Има ли некој желба да напише книга? Пробал ли?

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Кога разговарам со една другарка на телефон ми има кажано дека имам преголема умешност да раскажувам,премногу сум бил сликовит итн.
Воден од тоа многу пати кога осеќав дека има во мене нешто што сакам да биде пренесено на хартија сум почнувал па по поминати 2-3 саата и препрочитување сум се разочарувал.
Желбата е преголема ама самокритичноста исто така.
Некој совет би ми бил добредојден.
Седни, пишувај, не читај наназад.
Пишувај додека не завршиш.
Остави 2-3 дена, па потоа прочитај што си напишал.
Самокритичноста е добра, но не ѝ дозволувај да ти биде кочница.
Поинаку е кога ќе ја „поставиш“ целосно конструкцијата. Полесно ќе можеш да си воочиш самиот каде не штима и што точно не штима.
А после.... ќе ми дајш јас да прочитам и ќе ти кажам :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Ghtalpo

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Седни, пишувај, не читај наназад.
Пишувај додека не завршиш.
Остави 2-3 дена, па потоа прочитај што си напишал.
Самокритичноста е добра, но не ѝ дозволувај да ти биде кочница.
Поинаку е кога ќе ја „поставиш“ целосно конструкцијата. Полесно ќе можеш да си воочиш самиот каде не штима и што точно не штима.
А после.... ќе ми дајш јас да прочитам и ќе ти кажам :D
Во последната книга што ја читам една девојка се труди да пишува роман па кога го праша поискусниот писател за совет он ја праша зашто не напишала ништо а она му одговори дека нема инспирација.
Неговиот муабет беше дека тоа е изговор и дека не се чека инспирација туку се седнувало на столчето и требало да седиш ако треба со саати и да го ЦЕДИШ мозокот додека не почне од него да излегува нешто за пишување?
Јас некако не се сложувам со ова:eek
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Во последната книга што ја читам една девојка се труди да пишува роман па кога го праша поискусниот писател за совет он ја праша зашто не напишала ништо а она му одговори дека нема инспирација.
Неговиот муабет беше дека тоа е изговор и дека не се чека инспирација туку се седнувало на столчето и требало да седиш ако треба со саати и да го ЦЕДИШ мозокот додека не почне од него да излегува нешто за пишување?
Јас некако не се сложувам со ова:eek
полесно е со инспирација
ама во право е тој писателот, треба да се седне и да се пишува
ми се случувало да пишувам глупости, па некаде кон средината да ми се разбистри мозокот и да сфатам шо точно сакам да кажам
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ADreamer

devil4e

Староседелец
15 октомври 2012
51
31
618
Сакам да напишам книга. Многу пати имам размислувано и сакам да има опфатено сцени од мојот живот, како сум поминувала низ годините.
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
пробав еднаш пред неколку години и тие 50 страници сеуште стојат така нечепнати,немам некоја инспирација за да продолжам
можеби еден ден ќе продолжам,никогаш не велам никогаш
 

ADreamer

Нов член
28 мај 2013
1
3
3
30
Токму денес се врткав по повеќе форуми препрочитувајќи мислења за истава тема. Дојдов до еден ист заклучок, премногу сме огорчени. Ситуацијата е лоша во државава, особено на културно ниво. Не е ни чудо што огромен број на писатели се откажуваат од идејата некогаш да издадат нешто свое. Но, со таквиот пристап уште толку ја уништуваме културата. На крајот, нема пари за печатење, а има приказни за раскажување. И на крајот нашата литература е обогатена само од веќе оние истакнати писатели со звучни имиња. И се што тие ќе напишат е сметано за уште едно литературно ремек дело.

