СДК доста бе , што ви е на сите што му се нафрливте на девојчето? И вие некогаш сте биле почетници и сте пишувале по 55677 мислења во ден. Треба да се радуваме што имаме активни членови,а не некој се зачленил во Март а има 10 мислења до денес.
а татковците за во џубре да не се?!Убав празник е денес, а уште поубав е утре.
Одсабајле не ме разбудија коледарчиња се разочарав, но најверојатно поради дождот, но сепак дојдоа неколку и ме потсетија како до пред некоја година и јас станував рано наутро возбудена и подготвена за долг поход до комшиските куќи, па кога ќе ти се наполнеше торбичката ќе се вратиш назад ќе ја испразниш, па пак назад и така неуморно.Знам ден два пред коледе ќе се соберевме и ќе почневме да спремаме стратегии, од каде ќе почнеме, па каде да не одиме зошто минатата година не избркале, па во колку ќе се чекаме, ама да не е касно, па тука започнуваат дискусии, времиња беа тоа.И на крај кога веќе не ве држат нозете ќе дојдете дома па возбудено ќе гледате какви бонбончиња имате, па колку парички имате, па ако и има некое чоколатце, радости.Мајка ми денеска ги чекаше подготвена од рано наутро со радост во очите, но за жал не дојдоа многу коледарчиња, па за да ја израдувам и јас и запеав, а таа пееше со мене.Мама, голем збор, кажан со многу љубов.Таа денеска направи ручек, таа го направи прекрасното лепче со паричка кое беше толку вкусно, и морам да признаам без мама не би било тоа тоа, ти благодарам што постоиш мамо!
А вие имајте убави празници и сакајте си ги мајките, тие се секогаш наклонети кон вас со многу љубов и уживајте во топлата домашна атмосфера
Да не беше мајка ми дома .. јас ќе го правев тоа вака .. таа си работиа татковците за во џубре да не се?!
епа кај мене татко ми прави пита и ја меси погачката со париче...
те сакам тато
ајде бе доста па ти ,остави го девојчето нека си постира и нека си пишува мислењаАПЕЛ до Badgirl
Дејче, ја разбирам дека ти е ултра-интересно на форумов, ама не мора последните 10 страни во „Што има ново?“ да ни бидат со теми во кои последното мислење е твое. Денес колку што имам нотификации у цела година заедно не ми стигнаа. Намали малку.
Ma да нисам био 18 година .. отишо биПосле само 4 часа спиење ме разбудија коледарите уште во 6. Да да. ВО 6 САБАЈЛЕ! Једна тура, друга тура... и така 5 пати ни запеаја на врата... до 9 часот.. дури да се изморат де. Преспав еден час или два, изгледав два филма и ме фати божиќно расположение. И сега сфаќам. Се е на свое место, се е онака како што треба да биде. Некои луѓе влегуваат со причина во нашите животи.
Единствено жал ми е што повеќето деца не отидоа на Коледе утринава. Пуста глупост. Срам? Од што? Дека ќе се смеат другите? На што? На вековната традиција од прапрапрапрапрапрадедовците? Или тоа што сте премногу “МОДЕРНИ“, да не речам глупи, е причината. Не знам.
Енивејс, СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!
П.С. И вечер да се пофалите кај кого се паднала паричката
И јас ќе отидев без разлика на моите години, ама немаше дома кој да стои на врата и да дели храна на коледарчињата. Sir, you made my dayMa да нисам био 18 година .. отишо би