Атеизам (генерална дискусија)

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
Како што би рекол Stephen Hawking:
“The greatest enemy of knowledge is not ignorance, it is the illusion of knowledge.”

Во втората група од изрекава на Стефен повеќе би ги ставил Религиските фанатици.
Атеистите се инаку игнорамуси затоа што негираат нешто за кое не знаат или нешто за кое немаат доволно познавање, а тоа нешто во случајот е СЕБЕ СИ. А таквите особи се најчесто тврдокорни и имаат големО еГо.

За убивањето и недостатокот на љубов и разбирање кај луѓето, тоа е веќе показател за степенот на индивидуалната и колективната свест.
Ајде сега одговори ми ти - ако универзумот тежнее кон рамнотежа, тогаш кој ја создал/како се создала таа НЕрамнотежа (Биг Бенг-от) , настанувањето на материјата од енергијата (E=mc2)
како 1-во
за нешто да негираш треба добро да го познаваш....такада атеист сум да тргнувам од себе ја запознав религијата убаво и сватив дека е само перење на мозок ништо повеке и сеуште ја проучувам
и сигурен сум дека знам повеке од некој верници што се чукаат во гради
а за равенката ја има некој решено ???
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
„Традиционални“ верници го замислуваат Бог како стар дедо со бела коса и брада (веќе познато) кој ги казнува лошите и ги праќа во пеколот, додека ги наградува добрите за кои што чува место во рајот. Малку ќе искоментирам за двете најголеми религии во чие име се убиени илјадници луѓе, религии кои се промовирани и одржувани од добро познатите институции - Црквата и ИВЗ, институции кои поседуваат огромни површини земја, институции одржувани од луѓе кои безмилосно се богатат во името на „Бога“ и на сметка на рајата:
-Христијанство - Најголемите верници слепо веруваат во црквата и во библијата (книга напишана многу време после смртта на Исус од повеќе луѓе и менувана неколку пати), каде што сите знаеме дека има тешки глупости како во стариот така и во новиот завет.
-Ислам- Слично и за исламот, големите верници - муслимани исто така слепо веруваат во учењето на пророкот Мухамед кој инаку бил непримерен, лош човек кој убивал други луѓе. Исто така и нивната света книга „Чесниот к*р'aн“ , спротивно од учењето за мир, љубов и хармонија - повикува на убивање и на света војна.

Но, поимот Бог исто така постои и во источните филозофии ( Будизмот, Хиндуизмот), но нивните учители и следбеници за разлика од гореспоменатите верници на сосема поинаков начин го гледаат Бог. За нив Бог е бесконечна љубов, бесконечна радост, бескраен мир, бескрајна светлина, бескрајна енергија, бескрајна топлина, бескрајно сочувство, бескрајна сомилост. За нив Бог е сѐ . Бог е сѐприсутен, тој е во сите луѓе, во сите животни, во сите растенија. Бог е сѐ што постои околу нас, материјално и енергетски. Бог е универзумот, највисоката свест. Бог е енергија која „сакала“ да манифестира еден дел од неа преку материјата.
Источните филозофии и нивните учители како Буда, Кришна, Шри Чинмој и други, даваат одлични поуки за животот и нашето сѐвкупно постоење. Основната идеја овде е да се спознаеш себе си, да навлезеш длабоко во себе, да го сознаеш вистинското божествено ЈАС и да дознаеш дека сите сме една иста целина, дека нашата душа е дел од највозвишеното божествено постоење- врвната свест.

Значи, Атеистите комплетно ги разбирам зошто не веруваат во Бог. Нивното негирање и неверување во Бога е произлезено од гореспоменатите нелогичности и глупости од двете најголеми религии кај нас. (И јас исто порано бев атеист од истите причини.) Но не ги разбирам поради тоа што добар дел од нив негираат било какво постоење на „виша сила“, свест, енергија која е создавател на сѐ што постои. Таа виша сила и тие самите потсвесно знаат дека постои само што нивните игнорантност, тврдокорност и Его не им дозволуваат да веруваат во „такво нешто“ како духовност, свест, душа , нешто што не може да биде научно докажано (Па тогаш нека докажат дека НЕ постои!) . Па добро, не мора да го нарекуваат Бог (никој не ги тера со сила) :), но барем да се спознаат прво себе си и да почнат да размислуваат малку на повосоко ниво ;)

На крај на краиштата, секој има право на избор да верува или да не верува во нешто, независно од неговото (не)постоење.
Потполно се согласувам со твпоето мислење.
Не го замислувам Бог како стар дедо мегутоа како што наведе ти,за мене Бог е енергијата,љубовта,простувањето и сл..
Опишано е во библијата дека ако не веруваме ке патиме ке бидеме казнети...
Што се случува,во последно време???
Колку луге се несрќни и патат???
Се повеке луге заболуваат на болести како рак и слично???
Причината не е што не веруваат во Бог и Бог ги казнил,тукау самите себе се казнуваат,со тоа што патат,се јадат себеси затоа што некој друг има ,а тие не,работат до бесвест незадоволни од тоа што го имаат,сакајки повеке и повеке,
не си обрнуваат време на самите себеси,голтаат се во себе и тие негативни чувства кои се затворени во внатрешноста се покажуваат во форма на болест..
Само неможем да сфатам зошто децата патат??
Иначе се е логично,и библијата не ја сфакам буквално туку читам преку редови...
На пр.во библијата не ми се допага што пишува мора да му се подчинам на мажот..
Зошто,што може тој што јас неможам??
Значи некој ја обработил во своја корист...
Бог е енергијата,универзалната енергија и ние сме дел од таа енергија..во секој од нас постои таа енергија,значи дека во секој од нас постои Бог...
А библијата е само еден пат,исто како и куранот..
религиозните војни се водат ама баш за џабе,пошто постојат луге кои се нецивилизирани и не размислуваат туку слепо веруваат во некои наметнати верувања,многу од тие луге и се нешколувани така да тоа ти е..
Се нашол некој кој има корист од тоа се па ај сега религиозна војна..
Во ред е и да не веруваш,секој има право на избор,веке ја имавме темава..
Така да ок си е.се додека не почнеме да војуваме за вакви теми..Муслимани и христијани..глупости,кога сите сме едно....
ах и уште нешто..
За Исус..
Верувам дека Исус постоел и имал мок..
Верувам дека ја спознал таа енегија и знаел да ја искористи,и во денешно време се случува да има луге кои лечат и имаат таква мок во себе..
Исус бил за мене учител,спритуелен учител како и Буда..проповедал за љубовта,верата и надежда,за патењето љубомората и сл.исто како и Буда кој живеел пред Исус..и Исус ја нарекол таа енергија Бог,се нарекол син Божји..кога ке видиме сите ние сме деца на таа енергија,пошто постои во нас,само ние не ја спознаваме..спознајте се себеси и ке го спознаете отецот..јасно и гласно. Отецот е енергијата а не некој дедо..
Кај пишува дека Бог е дедо????
За Мохамед незнам многу,треба да го прочитам Коранот..
тоа е моето мислење:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Idiot and Ikac

Ikac

Истакнат Член
17 октомври 2012
27
23
103
37
А кој вика дека универзумот тежнее кон рамнотежа?

м = маса, не материја.

Гравитацијата како катализатор ја претвора масата во енергија. Односно, материјата не настанала од енергија, туку двете се различна манифестација на сосем исто нешто.

САЈМОН РЕЧЕ, воа де СЛБ_БОБО рече :)
Ikac,
Не може да ми кажеш дека универзумот е свесен. Не е свесен туку тежнее кон рамнотежа.

А и факт е тоа дека универзумот се стреми кон рамнотежа, навистина сѐ уште не е тотално урамнотежен, самото негово ширење (од самиот почеток) кон бесконечноста го манифестира тоа. И уште нешто - материјата е НЕстабилна форма на постоење на енергијата. Секоја материја се стреми кон распаѓање, само перидоот на полураспаѓање варира кај различни материи - од неколку секунди (гориво за нуклеарна фисија) па се до неколку милиони, милијарди години. (благородните метали)

И уште нешто, величината m секако дека е маса, а секоја материја има маса... ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and lolypop

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Еднаш го слушав Аба Едан, еден од поискусните и поразумни израелски дипломати и државници кога држеше говор во Њуjорк.Првото нешто што ми паѓа в очи кога станува збор за израелско-палестинскиот проблем,рече тој,е дека тој може да се реши.По таа привлечна изјава тој, со авторитет на поранешен министер за надворешни работи и претставник на ОН додаде дека суштинската поента е многу едноставна.Очигледно,решението е да се формираат две држави една покрај друга.На нешто толку очигледно бездруго се сетил некој!? така и би било, уште пред многу децении да не се замешаа месијанските рабини,мули и свештеници.Но ексклузивистичките тврдења на хитеричниот клир и од двете страни за правото дадено од бога,дополнително подгреани од христијаните кои веруваат во Армагедон и кои живеат во надеж дека ке предизвикаат апокалипса (пред која мора да дојде до смрт или до преобратување на сите Евреи) ја направија ситуацијата неподнослива и го направија човештвото заложник на кавгата која сега претставува и закана од нуклеарна војна. Религијата труе се.Не само што е непријател на цивилизацијата, таа е веќе и закана за човештвото. - Кристофер Хичинс "Господ не е Голем "
 