Искрено, не ја сакам македонската литература. Имаме огромен проблем. Ретко кој прибегнува кон пишување на приказна. Сите се склони кон филозофирање и постмодернистички симболизам. Книжевност за академците. А од малкуте читатели во државава не се сите академци. Време е да почне да се пишува литература за масите. Не значи дека белетристиката мора да биде безвредно парче хартија како што се верува во државава. Време е да почне да се пишуваат приказни кои и оние кои не читаат би сакале да ги прочитаат. Тоа не значи дека истите нема да имаат вредност. Да се пишуваат дела каде доколку читателот сака да навлезе подлабоко и да најде поука, би нашол, а доколку не, би имал само добра забава.

Друг проблем со кој се соочуваме е маркетингот. Никаде во светов маркетингот не е оставен на издавачката куќа. Секаде писателот гради моќна платформа и ги мами своите купувачи. И на запад не е светло како што мислиме. Се изненадив кога почнав да истражувам, ретки се оние случаи кога писателот успева да преживува од своето пишување. 99% од писателите имаат дневна работа, и наоѓаат време за пишување поради својата страст и нели, некој долар повеќе. Но, сите се жалат на заработката. А и тоа не е постојана работа. Ден Браун или Стивен Кинг се едни во милион. Сите останати се надеваат дека ќе бидат едни во следниот милион. И тоа е она кое ги поткрепува.

Сега, да се префрлам на вистинската поставена тема.

Во моментов пишувам роман. Го терам веќе 3 години. Не знаев дека е толку проблематично да го извадиш најдоброто од себе. Инспирацијата не доаѓа секој ден, ама ако сакаш да го завршиш, мораш секој ден да седнеш и да пишуваш. Или како што Хемингвеј еднаш рекол - да крвариш. Најголемиот проблем до кој наидов беше мојата постојана потреба да го подобрувам она што веќе сум го напишала. И така остануваВ заглавена меѓу истите 20 страници на целиот завршен ракопис.

Првата верзија ми беше ужасна. Имаше одредени реченици кои и сега подобро не би ги смислила, но тоа се дијаманти меѓу куп камења. Да не зборувам дека дупките во приказната беа огромни. Зинати јами. Не можев да ги пополнам никако. Кога го прочитав целиот ракопис, од 350 страни ми останаа 120 за понатамошна работа. Приказната не беше каква што мислев дека ќе биде. Во главата ми звучеше подобро. Имаше непотребни ликови и непотребни сцени. Слаби разговори. Не можев да продолжам понатаму, не знаев што да правам. Останав заглавена половина година ако не и повеќе.

И тогаш, при следниот наплив на инспирација седнав и ја сменив целата приказна. Се она што ме тераше на заспивање го тргнав, секој лик што и мене ме тераше на повраќање го убив. И создадов приказна која сметам дека е добра. Деталните контури на романот ми стоеја во фиоката уште една цела година. И конечно, решив дека е време да си ја видам книгата на полица. И седнав да пишувам. Го исклучив проклетиот внатрешен уредник и лектор, и со деталниот преглед пред мене, пишував сцена за сцена, глава за глава.

И се уште пишувам. Речиси сум до половина. Веќе не внимавам на стилот и на дијалозите. Прво се обидувам да ги преточам сцените, местото и ликовите на хартија. Го прикажувам она што го кажуваат, нивниот говор на тело, местото каде се наоѓаат, мислите и желбите, но тоа го правам со наједноставни зборови. Целта ми е ова лето да успеам да го завршам The Second First Draft, потоа уште еднаш да ги преиспитам слабите сцени и да ги пополнам постоечките дупки ако има такви, и дури тогаш да седнам и страна по страна да го полирам веќе напишаното.

Од мое лично искуство, за најбрзо и најефикасно пишување на роман, прво е важно писателот да го знае секој аспект од својата приказна. Секој чекор кој ликот ќе го направи. Секако, со текот на пишувањето ќе доаѓаат идеи кои не дошле претхдоно, самата приказна ќе се менува, но многу е важно да се знае кон што води приказната. И многу е важно писателот да престане да се опседнува со желбата за совршенство. Никој не успеал да постигне совршенство уште при првото пишување на една книга. Дури и најголемите умови пишувале книги кои минувале низ бројни преправки. Трпение и нерви, тоа е она кое е потребно. Освен тоа, за писатели кои го очекуваат своето деби многу е важно нивниот гениј да биде претставен во најдоброто можно светло. И, уште еднаш ќе го цитирам Хемингвеј:
"The first draft of anything is shit."

