Има ли некој желба да напише книга? Пробал ли?

kralj

Нов член
12 октомври 2012
6
1
3
36
Цели 350 страници ’собираат прашина во компјутерот“ во encrypted foder :D Има веќе 3-4 години откако ја завршив книгата и почнав нова. Не сум во план да издавам ништо, барем не сега засега. Можеби некој ден, ако одлучам дека е вредно. Можно е и да почнам да ја објавувам дел по дел на форумов. :)
Направи си блог, ем ќе те влече да пишуваш на него =) па може и да го пријавиш кај нас на blogirame.mk и ќе го генерираме за да имаш посетеност.. :) Ипак јас би ти рекол најдобра опција е да ја преведеш книгата и да ја објавиш на Амазон. Пет долари плаќаат за секој даунлод :)
 

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Да сум пишувала поезија,и со неа добро ми оди,но би сакала еден роман да напишам.
Не сум пробала и незнам како би ми одело.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Желба постои, еден неуспешен обид...ама редовно пишувам дневник...а како велат србите живот пише романе.:) ...па можда ќе дојде ден да ги дотерам дешавките од дневникот и сигурна сум дека ќе испадне една интересна приказна достојна за читање...
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Ххахааха ,секад составите мои се замани за пример на писмени ,многу пати сум читал мои дела пред (ако можам да ја наречам ) публика,имам повеќе пофалби и размислувам на ова .... Сепак треба да си малце повеќе инспириран па за да започнеш да пишуваш ... :showoff :sram :D
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Напишана е , не е издадена :( а со нашиве издавачки куќи не ни планирам да ја издадам...всушност тоа е збирка од мали раскази...подобро ми оди во издавање на трудови отколку белетристика
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Порано одев со идеата дека своето творештво не сакам да го продавам. А пари за да издавам и „раздавам“ за 0 денари немав и немам :)
А цела таа процедура, лекторирање, компијутерска обработка, дизајн на корица, итн кошта и тоа како, па уште број на примероци...
Пред отполка 5 години напишав нешто слично како биографија и тоа го имаат само неколку личности.
А сега моментално работам на нешто сериозно, за издавање и за продавање. Нема да се откажам, затоа што нема причина. Планот е сработен, сега само потточките да добијат свои реченицит.
Една од форумџиките ги прочита првите две три страници :)
Не дека имам нешто повеќе напишано, се’ на се’ сега за сега во ракопис имам некој 20тина страни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead and Марија

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Не е така лесно да напишеш книга.За да напишеш книга прво треба да бидеш инспириран од нешто.Исто така мислам дека треба да имаш и добар речник за да можеш да напишеш добра книга која ќе го привлече вниманието на читателите.

Иначе многу пати сум посакала да седнам и да напишам книга , но можеби мојата желба не е толку силна или пак едноставно не сум доволно инспирирана...Некако повеќе ме бидува за читање отколку за пишување :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
По x неуспешни обиди написана една книга каква таква...(230 стенаи мозе и помалку беа не се сеќавам) во секој случај пред некое време имав неколку обиди ама не ми оди некако:| дали до иснпирација е незнам :unsure
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Сум имала,имам и ќе имам желба за пишување исто како и инспирација иако уште не сум посегнала по хартија но се уште тлее во мене и мислам дека ако почнам да пишувам нема да можам да престанам..но ќе почекам уште малце :) ..
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Кога разговарам со една другарка ми има кажано дека имам преголема умешност да раскажувам,премногу сум бил сликовит итн.
Воден од тоа многу пати кога осеќав дека има во мене нешто што сакам да биде пренесено на хартија сум почнувал па по поминати 2-3 саата и препрочитување сум се разочарувал.
Желбата е преголема ама самокритичноста исто така.
Некој совет би ми бил добредојден.