8 страни муабети, а едно мислење не видов корисно за тој што го напишал проблемот и побарал помош. Ова богами доволно кажува и за форумов, и за форумџиите.
Ајде те молам,па и ти си дел од тој форум,а исто така и лајкувачите на твојот пост,за кои сигурно со тоа што ке го испоплукаат целосно форумот и комплетите форумџии нема тоа да значи дека тие одскокнуваат само во позитива.
А како требаше да помогнеме,да и најдеме работа на девојката,па ако така се наогаше лесно работа немаше ни да се бара преку форуми.
За она дали мојата цел беше добронамерна или не,и дали имам пробано некому да си најде работа ако ги тагнам само ке се испофалам,мене ми е доволно само тие да си знаат и ке ги замолам да не го лајкнуваат овој пост за да ни на тој начин не се откријат.
Еве ке пробам и вака за помошта што ја бара
Шмекси
Доколку девојката се нафака да работи за таа дневница како келнерка,не би требало донекаде да и биде проблем да работи во друг град,и нудам работа во Гвг за поголема дневница,но бидејки ке треба да плака кирија дневницата ке и биде пак 500 денари,но ветувам дека нема никој да побара ништо од нејзе доколку таа сама не сака.
Ке биде веднаш осигурена,доколку ја помине обуката и добро се снајде во работата.
Да напомнам и дека може да напредува и да не остане засекогаш келнерка.
Доколку е заинтересирана исконтактирај ме во сандачето да размениме информации.