Душа

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Душа? Нешто духовно..? (Не)материјален дел од телото? Телепорт од една во друга димензија(овај-онај свет:rolleyes:)?
Битна компонента во нашата днк? Човековата добрина или недобрина? Добра/лоша душа?
Искра надеж дека ќе има втора сезона од нашиот краток живот?
И уште триста други филмој.....

А уствари, мислам дека душата е производ на единичари и единичарки, кои се родиле во свет испран со варикина, и мислат дека постои нешто во времето и просторот, што е поголемо од самата природа и нејзините закони.
Плус, јасно е дека пола од овде, не ни прават разлика помеѓу самиот поим "душа" и човековите емоции/инстинкти.

Според мене, максимум што би можело да биде тоа 'душата'....... Некаков вид енергија, што се ослободува како резултат на сложени хормонски реакции, зачинети со вишок крвоток и срцево пумпање, нервна дисхармонија или претерана хармонија... и пред се, нашата ментална слика за апстрактните појави во опшеството.

Нормално, тоа е само голема заблуда..
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Како што гласи и насловот, би сакал да продискутираме околу тоа.

Што е тоа душа? Како ја дефинирате? Дали воопшто постои или е нешто друго?

Повелете, одговарајте.


а да го проширеше уводов малку не ќе беше лош вака штуро начачкано на брзина насловче со неколку збора кои повеќе прашуваат него ли навестуваат нова тема !!!
и Како што е на ред секогаш самиот автор кога отвара нова тема изнесува свое мислење околу истата па послем тоа следува изнесување на другите членови.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
а да го проширеше уводов малку не ќе беше лош вака штуро начачкано на брзина насловче со неколку збора кои повеќе прашуваат него ли навестуваат нова тема !!!
и Како што е на ред секогаш самиот автор кога отвара нова тема изнесува свое мислење околу истата па послем тоа следува изнесување на другите членови.

Доволно е само прашањето кое стои во насловот, за ете како што можеш да видиш, да се развие дискусија на (сега за сега) 4 страни. Нема потреба за повеќе вовед, според мене, бидејќи би се сменил правецот на темата. Целата поента е да се фокусира дискусијата околу тоа, што е душа.
Ако имаш мислење околу тоа, изнеси го. Освен ако не ти е јасно прашањето, па ти треба дополнително одбјаснување.

Се извинувам за оф топик.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and slb_bobo

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Душа... хмм тоа е нешто апстрактно нешто што не можеш да го видиш. Некој вид на чувство кое ти доаѓата од внатре. Па и нема некој дефинирам поим за душата зависи како ќе го сфатиш ти сам и ќе веруваш во тоа. Има душа, кога се вели душата никогаш не умира, некаде патува да пронајде некој друг примател. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Читајќи ги сите мислења, најлогичен заклучок ми е дека душата е плод на човековата перцепција и верувања.
Без некои големи филозофии и убедувања.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and slb_bobo

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не дискутираме дали постои или не, туку ако постои, која би била најприфатлива дефиниција за истата.
Од мое лично гледиште, душата ми е ко еден вид огледало на сопственото јас, така да штом моето “јас“ постои, значи ми постои и душата, ако одиме по тоа правило.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: simplicity013

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Не дискутираме дали постои или не, туку ако постои, која би била најприфатлива дефиниција за истата.
Од мое лично гледиште, душата ми е ко еден вид огледало на сопственото јас, така да штом моето “јас“ постои, значи ми постои и душата, ако одиме по тоа правило.
аха ...ок

фала ти.
 

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Душа е она што го чуствуваш кога ќе те повредат кога те боли или кога си среќен ти доаѓа да полеташ душа е како Господ не можеш да ја видиш но можеш да ја почуствуваш.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Јас некако душа и дух ги ставам како едно исто. Секој има различно објаснение и секој различно ја доживува перцепцијата за душа. Ние разговорно можеме да се изразиме ,, Ме боли душата,, ,, душо моја ,, како што викаме ние Русите ( душа моя )....и секој поинаку да се изрази ама значењето е тука некаде. Нешто битно , суштинско , апстрактен дел од самото битие . Ете јас го поистоветувам со мојот дух .