Вашата врска гледана од страна на вашето друштво

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Како прво,ако ти се вистински пријатели никогаш нема да кажат лош збор за избраната(девојката со која си у врска).
Како второ,гледам не сум јасен,ете они ти викат не ни се допаѓа(самата си го напишала тоа)и ти ги слушаш и и раскинуваш на женската(првиот понуден одговор во анкетата(Пријателите пред се))или остануваш со неа без разлика на нивното мислење(вториот понуден одговор).
Ова е мое мислење,се надевам ме сфати што всушност значи анкетата.Како би се снашла ти во таа ситуација,тоа е всушност најпросто објаснето.Значи остануваш со неа или не.
Како прво,ако ти се вистински пријатели искрено ќе ти кажат реално мислење за личноста,без разлика машко/женско.
Како второ,откако ќе ти кажат дека не им се допаѓа личноста,ако ти ги прашаш за совет во врска со таа личност,и покрај тоа што не им се допаѓа,тие ќе ти дадат некаков совет бидејќи се работи за тебе,ако ти треба помош за некој проблем.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Како прво,ако ти се вистински пријатели искрено ќе ти кажат реално мислење за личноста,без разлика машко/женско.
Како второ,откако ќе ти кажат дека не им се допаѓа личноста,ако ти ги прашаш за совет во врска со таа личност,и покрај тоа што не им се допаѓа,тие ќе ти дадат некаков совет бидејќи се работи за тебе,ако ти треба помош за некој проблем.

Девојче ти изгледа не си ја видела темата,темата не е "Побарај совет од пријател" туку "Вашиот пријател се меша во твојата врска"...никогаш не би го прашал другар ми:Еј убава ли е да се фанам со неа? Значи ако ми се свиѓа девојката си ја фаќам и готово,крај.Завршена приказка.Не ме боли кој што мислел за неа.Капираш?
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Само ова ќе кажам
Љубовта доаѓа и си оди, а пријателите се тука во добро и зло.
Но некои се изван контрола, тоа што се мешаат значи немаат попаметна работа во својот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
756273.jpg
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Анкетава нема врска со темава, зошто ако другарството и љубовта се вистински, нема потреба од бирање “или-или“, така да за кое и да сте гласале, грешка сте. Си треба баланс, како и за секоја друга работа во универзумов.
Да, партнерите се променливи.
Да, и другарите се променливи.
Не, ниту едно од тие не е најважно. Треба најважни да сме си самите ние, зошто единствено самите себе сме си осудени да бидеме свој постојан сопатник, останатото може да се смени во секој момент.

А околу мешањето има многу за дискусија. Многу сценарија, уште толку можни ситуации и заклучоци, што правилен одговор речиси и да нема, посебно не еден од двата понудени.
Сум била во ситуација да ставам и партнер пред останатите, сум била во ситуација и да потпаднам под влијание на друштвото...и во двете ситуации сум згрешила, ама затоа сум научила добра лекција, па сега знам како би постапила.
Првенствено е битно за што се мешаат, треба од старт да се постават граници. Другото следи во зависност од ситуацијата и од тоа колку добро си ги познаваме другарите и партнерот, како и тоа колку далеку би оделе за да постигнат нешто.
А на тоа гледам како на круг. Ако ги познавам доволно добро, знам на што се спремни и како реагираат, па ќе ми е полесно да разграничам дали е за добро или не, а ако веќе не ги познавам добро, тогаш не гледам причина зошто би им верувала и зошто првенствено би им било “толку грижа“ да ми се вмешаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Marinna

Староседелец
13 април 2012
119
160
1,043
имаше ваков случај со една моја другарка..... таа ја одбра симпатијата и така ги изгуби сите другарки и на крај шо напрај? Раскина -.-
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21