А ви прпа, а?
Строго за. Сеа фали ме усто да те раскинам, ама ги полагав и ги положив со перцентијали од 96,99 и 93,78, што посебно ми беше драго за македонски, оти професорот цели 4 години маста ми ја вадеше од испрашување, бидејќи му се контрав. Имам анализирано и одговарано цели 45 минути + некои 10-15 од наредниот час, а на крај пак ми ставаше помала оценка од некои што со месеци не доаѓаа, а кога ќе дојдеа, одговараа на прашање у стил „Кој е авторот на Пиреј?“ за петка.
Ако знаете, нема што да ви е страв. Многу полесно е од регуларен, школски тест за полугодие, самиот одговор се содржи во прашањето, ко на изволте се ставени, само треба кликер да се снајде човек. Плус тоа ви е и добра шанса ако ви ускратуваат на оценки, да докажете дека знаете повеќе од некој што минувал со 5.00 со сите четири во вис.
Јес да тој може пак ќе фати врски и за екстерниве, ама барем тоа нема да е на сметка на намалување на вашата оценка со изговорот „Во секој клас мора да има од секоја оценка. Ако се сите исти, сигурно нешто не е во ред со професорот“, ко нашиве професори што се ваѓаа.