lolypop

Нов член
24 ноември 2012
6
2
1
Атеист не сум и би ви докажала дека Бог постои.Како прво сите веруваат едни дека постои други дека непостои.
Но и јас пред да поверувам дека постои имаше некоја натприродна сила која нонстоп кога ке направев некоја грешка ми велеше во себе дека тоа не е добро и дека тоа што го правам е ГРЕВ!
Односно,тоа е СВЕТИОТ ДУХ,кој преку совеста ни го кажува тоа!
Но,кој е тоа свети дух!?За да постои светиот дух мора да постои СВЕТОТО ТРОЈСТВО или со појасни зборови кажано Бог,Исус и Светиот Дух воедно.Библијата пак е напишана од многу луѓе но тие пишувале како што Бог ке им нареди а не тие како сакаат.(бидејки Бог рекол на едно место во Библијата ..И кој ке додаде нешто-ке биде казнет,и кој ке измени нешто-исто така ке биде казнет)ете затоа и не било само така кажано туку сите кои направија некаков грев беа казнети.Ако се запрашаме кој го создаде светот?Статуите?Иконите?света петка ?свети петар?свети незнам кој??? Одговорот е:НЕ,СВЕТОТ ГО СОЗДАДЕ БОГ! Ако за тие 6 дена бог го создаде светот и седмиот одмараше и кажа да го посветиме недела за ден на славење на Бог тогаш зошто никој не работи денес на овој ден?ете зошто бидејќи ден недела е посветен за салавење на Бог.Еве уште едно објаснување...Кога нешто лошо ќе ни се деси ние секогаш велиме Зошто Божеее?што згрешив?Боже ти си крив за сето ова!Но јас не мислам вака:..Зашто сите згрешија и се лишени од Божјата слава...ете еден стих од Библијата каде што Бог ни кажува дека тоа се е последица на гревот Бидејќи човек уште во утробата на својата мајка е грешен,нивните родители згрешиле..и нивните родители..и нивните..се до Адам и Ева бидејки гревот е НАСЛЕДНА БОЛЕСТ!И НЕ СЕ ЛЕКУВА АКО НЕ СЕ НАНОВОРОДИШ! А како?сигурно не да влезеш повторно во утробата на својата мајка туку да побараш од исус да дојде во твоето срце и да те очисти,т.е. да ти ги прости гревовите бидејки тој дојде на земјата и плати на крстот за моите и твоите грешки. СЕ НАДЕВАМ БАРЕМ МАЛКУ ОД МАЛКУ ВИ ОБЈАСНАВ ПОЗДРАВ И БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ!!!!(handshake):)
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Атеист не сум и би ви докажала дека Бог постои.Како прво сите веруваат едни дека постои други дека непостои.
Но и јас пред да поверувам дека постои имаше некоја натприродна сила која нонстоп кога ке направев некоја грешка ми велеше во себе дека тоа не е добро и дека тоа што го правам е ГРЕВ!
Односно,тоа е СВЕТИОТ ДУХ,кој преку совеста ни го кажува тоа!
Но,кој е тоа свети дух!?За да постои светиот дух мора да постои СВЕТОТО ТРОЈСТВО или со појасни зборови кажано Бог,Исус и Светиот Дух воедно.Библијата пак е напишана од многу луѓе но тие пишувале како што Бог ке им нареди а не тие како сакаат.(бидејки Бог рекол на едно место во Библијата ..И кој ке додаде нешто-ке биде казнет,и кој ке измени нешто-исто така ке биде казнет)ете затоа и не било само така кажано туку сите кои направија некаков грев беа казнети.Ако се запрашаме кој го создаде светот?Статуите?Иконите?света петка ?свети петар?свети незнам кој???Одговорот е:НЕ,СВЕТОТ ГО СОЗДАДЕ БОГ!Ако за тие 6 дена бог го создаде светот и седмиот одмараше и кажа да го посветиме недела за ден на славење на Бог тогаш зошто никој не работи денес на овој ден?ете зошто бидејќи ден недела е посветен за салавење на Бог.Еве уште едно објаснување...Кога нешто лошо ќе ни се деси ние секогаш велиме Зошто Божеее?што згрешив?Боже ти си крив за сето ова!Но јас не мислам вака:..Зашто сите згрешија и се лишени од Божјата слава...ете еден стих од Библијата каде што Бог ни кажува дека тоа се е последица на гревот Бидејќи човек уште во утробата на својата мајка е грешен,нивните родители згрешиле..и нивните родители..и нивните..се до Адам и Ева бидејки гревот е НАСЛЕДНА БОЛЕСТ!И НЕ СЕ ЛЕКУВА АКО НЕ СЕ НАНОВОРОДИШ!А како?сигурно не да влезеш повторно во утробата на својата мајка туку да побараш од исус да дојде во твоето срце и да те очисти,т.е. да ти ги прости гревовите бидејки тој дојде на земјата и плати на крстот за моите и твоите грешки.СЕ НАДЕВАМ БАРЕМ МАЛКУ ОД МАЛКУ ВИ ОБЈАСНАВ ПОЗДРАВ И БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ!!!!(handshake):)
Не, тоа ти е свеста, ништо повеќе.