И за крај, во никаков случај не пишувам само за сопствените очи. Сакам да издадам. Сакам да гледам луѓе кои во автобус читаат книга со моето име на неа. Сакам да влезам во книжарница и да си го видам своето дело на полиците. И да бидам запишана во историјата на книжевноста. Можеби сум сонувач, но верувам дека со многу труд и верба во себе, секој може да успее. Ќе ги скокне сите препреки и ако не при првиот или вториот обид, после стотиот конечно неговото име ќе биде прославено. Само, важно е да не дозволиме животот да ни ги убие соништата. Зашто тогаш остануваме само како живи мртовци кои јадат, пијат, спијат, работат.

Реалноста е едно, и секој си ја живее, секој заработува за леб и плаќа сметки. Но, убаво е кога на крајот на денот човек би одвоил еден час време за да се посвети на она кое навистина го сака и сето свое срце да го стави таму. Тоа е се, еден час, огромна желба и непокорливост пред пречките на животот и опкружувањето.

п.с. Се извинувам што бев толку долга. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp, warr and JaMi

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Сакам да напишам, барем да се обидам. Имам многу пати за тоа размислувано.
Сакам да напишам и да воведам и случки од мојот живот некои кои ми оставиле посебен белег
 

the.boy

Истакнат Член
11 јуни 2013
68
72
318
42
Не сакам да престанам да живеам без да оставам белег дека сум постоела. Се пронаоѓам во пишувањето и најсилно од се посакувам да напишам книга, да ја издадам, и да стане толку продавана и читана што имате на авторот ќе остане запаметено засекогаш : )
И да сум пробала да пишувам книга - напишана е, само не би ја издала, ја пишував на свои 17 години, а сметам дека за вистински добра книга потребно е искуство и мудрост кои доаѓаат со годините и дека книга која се памети неможе да се напише туку така.
А вие?
Милсам дека никогаш не треба да се откажеш од идејата да напишеш книга, и да оставиш белег на твоето постоење. Така е тоа, некој остава белег, некој лузна.
И јас сум во тек на пишување на една книга, која ќе се потрудам да ја истурам на пазарот кога ќе се откажам од работата со плата во банката во која работам. Не би сакал да добијам ниту аплауз, ниту критика од тоа што ќе прочитаат во неа.
Инаку, мислам дека идејата за книгата треба да ја чуваш во тајност од причина што пријателите се генијалци за плагијат. На една седенка слушав мудри мисли од пријател, а кои беа основата на тоа што почнав да пишувам. Сега концептот е тотално сменет, а пријателчето се дави да најде соодветен продолжеток на проектот за мотивација на средношколците да станат свој филтер на нивните професори... (ова е горе-долу концептот на кој пишувам) :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија and Lena

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Порано почнував нешто, па пишував демек роман, и песни и раскази се почнав ама ете едноставно може не требало да бидам писател, со тек на време излегуваа други работи па почнав да стагнирам со пишувањето. Сега пишувам само раскази и стихотворби по цела учебна година за децата на сите роднини, другарки :D. Ама ете сепак со задоволство го правам тоа, а тие среќни и весели. Но како и да е во моментот кога ќе ми се прави мерак за пишување знам дека имам капацитет и без проблем ќе си пишувам.
 

Wesley

Нов член
24 јуни 2013
6
18
3
37
Само кратки раскази. Сепак ја немам таа драж на премногу континуирана мисла пропратена со секаков вид на заплети (логични и нелогични). Имам една збирка од 20тина кратки раскази од по 2-3 страни од расказ. Повеќе се работи за психолошката состојба во дадени моменти на човекот. Секако, за себе ги пишувам.