Штотуку подготвив...

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Макароне сс рагу сос/болоњезе

photo0053.jpg

150 грама макароне, рагу сос( мељано месо,томејто сос,пеќурке сфежи, моркоф рендан)
и за шмек малце пармезанче и 3-4 маслинке
мммм мњамиииии
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Малку оф-топик, ама Парвати бре, ти фино готвиш :)
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Едни вакаа...
b5db61882cd311e2ace922000a1f90f6_7.jpg

Чоколадни корпици де..
Чоколадо за готвење се топи и во тие корпиците се става пола од чоколадната глазура, после се става по една лажица слатко од цреши и по 2-3 цреши и после пак од топеното чоколадо...за 5 мин. се прави ова и после се чека да се стврднат
Милина
:gladen:gladen
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
ммм преубаво изгледа,дај пиши рецепт :gladen
Состојки

120g чоколадо за готвење
120g путер
1 шолја шеќер во прав (100g)
2 јајца
2 жолчки од јајца
6 лажици брашно
Инструкции за приготвување

  1. Загрејте ја рерната на 220°C. Подгответе си тава со калапи за мафини или пак форми во кои можете да печете. Премачкајте ги калапите со малку путер или маргарин.
  2. Во длабок сад ставете го путерот, исечкан на парчиња, и чоколадото за готвење, искршено на коцки. Потребно е да го растопите путерот за да може во него да се растопи и чоколадото. Ако имате микробранова печка, ставете ги заедно во неа додека не се стопи путерот, а потоа со мешање постепено растопете го во него и чоколадото. Другата опција е да ги ставите во тенџере на тивок оган додека не се растопи путерот, а потоа да го тргнете тенџерето од огнот и да мешате додека не се растопи и чоколадото.
  3. Во течната смеса од чоколадо и путер додајте го шеќерот и мешајте додека смесата не се изедначи.
  4. Потоа, додајте ги јајцата и жолчките и матете додека не добиете хомогена смеса. На крајот постепено додајте го брашното и добро промешајте за да нема грутки.
  5. Во секој калап ставете од смесата, но не ги полнете калапите догоре. Добро е да ги наполните околу ¾ од нивната висина.
  6. Ставете ги колачите во рерната и печете околу 7-10 минути, така што однадвор да се цврсти, а внатре меки. Внимателно одделете ги од калапите и превртете ги во чинија. Ако со лажичка пресечете едно парче, од внатрешноста на колачот треба да истече „чоколадна лава“.
  7. Послужете ги колачите топли, поросени со шеќер во прав, со топка сладолед, парче овошје и/или шлаг.

Премногу лесен и едноставен....А превскусни се...
Само пази да не ги препечеш или пак да не гии допечеш....

Мене тоа ми се случи не ми беа допечени па едно ми се распадна целосно ...и ги вратив....бидејки прв пат ги правам....
:)))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and JaMi