Црквата како институција

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
wtf-cat-edited1.jpg како прво што е црквата ??? црквата е божји храм каде луѓето си ги обавуваат своите верски потреби.
би ја прашал “талентиранава“ пријателка со катадневниве теми на форумов. Во црква одиш за себе за свои потреби или да му се молиш на попо ???
друго попот не е светец за ти да веруваш во него, и трето никој ама баш никој не те тера да ставаш пари на икони (сем некој лаком попо ) инаку во библијата е забрането тоа !!! Твое е чисто да се молиш и своите молитви да ги упатиш кон бога. А дали попо бил тука или не тоа е најмалку важно тој ја има само посредната улога во многу обичаи како:Свадби, крштевки, погреби и слични работи .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Стоименов

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
За верникот, црквата секогаш ќе биде институција, додека за атеистот - објект од културно наследство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
За верникот, црквата секогаш ќе биде институција, додека за атеистот - објект од културно наследство.
Јас мислам дека за верникот црквата секогаш ќе биде божји храм, а за атеистот и нехристијанинот воопшто институција и објект од културно наследство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead, Legioner and JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Црквата како институција не би требало да постои, храмовите да си останат туристичка атракција, а поповите да престанат да мотаат филмови и да си го покажат својот вистински идентитет.... Тоа дека они се уствари џедаи од темната страна :D :D

151d1321361038-priests_lightsaber.jpg


319284_10150292335511191_550701190_8034530_1494080840_n.jpg
нинџи (bandit):frantic
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Отвори ја прикачената датотека 11197 како прво што е црквата ??? црквата е божји храм каде луѓето си ги обавуваат своите верски потреби.
би ја прашал “талентиранава“ пријателка со катадневниве теми на форумов. Во црква одиш за себе за свои потреби или да му се молиш на попо ???
друго попот не е светец за ти да веруваш во него, и трето никој ама баш никој не те тера да ставаш пари на икони (сем некој лаком попо ) инаку во библијата е забрането тоа !!! Твое е чисто да се молиш и своите молитви да ги упатиш кон бога. А дали попо бил тука или не тоа е најмалку важно тој ја има само посредната улога во многу обичаи како:Свадби, крштевки, погреби и слични работи .

На вистински верник не му е потребно посебно место за да си ги обавува своите верски потреби. Може да си седне на ливада и да си се помоли и ќе биде исто толку значајно како да отишол во црква.

Каде виде ти некој да спомна попот дека е светец? Си направил некогаш разлика меѓу доверба и верба?
Ако е забрането, зошто се наплаќаат крштевките, погребите, венчавките, кога доаѓа попот да ти ја свети куќата....да набројувам уште или доста се? Нели требаше оние кои му служат на Бога да се откажат од земните задоволства и да не подлегнуваат на материјалните искушенија? Да ги спомнам комплексот хотели кој пред неколку години го тупеа по вести?
Инаку оставањето пари, зејтини, чорапи, блузи и се` што се остава е за ако на некого му притреба нешто, да не оди да бара од други и да се задолжува ами да си земе од црквата затоа што луѓето требаше да се помагаат еден со друг.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Јас мислам дека за верникот црквата секогаш ќе биде божји храм, а за атеистот и нехристијанинот воопшто институција и објект од културно наследство.
Јас пак не се сметам за неверник со тоа што немам доверба во црквите.
Црквата требаше да биде божји храм,но од кога знам за себе не се.Само што како што се менуваат работите со текот на времето,некои на подобро некои на полошо,со црквите оди кон полошо.
Ете погоре Песинџер од лично искуство ни напиша што се случува и како се одвиваат работите во една црква.
Пак ке повторам,за мене црквите претставуваат институции,секоја чест на исклучоци.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
На вистински верник не му е потребно посебно место за да си ги обавува своите верски потреби. Може да си седне на ливада и да си се помоли и ќе биде исто толку значајно како да отишол во црква.

За секој човек е индивидуално молењето. Може некој се чувствува поблиску до Бога ако се моли во храм. Но, донекаде се сложувам со тебе.

Низ текот на годините црквата како црква според мене го изгуби првобитното значење. Стана машинерија за пари. Јас не ја гледам како институција, затоа што државата и црквата се оделни работи. Најдебилен момент е ценовникот. Но луѓе како луѓе се лакомат.
Меѓутоа не може да се генерализира толку, не се сите попови исти. Имаше еден поп кај мене во маало, починат е поодамна, е он колку крштевки имаше направено бесплатно. Само таквите се ретки.
Таквите дарувања како чорапи и не знам какви се не други глупости, или раздавање на гробишта и не знам што се пагански работи. Подобро тие пари што ќе се потрошат на раздавање и на ручеци кога ќе почине некој, е да се дадат на некој сиромав и да се помогне.
Кај нас повеќе се раздава во црква или на гробишта од тоа "леле што ќе речат комшиите".
Значи во црква се дарува само ако се сака и доколку е од срце дадено, и работи кои што ќе се најдат за во цркавата.
Ама од обичен зејтин прерасна во дарување хулахопки (што е многу погрешно).
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Црквата е место каде што можеш да си ја ослободиш душата да се помолиш за своето здравје среќе љубов и за доброто на нашите блиски, да запалиш свеќа за здравје и да се исповедаш кон светците и сл. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Теофанија

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Глупости,глупости,глупости,глупости,глупости.Црквата за верниците во Бога е свет храм.Единствениот контакт кој Бог ни го оставил со него е молитвата,колку е посилна молитвата толку сме поблиску до бога Попвите(свештениците) целиот живот го изучуваат тоа молитвите и литургијата што ги има во црквите се одвиваат од нив.
Крштевки,слави.....Па кој е должен на тебе да ти плаќа и поповите работат за плата и црквата троши стурја и вода.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Теофанија