Хакерската група „Анонимуси“ се закани дека в сабота на 31 март целосно ќе го запре интернетот во „Операцијата затемнување“, која на форумите предизвика бројни дебати дали е можно да се изведе такво нешто.
Хакерската група, која е формирана во 2008 година онеспособи бројни сајтови, тврди дека ќе ги блокира Системот на имиња на домејните (ДНС).
Британскиот експерт и професор Алан Вудворд наведува дека ако тоа и успее ќе биде соборен „телефонскиот именик на целиот интернет“, кој веб-адресите ги претвора во така наречениот интернет протокол, и на тој начин интернетот ќе стане бескорисен.
Други тврдат оти тоа е можно да се изведе ако на највисоко ниво на ДНС се изведе напад така што интернет серверот се оптовари со толку барања да не биде во состојба да одговори на легитимните барања, што потоа би се пренело на целата мрежа. Тоа може да се постигне, ако хакерите користат туѓи компјутери, кои со помош на вирус би ги претвориле во „роботи за испраќање на барања“, при што сопствениците на компјутерите не би биле свесни за тоа.
Истата техника е користена на крајот од февруари кога е спречен пристапот до страницата на Интерпол. Но, останува прашањето, дали е можно да се користат слични постапки за да се сопре целиот интернет.
Извор: zdravo.com.mk