Дајте совет како да намалам нагон на повраќање...
Не знам колку ќе помогне, ама баба ми секогаш користеше и ми даваше малку сода бикарбона растопена во вода, го смирува желудникот демек. Не знам, може за секој организам е различно, ама можеш да пробаш ако сакаш.
Туку СДК...мразам, мразам, ама МРАЗАМ со големи, фонт инфинити и болдирани букви, девојчишта кои се прават наивни пред машки индивидуи за да ќарат нешто или да го освојат. Пф...море ај мавни ми се, ждрига ко крава музара дури помага во цепење дрва низ двор (вистина е ова), а ваму се пекмези на едно сокче „Леле, неможам да го отворам“ и гледа во глупиов со молежлив поглед, а овој па сиот среќен што ќе има шанса да си ја покаже алфа машкоста, го отвара сокот чиниш највечи каменоломец е и крши камен и го подава со еден горд поглед небаре се работи за претседателски мандат. И после готово. Не знам дали моиве стандарди за “освојување“ се шљакнати или другиве се спаднати на такво провидно ниво...ама знам/гледам дека другите се поуспешни.
Не знам дали гледаат дека е толку очигледно и проѕирно, а сепак им одговара, дали се толку ќорци, па си летаат со мозокот дека навистина е така, ама знам дека од чиста култура не е. А ме нервира кога гледам некој на такви лесни финти што паѓа.
Сепак моево “јас“ тешко дека ќе ми дозволи да правам такво нешто за да му се упикам на некој мајчин, па после да го красам со лептир машна и калчинки со прекорамки, а он да ми се прави најјачи на свет оти ми ја откукал кадата, рецимо.
Не, за тебе брате треба еден посебен вид “шамар“ што симболично ќе се нарече “папучар“, пошто таквите не би ги плеснала со рака, туку со папуча-лајнарка свежо извадена од септичка јама.
Маме му е**м, жени, аманте со тие прости финти. Ако ви отворил шише, а притоа подмукло сте го навлекле на тоа, нит вие сте жени, нит тие се мажишта. Ама затоа интелектуално си одговарате и си се наведувате да мислите дека сте си скалемени.
И маме му е**м мажи...не паѓајте толку лесно на беспомошни трепкања. It's a trap!