СДК денов сеуште има тенденција да ми испадне по кеиф.
Колку само може човек што го познаваш неколку месеци подобро да те познава, одколку со тие што си со години.
Ќе бидам банирана само ако зуцнам за политика а?
Значи што ти се вика газда а, во секој момент да те музе како крава, и на крај треба да му речеш фала што воопшто му текнало да те музе. Како тоа. Ејјјј кај е за македонче приватизација. Ќе работиме за мизерна плата што колку и да ја тегнеш нема да ти стигне, ќе не рекламираат како ефтина работна сила и уште треба да бидеме благодарни. Значи како ноеви сме, со главата во земја. И после кукаме. Ако ни е, и тоа ни е малку.
Туку сакам да си се надоврзам на нашите "моди." Порано се знаеше да се покаже почит кон човек, а "ако не сте знаеле" сега е модерно на некого да му плескаш се во фаца. Со тоа си јак и имаш цврст карактер. Дали некогаш овие луѓе слушнале за домашно воспитување или пак само репер им се бедес фаци од фејсбук, не ми е јасно.Само да се глуми лудило. Продолжете вие само да се сликате во вециња, пред огледала, покрај надворешни врати и свиркајте си. Фали уште да видам некоја во бавча како се сликала.
Супер сте.
Пријатна вечер, форумџии.