Абе едно е пишување на мислења, тоа не пречи, друго е што во последно време се отвараат премногу слични теми со старите. И не, не ja опфаќа ова само Badgirl која колку толку си прашува дали има такви теми, туку има еден кум скоро зачленети па и староседелци на форумот кои отвараат Играчница теми. Да бидеме реални што е многу многу е. Сфаќам дека местово е за разонода, впрочем изобилува и од такви теми, но сеа да се отвараат нови со слична ако не и идентична конотација, поготово каде не потегнува ни милиметар од сивата маса, тогаш која разонода е тоа. Да земе некој антиталент на хартија да шкраба и да си го пласира своето дело на Deviant art ќе има поголема уметничка смисла него ова. Претерано е и чак што више дегутантно е за оние што се тука да развијат повеќе дискусија околу некои побитни работи. Ќе викате „ајде бе почни ти“. Колку пати сум се обидел и пак некоја тема со „Што би му направил на членот ако (рандом глагол,е индиректен предмет/директен предмет/подмет)“. Имам чувство дека сум во градинка и околу мене дечиња скокаат. Шо не е лошо ама не долкикува на еден малку посериозен форум. Некој пиша И така постанавме гламстик. Е па видете ја реалноста - Гламстик е пример за подсмевање, начин на форум како не би требало да функционира.