Да бе, им се дерел еееееееј алоооооо вака ќе пишете, слушнавте ли бе алоооооооооооо ?

Не значи дека ти/твоите не работат денес, дека во цел свет не се работи. Моите работат секој ден, без пауза.

Ако ти викаш така, незначи дека сите викаат така.

Брее .. незнаев ваква болест дека постои. Мајката бе треба за лекар да те стават тебе на сите да им го кажеш ова, дека треба да се нановородиш, одма сите ќе одат да се убијат и ќе се родат наново.

Башка ако и родителите наши згрешиле, кога ќе се нановородиш (по твое), нема да се повтори истото? м?
Сигурен сум дека и ти си го замислуваш како дедо со бела брадичка и металски бастун. Ау чекај бе металот беше сатанско дело .. се извинувам .. обичен бастун. Ух бе го навредив -.-
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alekjov1234

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Зашто сите згрешија и се лишени од Божјата слава...ете еден стих од Библијата каде што Бог ни кажува дека тоа се е последица на гревот Бидејќи човек уште во утробата на својата мајка е грешен,нивните родители згрешиле..и нивните родители..и нивните..

А вака едно антрополошко прашање... Ако не "грешиме" како ќе се размножуваме? Заради тоа што не сме сите моми Марии па Светиот дух да не ополоди... Ако не грешиме светот ќе доживее апокалипса, мислам деца од 1во одделение го знаат ова.


се до Адам и Ева бидејки гревот е НАСЛЕДНА БОЛЕСТ!И НЕ СЕ ЛЕКУВА АКО НЕ СЕ НАНОВОРОДИШ!

Ај вака јас како љубител на хуманата генетика, ќе те замолам да ми објасниш како е наследна болест гревот. Мислам, како се пренесува, автосомно, рецесивно...? На кој хромозом е?

too-stupid-to-understand-science-try-religion-856499612-800x800.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

lolypop

Нов член
24 ноември 2012
6
2
1
Не, тоа ти е свеста, ништо повеќе.

Да бе, им се дерел еееееееј алоооооо вака ќе пишете, слушнавте ли бе алоооооооооооо ?

Не значи дека ти/твоите не работат денес, дека во цел свет не се работи. Моите работат секој ден, без пауза.

Ако ти викаш така, незначи дека сите викаат така.

Брее .. незнаев ваква болест дека постои. Мајката бе треба за лекар да те стават тебе на сите да им го кажеш ова, дека треба да се нановородиш, одма сите ќе одат да се убијат и ќе се родат наново.

Башка ако и родителите наши згрешиле, кога ќе се нановородиш (по твое), нема да се повтори истото? м?
Сигурен сум дека и ти си го замислуваш како дедо со бела брадичка и металски бастун. Ау чекај бе металот беше сатанско дело .. се извинувам .. обичен бастун. Ух бе го навредив -.-

1.Можеби ти велиш дека е свеста,но не е,бидејки што е поголемо од свеста и што владее повеке!?СВЕТИОТ ДУХ.
2.Им се дерел?првпат слушам!Тој израснал како сите нас бил нормално бебе тинејџер итн но тој немал нешто што ние го имаме тоа е гревот бидејки е син на безгрешниот Бог.
3.Незначи дека ако е еден против сто тој едниот греши ;)
4.Да постои.ако не си знаел сега знаеш!Мене ако ме стават лекар има и некој поголем од мене лекарот над лекарите.Треба да се родиш наново но не повторно да се вратиш во утробата на својата мајка туку преку светиот дух прочитај горе не напишав да се испоубијат.
5.Па ако си го предал веќе животот на Исус треба по божјите стандарди (заповеди) да се однесуваш.Не според една од 1-те Божји заповеди ние не треба да си го замислуваме Бог и да правиме слики.А за металот исто така првпат слушам но не се ни интересирам за сатаната бидејки го молам Бог да ја држи сатаната подалеку од мене.
 

alekjov1234

Староседелец
3 август 2012
138
48
1,028
And there you go ladies and gentleman... Кога разговарам со верник се чуствувам како да зборувам со ѕид, без разлика дали во живо или на форум. Предноста во живо е што ме гледа, ме прави будала, и на крај незнам кој кого повеќе истролал.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Јас ја чекам да ми објасни за гревот како наследна болест, баш ме заинтересира, ако ја докаже хипотезава одам на молекуларна биологија да се презапишам.