата професија која што сум ја посакувала :giggle
Welcome to the club. Знам еден куп луѓе што го одбрале правниот а не ги влечело правото, вклучувајќи ме и мене.
Па можда е и тоа рационалениот избор во целата ситуација. Можда во држава со 30+ посто невработеност го немаш тој луксуз да одбереш тоа што те влече и да се надеваш деке еден ден од никаде, така магично, ќе успееш да најдеш работа.
Така да, критериумот е едноставен: можности за вработување + можност за заработка итн...
Реално брате :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Welcome to the club. Знам еден куп луѓе што го одбрале правниот а не ги влечело правото, вклучувајќи ме и мене.
Па можда е и тоа рационалениот избор во целата ситуација. Можда во држава со 30+ посто невработеност го немаш тој луксуз да одбереш тоа што те влече и да се надеваш деке еден ден од никаде, така магично, ќе успееш да најдеш работа.
Така да, критериумот е едноставен: можности за вработување + можност за заработка итн...
Реално брате :)
така е, ајде барем од една страна ни со поголеми шансите да си најдеме некоја работа понатака ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The High Commander

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Средно економско завршив,но немав некоја желба за продолжување на економски,па затоа запишав јазик кој ми овозможи да излезам од Мк,да запознаам нова култура,ми овозможи искуство во чување и работа со деца.
Би сакала во иднина да работам по професија,тоа ме исполнува и ми дава позитивна енергија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Искрено, сега на овие години размислувам од тој аспект да она што ќе го работам ќе биде она во што уживам и со задоволство го работам.Но како што поминува времево свесна сум дека всушност и немаме многу избор подоцна кога основната цел ќе ни биде заработката.
Ако бирам тоа што сакам, тогаш тоа ќе биде нешто поврзано со економијата и маркетингот, се' што е од таа област и во кое што е застапено комуницирање со други луѓе и јавни говори, презентации.Тоа е она во што уживам и во кое што гледам перспектива и ем задоволство ем пари, и ќе се борам за тоа во животов секогаш, но никој не може да знае, на крај ако дојде до тоа да немам друг избор ќе го работам она што ќе ми носи пари, сепак задоволството ќе го најдиш и на друго место ама парите не паѓаат од небо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Kalino.Mome

Полноправен Член
29 декември 2012
53
78
18
Јас го одбрав факултетот по принципот рационално над емоционално. Имав премногу идеи, таа што најмногу ме привлекуваше ја отфрлив зашто многу тешко би нашла работа. Се одлучив за втората опција која нешто помалку ми се допаѓа, но со поголеми шанси за вработување.
Сега за сега не ми е лошо, зашто сепак имам извесни афинитети за овој факултет, а и учењето ми оди лесно. Ако случајно во иднина забележам дека сум направила лош избор ќе се обидам да ја поправам грешката на постдипломски.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Не знам од кога ја избрав својата професија, мислам дека од кога паметам за себе знаев . Парите ниту тогаш ниту сега не ми значат, некогаш велам и би плаќала да го работам истото. Можеби се граничи со лудост но сум среќна, имам посебен сјај во очите кога работам и тоа се забележува.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не знам од кога ја избрав својата професија, мислам дека од кога паметам за себе знаев . Парите ниту тогаш ниту сега не ми значат, некогаш велам и би плаќала да го работам истото. Можеби се граничи со лудост но сум среќна, имам посебен сјај во очите кога работам и тоа се забележува.


Случајно да не ти е професијата - заварувач!?
 

Special

Истакнат Член
22 август 2013
47
19
108
Одговарам за помалечките.
Реално денес ретко на кој ќе му се пружи можност да ја избере работата т.е денес и нема многу да се бира што сакаме да работиме,туку она што ќе ти се понуди ќе го искористиш или не.Гледајќи од моја гледна точка би сакала да ја работам професијата според мојата желба,онаа работа која ќе ме исполнува,но во еден момент кога ќе размислам сваќам дека со тек на време и тоа ќе се смени,нема да биде како почетокот а парите се секогаш потребни.Убави моменти може да има секаде без разлика дали таа работа е по твоја желба или не,ако се внесе малку позитивност и посветеност работите ќе си дојдат на свое место.Имам уште време пред да одлучам за мојата професија но доколку финансиски сум добро опремена би ја работела онаа работа што ме исполнува без разлика дали ќе бидам платена или не,до има и друга можност која има поголем процент да биде точна,а таа е доколку ми требаат повеќе пари би ја работела онаа работа каде што се нудат подобри можности.

П.С без разлика колку ќе ми биде платата ако на работното место не бидам доволно ценета како личност која се ангажира за својата професија дефинитивно би ја напуштила.