Минато или иднина?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Што би сакале повеке,да се вратите во минатото или да живеете одејки напред кон иднината?
Сакате ли да можете да си ја знаете својата иднина однапред?
Обично се плашиме од иднината.
Зошто?
Зошто би одбрале да се вратите во минатото?

Да одговараме без да пишуваме дека ја одбираме сегашноста како опција.

Но без минатото пак неможе да имаме иднина.
Секоја ситница од минатото има удел во нашата иднина.Секоја наша постапка ја гради нашата иднина.
Минатото е насекаде околу нас,неможеме да побегнеме од него,јас не сакам.Во него имам ситници и драги личности кои сакам да ги чувам во срцето,денеска па и во иднина,засекогаш..
 

AnaMi

Полноправен Член
4 октомври 2012
65
84
18
Па дефинитивно не би се вратила во минатото:nah, не дека таму нема лучности кои ми се мили ама сепак чим останале во минатото таму се со некоја причина ... за да го живеам повторно истото не..иднината носи нови моменти..ситуации... времето не стои да не чека ние да направиме нешто...секако дека тука е иднината...не се плашам ни да ја знам..што треба да дојде тоа секако ке дојде и ке помине...најмалку е дали ние ќе го знаеме тоа..битно е како ке се справиме со нештата кои не очекуваат....:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Дефинитивно иднина.
Поим немам што ме чека таму некаде на крајот на виножитото ама сакам да дознаам. Секој ден живеам со помисла дека денес ќе се случи нешто поразлично од вчера, и дека денес треба да направам многу работи слични а различни од вчерашните, работи кои полека го цртаат мојот патоказ за во иднина.
Што се однесува на стравот, да се плашам од иднината ама само во оној дел во кој отворено има простор личностите кои ми се драги и кои денес се до мене тогаш да не бидат... само таков страв...
И мислам оние кои имаат желба да се вртатат во минатото се луѓе коои сосема не го преболеле својот живот, ниту го пуштиле минтото да си оди таму каде што припаѓа. Не сакам да навредам некој, но тоа е психичка состојба која треба да се третира. Секој здраво развиен човек цели кон иднината, кон подобра иднина пред се.

И сосема се сложувам со melpomena [quote="melpomena, post: 170795, member: 613"

Но без минатото пак неможе да имаме иднина.
Секоја ситница од минатото има удел во нашата иднина.Секоја наша постапка ја гради нашата иднина.
Минатото е насекаде околу нас,неможеме да побегнеме од него,јас не сакам.Во него имам ситници и драги личности кои сакам да ги чувам во срцето,денеска па и во иднина,засекогаш..[/quote]
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Колку пати си имам кажано, камо да можам да се вратам на тие и тие години, ама со овој мозок. :giggle Чисто од зезаниција, ништо сериозно, би сакала да се вратам во минатото, да им е:cenzuraм матер на одредени личности.
Верувам дека повеќето помлади личности (15-35) би сакале да идат во иднината, затоа што имаат планови, очекувања, работи кои посакуваат да ги остварат, па поради тоа иднината е толку привлечна и посакувана. Со самото планирање на одредени работи, на некој начин сме обедени дека иднината ќе биде подобра.
Но ајде на 70/80 години здравје боже да видиме што ќе мислиме за ова прашање. :D
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
33
Western Sky, Land of Oz.
Јас би ја одбрала иднината, секако. Мислам дека секое живо суштество се плаши од непознатото па затоа и јас би чувствувала страв од иднината. Не би сакала да знам што ќе ми се случува низ животот зошто без разлика дали станува збор за добри или лоши работи, очекувањата ни го бојат животот, а ако се би знаеле, би било монотоно, дури ми нема и логика. Минатото нека си седи таму кај што си е, не рекле за џабе кога ти чука минатото на врата не му отварај - нема ништо ново да ти каже.
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
37
Скопје
Иднина... Не сакам да знам што ме чека и баш заради неизвесност бирам иднина, што би му дошло одговор на прашањето: Сакате ли да можете да си ја знаете својата иднина однапред? Не би се вратила во минатото за ништо од типот да исправам грешки или да му вратам на некој што ми згрешил од проста причина што ако го сменам минатото ќе ми се смени и иднината а нема потреба дополнително да ми се менува иднината.
 

elizabetta

Истакнат Член
8 септември 2012
236
382
63
Во минатото имам неколку преубави доживувања и понекогаш со носталгија се сеќавам на нив, но сепак сакам да си останат во минатото како преубави спомени на кои секогаш ќе се потсетувам.
Дефинитивно ја одбирам иднината. Не дека понекогаш не ме плаши непознатото, но работам на тоа работите да бидат подобри и некако оптимист сум во врска со мојата иднина :)
И несакам да знам ја знам иднината однапред. Нека биде изненадување...
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Но без минатото пак неможе да имаме иднина.
Секоја ситница од минатото има удел во нашата иднина.Секоја наша постапка ја гради нашата иднина.
Минатото е насекаде околу нас,неможеме да побегнеме од него,јас не сакам.Во него имам ситници и драги личности кои сакам да ги чувам во срцето,денеска па и во иднина,засекогаш..


...исто мислам...

Чудно е тоа што најлошиот момент што го имаме од минатото може да биде причина за најубавиот момент кој не чека во иднината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,033
9,657
1,683
Normandy
Како тоа викаат: Yesterday is history, tomorrow`s a mistery. Коа би бирај меѓу овие две, би избрал мистерија. Пошто се повеќе се адаптирам на неизвесноста, додека историјата ми е позната и води кон монотоност. Што не значи како професија да ми биде :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: elizabetta