Секти (генерална дискусија)

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Во една од темиве низ форумов, наидов на мислења и двоумења околу прашањето „Што е тоа секта?“, па ја отворам темава со цел поопширно да се запознаеме со овој поим.

(преземено ми е од сопствено мислење од друг форум, да не дојде до забуни)
По некоја народска логика и размислување, при самото спомнување на поимот „секта“, се добива слика за нешто сатанистичко, ужасно и штетно за човекот и Богољубието.
Но, секта не е по дифолт сатанистичка суб-групација која има за цел да создава хаос, жртвува луѓе и животни, а потоа да ја пие нивната крв. Првенствено, најголемиот број секти се со религиска позадина (captain obvious) и се темелат на Библијата, но поради сфаќањата во одредена околина, зафатиле некоја девијација и вметнале некоја филозофска основа, па од таа нивна „непокорност кон единствените Божји правила“, се отфрлени од црквата.
Всушност, самиот збор sectа значи „следење“, нешто што е својствено за сите религии.
Секако, постојат и оние „поопасни“ т.е. помрачни секти од горенаведените, но (посебно) за нив се знаат многу малку информации, со оглед на тоа што обично истите се организираат и дејствуваат тајно.

Какво влијание имаат овие движења врз народот? Што би можело да натера еден човек да се сврти кон ваква организација? Желба? Пронаоѓање себеси во идеологијата? Притисок? Безизлезен очај?
Колку сте вие запознаени со сектите и нивните обичаи?
Дали познавате некои кои се застапени во Македонија? Ако да, кои?

Доколку се развие пообемна дискусија околу некоја специфично, ќе ја отвориме во нова тема.
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Како што реков на СДК, секта е религија со недоволно членови за да биде сметана за религија. Христијанството на пример, има околу 40 илјади различни деноминации. Исламот има многу помалку зошто они немаат гајле, сечат глави без пардон.

Секташ е пејоративен термин со кој се етикетираат оние кои припаѓаат во некоја деноминација со малку поразлични верувања од таа на мнозинството. Еден од начините преку кој си ја задржуваат моќта е измислување прикаски за наводни секташки самоубиства и сатански ритуали, односно демонизирање на самите секти ("Не забегувај синко во секти"). Секоја религија започнала како секта, се додека не со здобила со доволен број припадници за да стане мејнстрим религија (верски хипстеризам). Од аспект на православието, протестантите се секташи, од аспект на католицизмот, православните се секташи.

Комедии...
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Ммммм , па според мене во последно време си наддадоа многу повеќе прва отколку што имаа , истото важи и за во МКД (позната ми е само "Бела Роза" - морам да признаам дека се згрозив од помислата кога дознав како функционира таа секта) каде што искрено не очекував до толку , слушам ,раскажуваат за насилно зачленување во некоја секта ,но сепак јас мислам дека ако јас несакам никој неможе да ме натера но мислам и дека многу од нив се зачленети во период од пијанство ,што значи без 2 чисти во главата се зачленуваат во некои секти а потоа се жалат и бегаат,даваат изјави по весници,на интернет , на ТВ и слично ...
(што немора да значи ,затоа што ако некој се согласува со верувањата на група луѓе може и доброволно да си се зачлени,секако ) :)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Секта е религиозна група на луѓе со посебна филозофија и правила за живеење. Најчесто имаат некаква цел. Еднаш гледав емисија посветена токму за овие групи кои завршија со трагичен крај. Самоубиства и убиства поради верување дека светот завршува на тој и тој ден.

Гледав емисија и за еден, кој откако се разочарал дека девојка му која била трудна со негово дете го оставила, тој решил да се претставува како да го слуша гласот на господ, или пак дека самиот е Исус, заборавив точно како беше. Битно успеа да изманипулира стотици луѓе, да ги натера да го следат во неговата филозофија, и тоа со прост начин: еве го господ така ми вика дека така треба да биде. Така, натера 16 годишна девојка да му биде жена и да има деца со неа. Потоа, почна да ги манипулира другарите земајќи им ги жените, бидејќи така требало да биде. Направи еден куп деца и уништи еден куп животи. После ако се сеќавам добро, некои почнале да мислат дека тоа што го прави е лошо, се освестиле, почнале да шират гласини за сектава и полиција го уапси, или проба да го уапси па овој се самоуби. Одамна ја гледав емисијава.

Така да, мислам дека сектите успеаваат да го изманипулираат човекот и да го натераат да им се придружи. Можеби наоѓаат послаби и полесни за манипулирање. Можеби им нудат нешто, без разлика дали е материјално (језда не верувам) или духовно.

Иначе, пред 3/4 години брат ми кога учеше на факс за секти, запамтив дека (тогаш) имало во Македонија 27 (!) официјално прифатени секти од државата.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Електра, ти си моја секта.
Нема врска, секта ти се гомила копиљаци што се собрале под некое дрво, запалиле 2-3 свеќи, си прават бајрам со умот и навечер си раскажуваат страшни приказни (исто како извидници, само овие не се во планина).
Е сега пошто тие се луѓе без никаква идеа за иднина , лесно паѓаат во депресии и се самоубиваат од досада, и после народот вика: ееее секташ, огнот да го изгорит, убо шо се отепа, ќути не го знаевме, можеше и нас на душа да не земит...тоа ти е бабински муабет а гледам и помладите го практикуваат односно слушаат постари.
Јас лично не сум налетал на овие сективе, само еднаш така на времето кога ми вртеа бубачките во глава и бев немирното дечиште Хуго, покрај црквана свети Климент налетав на еден јеховин сведок (ако се бројат и тие..ако се важит) и нешо ми расправаше ти си верник чедо да дојдиш кај нас, и некои молитви нешо кажуваше- оче наш што си на небеса и слично, и му реков абе фати патот таму мафними се со се очето твое не биди напорен, и тој пак нешо мрмљаше, и му реков бате ти се разбираш со збор али на поселски начин да ти објаснам...и ми рече дека тие не смееле да се тепаат, иако јас сум го предизвикал. Тогаш не го поверував, мислев дека му е страф, ама после еден друг пријател шо има одено таму ми објасна дека тие не се тепале шо сакаш да им прајш ќе си седеле....абе смешности.
Иначе овој досаден, само зборвит нешо глупости ко навиен, а не сакат да се тепат...како машка п***а или боки тринајсет би ги нарекол.
 

Lovely*-*

Староседелец
27 мај 2012
230
164
1,043
34
Ohrid
kimmyqueen98.tumblr.com
Моногу ме интересира што е секта, како функционира... Од многумина имам слушнато за секти, неколку млади девојчиња се имаат самоубиено од тие секти и се таки работи... :(
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Ајде Хептаграм и Abraxas навалете на тему : ) Или тој такфо телема, не е секта ? : )
Чуја сам за црну ружу, мноо била опасна
Ваљда секта е непризнаена религија или некое нелегално движење
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and JaMi

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Како што сите не мрзи да одиме на работа и школо, така и секташите ги мрзи да функционираат во една заедница. Јас искрено и не верувам дека во Македонија има некое такво движење, освен ако не се некој наложени дечурлии. :D
Ако нема профит обично и таквите мини-институции не функционираат според мене. Е сега, дали е сектата илегална, јас сметам дека не, воопшто, бидејќи има такви мали организации кој шират и мирољубиви пораки и делат книгички со позитивни пишании. :rofl
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Lovely*-*, темата беше веќе постоечка, па само ги споив двете. :)
Кој има информации, пукајте, само држете се до темата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lovely*-*