Има ли некој желба да напише книга? Пробал ли?

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Без разлика сепак мислма дека првата книга која ја напишав а и довршив ми беше добара....добара приказна супер ликови.....ама сега некако...а не дека немам идеи....ми фали нешто....:eek
Јас не го оспорувам квалитетот на твојата книга, само сакав да ти кажам дека не можеш да бараш некој да ти „ вбризга“ инспирација.
Не си ја мачи душичката сега да копаш низ твоите тези, ставови, размислувања, за да најдеш нешто соодветно за добра тема.

Препушти се на спонтаноста.
Тоа ми беше целиот муабет :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sebastian and lady_blue

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Имав желба и имам уште. Еднаш како помала кога бев полна со необјасливи емоции се што ќе ми паднеше на ум го ставав на лист хартија, па едно време мислев да ги соберам и да ги напишам во тефтер да ми бидат средени. Ама пуста уметничка душа не сака средено, туку хаотично. Сега почнуваат да излегуваат по дома листови со приказни, песни што сум ги пишувала. Многу ми е срам кога ги читам, ме враќаат во некои луди моменти, а исто и се срамам кога ми ги читаат.
 
Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Јас не го оспорувам квалитетот на твојата книга, само сакав да ти кажам дека не можеш да бараш некој да ти „ вбризга“ инспирација.
Не си ја мачи душичката сега да копаш низ твоите тези, ставови, размислувања, за да најдеш нешто соодветно за добра тема.

Препушти се на спонтаноста.
Тоа ми беше целиот муабет :)
Сепак ќе се обидам...:D а ова со спонтаноста ми се допаѓа....хахах
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
31
Битола
Сепак ќе се обидам...:D а ова со спонтаноста ми се допаѓа....хахах
книгата шо рече дека ти е напишана дали ти е издадена и ак ое како се вика ако можам да ја најдам некако ..:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sebastian

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
книгата шо рече дека ти е напишана дали ти е издадена и ак ое како се вика ако можам да ја најдам некако ..:)
Не книгата не е издадена...инаку се вика Девојката со пианото...по самиот наслов можеш да забележиш од прилика шо би се работело...инаку овде има доста интересн ликови само една другарка ја има прочитано има скоро 200 страни не е голема и сто пати ми има речено да е објавам ама не сакам....затоа што ми е прва книга и можеби имам некој комплекси околу тоа ама не ми е грижа воопшто сепат сопствен став си е тоа....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jackal

SUPERGIRL

Нов член
31 октомври 2012
1
0
1
29
Многу од нас во слободно време пишуваат поезија/проза и веќе имаат еден тон текстови и поеми зад себе .
Дали би се осмелиле еден ден да издадете збирка, книга и слично ?
Дали некој знае како оди процесот за издавање книга и нешто околу тоа?
Или можеби некој од вас веќе има издадено нешто такво па може да ни сподели искуство :)
 
kralj

Нов член
12 октомври 2012
6
1
3
36

Имам издадено две книги и, веруј ми, кога ќе ги разбереш како се движат тие процеси - ќе баталиш пишување засекогаш. Поентата е што нема поента! Издавањето во Македонија мора да биде платено од свој џеб и нема (ама буквлано нема) друг начин, освен ако со врски победиш на некој конкурс за тоа, оти без врски на такви конкурси воопшто не постои шанса да се победи. Мада има и такви слободни конкурси каде што навистина се избираат без врски, ама па таму бараат ти да си го платиш издавањето, а тие само како издавачка куќа да го издадат и можда има некој попуст. Во главно издавање на книга во македонија нема поента! Ти кажувам од лично исксутво.

Но ова не значи и дека пишувањето на книга нема поента, напротив, може многу да се заработи од онлајн издаваштво доколку ја издадеш книгата на англиски јазик и ја ставиш на неколку проверени страници кои плаќаат на авторите за секој даунлод, велам неколку затоа што сега ги има повеќе, порано беше само Амазон.

Но едно нешто е најбитно на ова тема - прво напиши книга па потоа мисли за издавање, пред тоа никако. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ехее, какви желби и идеи сум имала, ама цврц. Среќа беше само минлив период, инаку би се бедирала поради неможноста да си ја остварам таа желба. Мех...
Децо, ако имате добра имагинација, длабок џеб (ок, ако џебот е доволно длабок и без добра имагинација ќе минете) и добри врски (под ова подразбирам и врски за рекламирање, не само издавање) пробајте, ако не, поарно седете мадро.
Немам лично искуство, ама имав комшија кој навистина има(ше) талент за пишување и грдна пара издаде за неколку стотици примероци да му се испечатат. На крај ни ги раздаде по комшилук книгите бесплатно.
Е, така спламна еден одличен талент, за разлика од некои шунд татини мезимчиња.
Не да ве обесхрабрувам, секој со своја среќа, ама треба многу нерви, планирања, врски и финансии.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kralj

Ах.. милион вкви примери има :/ Па дури и јас ги раздадов книгите, мада моите не беа од мој џеб, спонзори најдов. А потоа и продадов по книжари и по школите, најмногу во тие кај што имам учено. Во главно сфатив дека издавањето нема поента. А и сега веќе и не пишувам оти немам време поради обврски со think.mk инаку кога пишував објавував дел и на блог: http://kralj1.wordpress.com/ :)
 
i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Цели 350 страници ’собираат прашина во компјутерот“ во encrypted foder :D Има веќе 3-4 години откако ја завршив книгата и почнав нова. Не сум во план да издавам ништо, барем не сега засега. Можеби некој ден, ако одлучам дека е вредно. Можно е и да почнам да ја објавувам дел по дел на форумов. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kralj