Ајварот е Макдонско традиционално јадење кое се приготвува од црвени и печени пиперки.За време на есенскиот период започнува сезоната на приготвување на ајварот.Оригиналниот ајвар е од исклучително црвени пиперки иако некои во смесата додаваат и модри домати.
Највуксното јадење според мене а и многу послатко ми е кога мацкам од останатото од шерпа со лебче и сирење, нормално откако ќе се празни во тегли првиот ден ќе јадам и после ми поминува меракот
Начинот на подготовка е едностваен и лесен.Нема некоја филозофија околу подготовката но сепак ќе го приложам рецептот од мајка ми .Потребно е 40 килограми благи црвени пиперки ( може повеќе или помалку кг.) кои се печат на отворено на шпорет на дрва.Откако ќе се испечат пиперките( а заедно со нив и модрите домати ) се ставаат во поголеми најлони да набобрат за да се лупат полесно.Пота се лупат се одстранува дршката и се чистат од семки,се стваат во мрежести вреќи да се исцеди сокот и така преноќуваат се до следниот ден.Потоа откако ќе преноќат за сецкаат на ситни парчиња или се мелат и се пржат на тивок оган и се додава неколку литри зејтин.
До оваа година јас само лупев пиперки но оваа година ќе го пржам ајварот сакала или неќела јас морам, на мене остана тоа
Не ми се верува дека некој не го сака ајварот како ихрана но пак јас ќе си прашам..
Дали го конзумирате ајварот ?
Дали го конзумирате често или само додека е сезоната ?
Дали сте го пржеле ајварот некогаш или сте учествувале само во лупењето ?
Дали го имате веќе приготвено или сеуште не?