Прво,не ми се допаѓа анкетава со понудените одговори:
Што ако вашите пријатели
се мешаат во вашата врска?
1.
Пријателите пред се
2.Љубовта на мојот живот е најважна
Второ,самиот ти не треба да си дозволиш трето лице да ти се умеша во врската,затоа што според една книга,љубовта е игра за двајца играчи,и секое улетување на трет играч може само да ја влоши. Треба да си се слушаш самиот себе,а секако да побараш совети од пријателите за одреден проблем,или било какво мислење,колку да не лупаш со глава во ѕид.Бидејќи кога сме заљубени,како слепи да сме,некогаш не ги гледаме работите што ги гледаат другите,па од после кога сфаќаме се каеме што се сме правеле за таа личност.
Трето,доволно сум зрела за да си ги проценам пријателите.Доволно се зрели и тие да ми даваат правилни совети,или воопшто само мислења,а мое е дали ќе ги прифатам и ке се водам според нив.
Инаку и да не им се допаѓа љубовта моја на моите пријателки,тие можат да си кажат,но тоа нема да влијае на советите кои ми ги даваат.Се разбира,ова не се однесува на сите пријателки
Има и такви кај коишто не се ни обраќам за мислење,уште помалку совет
Какво време дојде,да ти љубоморат за успешна и среќна врска.