Душа

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Секој кој смета дека постои душа, само претпоставува, верува во тоа, има теорија. Никој не може да докаже. Therefore, не постои душа. "Чувствувам" (дека има) душа, не е доволен доказ и не го подржува мислењето дека е вистинито.

Според мене, се е до мозокот. Сите спомени, искуства, чувства, итн, се врежани во мозокот. Енергијата се спроведува преку мозокот, низ секој најмал дел од телото. Така дејствуваме, така реагираме, така одлучуваме, така живееме. Во тој мозок, кај некои има повеќе интелегенција, кај некои помалку. Кај некои е пореметен, па затоа постојат убици, злосторници и слично. Затоа, паѓа во вода изјавата од тип на... тој е толку злобен, тој нема душа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Saladin

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Добра тема. Браво.
Баш пред некој ден си се прашував - А, што е душа? Постои ли?
Искрено еден дел од мене верува дека има душа, нешто како енергија која постојано не опкружува, тече низ нас и слично.. од друга страна, друг дел од мене знае и сосема е свесен дека муабетов со душава врска си нема.
Тоа сум јас од коски, мускули и освен крв ама баш ништо друго не ми протекува низ телото.
Ама добро, убаво ми е кога некогаш го праќам на спиење ова свесново јас и почнувам да мислам на душата која ептен ми е добра :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jericho

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Според мене душата е нешто со кое се раѓаме, но во текот на животот со искуството стекнато од самите нас, поретко од индиректен објект, го обликуваме.
Еден цитат малку вон шемата но има троа поврзаност.

Hospitaller: I put no stock in religion. By the word religion I have seen the lunacy of fanatics of every denomination be called the will of god. I have seen too much religion in the eyes of too many murderers. Holiness is in right action, and courage on behalf of those who cannot defend themselves, and goodness. What god desires is here
[points to head]
Hospitaller: and here
[points to heart]
Hospitaller: and what you decide to do every day, you will be a good man - or not.

Саладине тебе душата дека ќе ти иде :zelen

душа=интелигенција а ?
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
....мислам дека душата постои и е збир на нашата психа, свест, емоции и животна енергија. Енергија која го опфаќа нашиот целокупен внатрешен живот, емотивната состојба, нашиот мисловен тек и нашето дејство и влијание врз околината...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Саладине тебе душата дека ќе ти иде :zelen

душа=интелигенција а ?
Aбе имаше една тема слична на оваа за разумот ама оваа повеќе ја сфаќам као еден чекор поназад - разумот е дел од душата. Интелигенција е нешто сасвим друго. Интелигенција многу потешко се надоградува со искуство, повеќе е до црпката колку прима. Душата е севкупното што човекот го има.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Aбе имаше една тема слична на оваа за разумот ама оваа повеќе ја сфаќам као еден чекор поназад - разумот е дел од душата. Интелигенција е нешто сасвим друго. Интелигенција многу потешко се надоградува со искуство, повеќе е до црпката колку прима. Душата е севкупното што човекот го има.
а чекај сега ме збуни значи разумот е дел од душата а инетелигеницијата е неш друго амма не е душа и душата постои така или пак да не е синоним на некој друг збор ?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Душата е се она што нас не тера спречува да правиме. Разумот е кочничар и е наш советодавец најчесто базиран исклучиво од теоретски сфаќања - не нешто што емпириски сме го доживеале. Интелигенцијата е капацитет на сето она што ние моежеме да го контролираме. И за зголемување на интелигенцијата треба многу пракса, но истотака некои се раѓаат со повеќе а некои со помалку. Зависно на кое поле.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Душата е се она што нас не тера спречува да правиме. Разумот е кочничар и е наш советодавец најчесто базиран исклучиво од теоретски сфаќања - не нешто што емпириски сме го доживеале. Интелигенцијата е капацитет на сето она што ние моежеме да го контролираме. И за зголемување на интелигенцијата треба многу пракса, но истотака некои се раѓаат со повеќе а некои со помалку. Зависно на кое поле.
Значи душа = совест ?
Малку си ми контрадикторен нели атеист си и веруваш во се она што науката го докажала а овде велиш дека нешто постои а не емпириски докажано затоа те прашувам
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Значи душа = совест ?
Малку си ми контрадикторен нели атеист си и веруваш во се она што науката го докажала а овде велиш дека нешто постои а не емпириски докажано затоа те прашувам
Чекај чекај, атеизам и наука пет различни и неповрзани поими.