Мое лично мислење е дека младите девојки го земаат приматот кога е во прашање конзумирањето алкохол.Што мислите вие?
Едит:
Во медиумите секојдневно можеме да прочитаме за труење со алкохол на малолетници и мислења на стручни лица дека се помала е возраста на младите кои конзумираат алкохол и дека загрижува фактот што се повеќе девојчиња можат да се сретнат во алкохолизирана состојба.Јавна тајна е дека малолетничка може да испие и по неколку чаши алкохол за краток период.Ваквата појава загрижува и опоменува.Лично сметам дека алармот е запален и дека возрасните треба да поведат малку повеќе сметка за однесувањето на младите и секако,на девојките.Дали го делите моето мислење?

.Е,тие стварно неможам да ги разберам.Иако,и јас спаѓам во таа младина (не сум помала од 15) јас би рекла дека девојчињата се пијанчат поради следниве причини: да се покажат пред машкиот пол,такво му е друштвото,родителите.Ако родителот е пијаница тогаш и кај детето има поголема веројатност да стане пијаница.Искрено,мене од дома ми велат пробај напиј се само немој да се правиш да ти се смее народот.Една чашка,јадење и доста е.Си имам поставено своја граница до кај треба да одам и нема лево-десно.Строго се држам на тоа што сум го рекла.Мене,би ми било страв и срам татко ми да ме види во токсикологија,неможам едноставно.