Значи ова е форум, луѓе отвараат теми , пишуваат нешто во темите и при тоа сакаат да бидат прочитани од останатите и да биде таа тема искоментирана. Ако ти сметаат коментарите извини ама појќе не ти коментирам а баш си мислев дека на твоиве теми најдобри дискусии и дебатирања се случуваат и баш ми беше интересна за коментирање и размислување. Не знам која метафора ја употребив во постот ама добро не навлегувам во она што ве учеле во основно/средно што е метафора. Ако е добро да имаш стил, да се шминкаш, и да се средуваш тогаш ти мила не си целосна С....ксуалка, затоа што све тоа е поврзано со надворешниот изглед, како сакаш да те гледа светот. И најголемиот NERD па си држи некој стил.По мене јас Мислам дека слепите луѓе можат да бидат само такви ..сексуалци(може грешам)
Мојата „бунтовност“ е тоа што не си потенцирала дека збориш за таа шака на луѓе, туку како да ти смета секој што пробува да се разлепша, најчесто за свои очи па после и за другите, при тоа не си размислила која е причината за тоа. Само за пример ти го дадов случајот со девојката од јутјуб.
Плус , со самото тоа што ипак го пишуваш тоа „ не сакам да го тупам за мојата различност да не биде дека се величам“ ти се величиш себе наспроти другите. Различните не викаат на цел глас ЈАС СУМ РАЗЛИЧЕЕЕЕЕНН ... туку нивната различност се покажува по нивниот начин на живеење...едноставно таквите веднаш се издвојуваат. Не знам зошто но тебе не те доживувам како различна, напротив како еден нормален тинејџер кој е во некоја фаза на самооткривање и е изиритиран од околината од Х причини. Барајќи ги и коментирајќи ги екстремните случаи, ги пропушташ оние помеѓу...оние нормалните индивидуи.
Прашање : Зошто користиш термин дефинирана?? Пишуваш како слободоумна девојка, која не се вклопува во шаблонот дефинирани... Некако овој збор ми асоцира на затворена личност. Па чекај тек си 18години, уште низ колку искуства ќе минуваш па пак нема да бидеш дефинирана. Баба ми на 77 год па пак не е дефинирана личност...секој ден додека живееме е нова прилика за да се научи нешто ново.
1. Очигледно немаш појма што е сапиосексуализам.
2. Никаде не реков дека сум различна, само си кажав што сакам а што ми смета и каква сум всушност, па му текнало на некој еј нема со што друго па ќе ја праиме attention whore, колку да имаме некој аргумент повеќе. Јас кажувам каква сум и воопшто тоа не е страмно, напротив тоа е храбро, јас знам колку е тешко да се пише ова што го пишав, ела пробај дојди во моја кожа имај ги моите проблеми и тек после да те видам. Преку к*р искрено ми е од фаци што не ме познаваат а мислат дека сум само обична тинејџерка која си праи секоја ден нов филм за да и е интересно. Потенцирам на екстемни случаи зошто тоа спрема мене е лошо. А вие ги спуштате ко да се нормални и притоа се бунтувате. Јас и си пишувам за екстрема зошто си ме иритира нештото. Го сакам зборот дефинирање зошто е некако обратен од изгубеното во мене.