Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Сакам малку да тупам за машко-женските психологии.
Женските се погадни, верувајте. Ех, ко женско што ќе те убеди дека е невинашче со едно трепкање на очињата, машко нема ни за 10 животи, туку друг пат за тоа...
Интересно ми е кога ќе ми речат “Демек учиш психологија, а не ја разбираш.“
Јас тоа преферирам да го викам пракса во живо. Ако толку сум успеала да уверам дека сум тапа, значи можеби ме бива.
*Тука пишав еден дел за reverse psychology, ама го избришав за да не тргнат работите по друг тек под влијание на истата. Своевремено ќе се открие на тие што треба.*

И така. Волкот и под новите влакна е ист. Не може никој еден ден магично да се разбуди и да си рече: “Готово, од денеска сум така, така и така“....и така да биде баш од тој ден. Може де, ама од инает, не дека вистинки е настаната таквата промена.
Ама знаете, не е дека нема уште чувства во него и дека му е сеедно, ама пак едноставно не му недостигате и не ве мисли.
А дали е едното или другото, е во зависност од вашата реакција т.е. “како ти со мене, така и јас со тебе“ работа.
Нема везе, и јас лажев, та сушев дека не ми е гајле. Си игравме кој кого повеќе ќе повреди.
Не дека не боли, ама нели, заслужено е оти Електра е уствари многу лоша персона. Никогаш ништо убаво не направила, па затоа и ништо не заслужува. Таа нит се грижи за нешто, нит разбира, нит сака да чека, ни ништо. Иако Електра 5 месеци си чека и упорно пробува да се докаже, тоа не индицира ништо.
А неа кој ја сослуша? Кој сакаше да ја разбере? Кој ја поддржа? Кој ја утеши? Ама уствари не, нејзиното било рај, мада не знаеме ни збор за тој “рај“, зошто секако, туѓото е полесно.
Електра ги сфати, а неа ја сфатија ли? Очигледно не, штом упорно ја мислат дека не сфатила. И џабе таа се обидува да го докаже спротивното, кога не се важи.
Освен нели, кога Електра во најлош период на турбулентни промени пред 5-6 месеци, и сега, изморена од толку безуспешност, не ја опали работата. Е, тогаш се важи. Се важи лошото, мајке ми. Исто ко кога бев мала и мама кога ми полеваше домати во саксија за да јадам, а јас седнав и ги измочав мислејќи дека и тоа е полевање, ама се исушија. Е, токму така! Кога мислиш дека помагаш и покажуваш колку нешто ти значи, знај дека највеќе ја посеруваш работата! Електра која душа даваше и од уста делеше за да помогне, ми ти била себично створење што мислело само на себе.
И таа има гаден сарказам со кој само сака да омаловажува, така да, сметајте дека ова е кажано во лош, навредлив и самосожалувачки контекст, а не ко искажување мака.
Штета што Електра не сака да се служи со гореспоменатите женски финти, туку игра на карта на искреност, иначе досега далеку ќе беше догурала. Ама гуска, шта чеш...мора и нас да не има.

Не е битно кој разбере, кој не. Само немојте така да си поигрувате и да комплицирате.
Простете на long-ass филозофијава, до саатот е.
Ај добро утро т.е. ноќ за мене. :)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
СДК Ми се вратија другар и другарка од Америка после 4 месеци. Најмногу ме интересира да видам дали останале исти по карактер, доста луѓе се менуваат после таква посета... на полошо.

П.С. Едвај чекам да го видам дечко ми за неколку часа! Има да го изнагушкам. (hug)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
577261_272134646240712_1007336287_n.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.