Љубов преку интернет

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Сакаш да кажеш дека ако запознаеш некоја девојка преку фејсбук,ако ти се засвиѓа дека нема да излезеш со неа?


Искрено, немам пријатели на Фејсбук кои не ги познавам лично, освен 1-2 од форумот, и никогаш не сум правел муабет со некоја што не ја знам, на таква тема на социјални мрежи. Вистина е. Можеби сум чуден, и јас како што викам старомоден, ама си имам свои принципи кои ги почитувам самиот.

И поконктрено да ти одговорам на прашањето, нема да излезам со девојка која ја познавам само од Фејсбук.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Искрено, немам пријатели на Фејсбук кои не ги познавам лично, освен 1-2 од форумот, и никогаш не сум правел муабет со некоја што не ја знам, на таква тема на социјални мрежи. Вистина е. Можеби сум чуден, и јас како што викам старомоден, ама си имам свои принципи кои ги почитувам самиот.

И поконктрено да ти одговорам на прашањето, нема да излезам со девојка која ја познавам само од Фејсбук.

Никогаш, не викај никогаш.
Уште утре една промена може да ти чукне на врата... :svirka
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Mila Kunis ти ккао модератор,можеш и нова тема да отвориш со мислењава, дискусијава има изгледи да стане интересна и опширна : ))
Мислам дека веќе има слична тема,ама не ми е проблем да отворам нова па да се спојат после :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Никогаш, не викај никогаш.
Уште утре една промена може да ти чукне на врата... :svirka


Може, не велам - НЕ. Ама барем до сега си се приджувам кон моите принципи.
Иако не го менувам мислењето, сепак може да се случи многу обратна ситуација од ова што го зборам сега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сакаш да кажеш дека ако запознаеш некоја девојка преку фејсбук,ако ти се засвиѓа дека нема да излезеш со неа?
Јас би одговорил на ова иако не е посочено кон мене. А тоа е дека фејсот и сите социјални профили се слика и прилика на она што ние сакаме да го прикажеме а не она што навистина не` прикажува. ИСто на фејсот многу лесно и брзо може да се задоволи странката со тоа што ќе прелета и ќе го согледа сето она што личноста сака да го прикаже. Значи, тука не само што постои лажна претстава, туку и таа може многу лесно да го засити оној кој е заинтересиран. Од друга страна, неизвесноста и непознавањето доволно на некоја личност во живо, ќе поттикне желба за конверзација и запознавање на објектот.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Искрено, немам пријатели на Фејсбук кои не ги познавам лично, освен 1-2 од форумот, и никогаш не сум правел муабет со некоја што не ја знам, на таква тема на социјални мрежи. Вистина е. Можеби сум чуден, и јас како што викам старомоден, ама си имам свои принципи кои ги почитувам самиот.

И поконктрено да ти одговорам на прашањето, нема да излезам со девојка која ја познавам само од Фејсбук.
Ако те аддне некоја,те видела на некоја журка,си стиснал дека ќе присуствуваш на некој настан? значи нема ни да ја прифатиш,а не па муабет да почнеш,а не па да искочиш?
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Јас би одговорил на ова иако не е посочено кон мене. А тоа е дека фејсот и сите социјални профили се слика и прилика на она што ние сакаме да го прикажеме а не она што навистина не` прикажува. ИСто на фејсот многу лесно и брзо може да се задоволи странката со тоа што ќе прелета и ќе го согледа сето она што личноста сака да го прикаже. Значи, тука не само што постои лажна претстава, туку и таа може многу лесно да го засити оној кој е заинтересиран. Од друга страна, неизвесноста и непознавањето доволно на некоја личност во живо, ќе поттикне желба за конверзација и запознавање на објектот.
Тоа точно дека секој може што сака да си сервира на фејсбук или некоја друга социјална мрежа и како сака да се претстави,па затоа и мислам дека тука ќе проработи љубопитноста и ќе посакаш во живо да ја видиш личноста што стои од другата страна на мониторот,да го запознаеш нејзиниот физички изглед(бидејќи постои фотошоп за „шминкање слики) да го запознаеш начинот на кој се изразува и како размислува,сепак не е исто кога си пред компјутер и кога си во живо со личноста,преку интернет не можеш да ги видиш фаците што ги прави,како реагира на одредена тема или пак да ја чуеш бојата на гласот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Ако те аддне некоја,те видела на некоја журка,си стиснал дека ќе присуствуваш на некој настан? значи нема ни да ја прифатиш,а не па муабет да почнеш,а не па да искочиш?

Точно. Нема да ја прифатам, како што и до сега не сум прифаќал некој/а што не ја познавам. Така да со овој одговор невозможно е да се одговорат вашите наредни две прашања. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Тоа точно дека секој може што сака да си сервира на фејсбук или некоја друга социјална мрежа и како сака да се претстави,па затоа и мислам дека тука ќе проработи љубопитноста и ќе посакаш во живо да ја видиш личноста што стои од другата страна на мониторот,да го запознаеш нејзиниот физички изглед(бидејќи постои фотошоп за „шминкање слики) да го запознаеш начинот на кој се изразува и како размислува,сепак не е исто кога си пред компјутер и кога си во живо со личноста,преку интернет не можеш да ги видиш фаците што ги прави,како реагира на одредена тема или пак да ја чуеш бојата на гласот.
Но реалниот живот сепак е прифаќање на тие фаци што ги прави позади интернет нели? Затоа што полошо е да се разочара човекот после толку пласирање на идеалното во мислите, наеднаш по толку време *бум! реалност која води кон негирање на сето она што го имал изградено предтоа. Додека во живо работите се поспонтани и побавни. Но сепак чекор по чекор, се гради реалната слика на оноа како чичноста изгледа во живо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis