Црквата како институција

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Точно е дека во ред е да запалиш свеќа за починати и за здравје.
Пари не гледаат, бар не од мене.

Точно денес има прилика да се доуверам дека без разлика на верата свештените лица попови/оџи се заплеткани во тежок криминал.
Сите до еден.
Зборувам за оние на врвот.

Седам на кафе, имавме мал состанок.
Од спротива седеа дечки кои се познати по посредување и дилање на кокаин.Никој од нив не е со кола која е поефтина од 50.000 евра.
Не е битно.

Доаѓа еден дебел човек, со брада, кој исто така го знам.
Го викаат Оџа.
Има завршено два факултети за оџа, еден тука еден во тие арапски земји.
Најучен оџа во мк.Моментално работи како советник на Мијалков.
Седна со нив.
Можете ли да замислите за што правеа муабет?Сигурно не кој колку верува во бога или колку пати иде во џамија/црква.

Посредуваа.
Или конкретно кажано плаќаа данок за користење на улиците за да може на раат да дилаат, како и плаќање данок за тоа што прават енормно многу пари.


Така да можам да кажам дека и поповите и оџите се исто гомно.
Од просечна македонска плата од 250 евра, што дури и тоа е многу ама ај, не можеш да си приуштиш кола на старо, а камоли на ново.
А они возат џипови луксузни, или пак лимузини од типот на мерцедеси s300 збориме производство 2010/2011, или пак bmw 730/740 исто така година две стари.

Тоа е од свеќи што купуваат луѓето? Или што оставаат по 5/10 денари на икона?
тешко и дебело тврдење:)
но не кажувај ми мене ете теофанија цитирај ја,може ке свати ако ништо друго дека не секое свештено лице му служи на Бог и на народот.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Муабетов не е рекла казала.
Денес ми се случи.Ама баш не очекував.
Оџата го знам затоа што доаѓа стално на состаноци во владата заради проект 2014, заедно со Мијалков.

Бандитите или дилерите ги знам од моето поранешно маало.

Кога тие две работи ќе си ги споиш добиваш нешто што е сосема логично, очекувано за нив, неочекувано за нас, обичните граѓани.
 

brineta31

Нов член
18 септември 2012
11
2
3
43
skopje
немам доверба во никого,а во нив најмалку.се поврзано политика религија и криминал.и во бог не верувам.
 

Теофанија

Полноправен Член
19 февруари 2012
55
23
8
Оџите не можете да ги споредувате со поповите по никоја основа, јас ги споменав само за да ви напоменам дека никој не ги критикува нив. Поповите се претставници на христијанството, додека оџите на исламот, кој што како религиозна или каква уште не- определба, воопшто не ме интересира. Јас пак знам дека мерцедесот на Господин Господин Стефан е подарен и луѓето имаа објавено потврди за случајот. Секако дека тој нема да си дозволува такви трошоци или луксуз, сепак е монах.
Но, за да знаете што може а што не може да дозволува монах, треба да имате претходни познавања, кои што лесно забележува, не се присутни ниту во вашиот речник.
Не ми се допаѓа воопшто намерата да ги труете читателите на овој форум со лажни податоци, обвинувања и клевети, ниту еднаш не сте зеле благослов од Господин Стефан или останатите свештенослужители, уште помалку сте разговарале со нив, сега мислите дека имате право да зборувате дури и погрдно.
Тоа што го направил оџата е негова и само негова работа, ако служи за потсмев нека служи, но нема смисла да се кажува пример во кој оџата е негативец и да се поврзува истото со не/чесносна на свештеникот. Ужас. :)

тешко и дебело тврдење:)
но не кажувај ми мене ете теофанија цитирај ја,може ке свати ако ништо друго дека не секое свештено лице му служи на Бог и на народот.
Злато, оџата не е свештено лице. Не би сакала во иднина да спорам по начинот на кој тие се корумпирани или невини.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Оџите не можете да ги споредувате со поповите по никоја основа, јас ги споменав само за да ви напоменам дека никој не ги критикува нив. Поповите се претставници на христијанството, додека оџите на исламот, кој што како религиозна или каква уште не- определба, воопшто не ме интересира. Јас пак знам дека мерцедесот на Господин Господин Стефан е подарен и луѓето имаа објавено потврди за случајот. Секако дека тој нема да си дозволува такви трошоци или луксуз, сепак е монах.
Но, за да знаете што може а што не може да дозволува монах, треба да имате претходни познавања, кои што лесно забележува, не се присутни ниту во вашиот речник.
Не ми се допаѓа воопшто намерата да ги труете читателите на овој форум со лажни податоци, обвинувања и клевети, ниту еднаш не сте зеле благослов од Господин Стефан или останатите свештенослужители, уште помалку сте разговарале со нив, сега мислите дека имате право да зборувате дури и погрдно.
Тоа што го направил оџата е негова и само негова работа, ако служи за потсмев нека служи, но нема смисла да се кажува пример во кој оџата е негативец и да се поврзува истото со не/чесносна на свештеникот. Ужас. :)


Јас не критикувам никого, само ја кажувам суровата реалност.Зошто да не ги споредуваме кога и тие и тие се религиозни лица и нели во зависност од религиозната припадност треба да учиме од нив.
Пример јас научив од поповите да бидам лопов.Ја крадам државата со тоа што не пријавувам данок, а еве сеа размислувам да земам пример и од оџите.
А на стефан колата му е подарена.А на останатите попови?И нив им се подарени колите?И луксузните станови?
Како мене некој не ми подари мечка ќе станам најпобожно лице.
Хотелот изгрев исто така им беше подарен?

Ја лажам папир не лаже:

МПЦ и поглаварот г.г. Стефан јавно тврдеа дека хотел Изгрев не е загубен, дека е нивна сопственост. Но, пред некој ден, тие за еден и пол милон евра го купија хотел Изгрев во Струга! Кој го продал хотелот ако е сопственик МПЦ, како што тврдеше г.г. Стефан?! МПЦ нема на сметка еден ипол милион евра свои пари за да го купи назад сопствениот хотел, чии пари се тогаш во трансферот?! Дури и да имала пари, МПЦ нема одлука на Синодот еден така голем износ да се потроши за купување на хотел кој е претходно веќе загубен заради сомнителни трансакции токму од МПЦ.
По правосилно судско решение, и завршена управна постапка за сопственици запишани во Катастар, извршителот Марјан Деребан го ставил хотелот на лицитација, откако добил известување дека жалбата на германската ЛХБ банка како доверител е одбиена. И, сосема неочекувано за пошироката јавност, на лицитацијата се пријавила само МПЦ, и за хотелот Изгрев понудила 1,5 милион евра.
Хотелот Изгрев не е сопственост на МПЦ туку, со сомнителни трансакции, Црквата го загубила хотелот заради долг кон Банки и лица од Струга. Доверители, покрај германската ЛХБ банка, беа Тутунска банка од Скопје и една приватна фирма на македонски Албанец од Велешта, Струга. Извршителот Деребан вели дека со овие 1,5 милион ќе бидат вратени главните долгови за кредитите кон Тутунска банка и кон фирмата Авел ДООЕЛ од Велешта, без да прецизира детали како и зошто само МПЦ се јавила на лицитацијата за хотелот. Немаше ни детали за потеклото на парите, дури еден и пол милион евра на МПЦ за овој трансфер.

Шокантно е тоа што никој во МПЦ од членовите на Синодот не знае, ниту дека МПЦ повторно го купила хотелот Изгрев, ниту пак е јасно од каде на МПЦ толкава сума пари. Според досегашните изјави на г.г. Стефан, МПЦ сега сама си го купила сопствениот хотел, а милион и пол евра црковни пари (што значи наши, заеднички пари на сите верници) за ништо отишле во нечии раце. Владиците на МПЦ велат дека ваква точка на дневен ред на Синодот воопшто не била ставена и дека архиепископот самоволно во координација со својот финансиски советник Димитар Белчовски, поддржан од браќата Миладинови, влегле во оваа идеја за повторно купување на хотелот Изгрев.

МПЦ е сопственик на “Изгрев“ од 2001 година. Набргу потоа, повторно без знаење на Синодот и без јавно објавен тендер “Изгрев“ е даден на управување на браќата Миладинови, заедно со хотелот Бисер, кој го доби како денационализација. Вечер пред две години прв ги објави скандалозните хипотекарни договори во кои, со црковен имот како залог од неколку банки беа подигнати кеш пари, неколку милиони евра, за кои никој во Синодот на МПЦ, до ден-денеска, не објасни каде завршија. ГГ Стефан ги негираше овие трансакции, тврдејќи дека се клевети.

п.с благослов од бандити не ми треба.

Злато, оџата не е свештено лице. Не би сакала во иднина да спорам по начинот на кој тие се корумпирани или невини.

А нашиве се цвеќе за мирисање?
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Ја на сите верски институции би им ставил и даноци да плаќаат и би ги третирал исто како и секоје друго правно лице кое остварува профит. А би ги ослободил од данок само за средствата кои ги вложуваат во тековно одржување или реновирање/возобновување на стари цркви и манастири. Секако со детално чешланње на цела папирологија за тоа колку коштале тие зафати и строго санкционирање на секоја нереална сума. Не сум верник, немам нисшто против верниците, ги почитувам црквите и манастирите (старите) како врвни дострели во архитектурата во тоа време и наште непроценливо богатство. Ама ред мора да има. А ако на некој му е незгодно дека ќе прави финансиски контроли во верски заедници и дека “господ ќе го казни“ нека се сети дека и тие лоповите што се вработени крадат (чест на поштените свештени лица), па не ги казнил господ.
 

Теофанија

Полноправен Член
19 февруари 2012
55
23
8
Јас не критикувам никого, само ја кажувам суровата реалност.Зошто да не ги споредуваме кога и тие и тие се религиозни лица и нели во зависност од религиозната припадност треба да учиме од нив.
Пример јас научив од поповите да бидам лопов.Ја крадам државата со тоа што не пријавувам данок, а еве сеа размислувам да земам пример и од оџите.
А на стефан колата му е подарена.А на останатите попови?И нив им се подарени колите?И луксузните станови?
Како мене некој не ми подари мечка ќе станам најпобожно лице.
Хотелот изгрев исто така им беше подарен?

Ја лажам папир не лаже:



п.с благослов од бандити не ми треба.



А нашиве се цвеќе за мирисање?
Не гледам зошто би се вртеле во круг, не ги споменувам нив повеќе. Поентата ми е изнесена.
Помеѓу оџата и попот има разлика што тежи колку планина, не можеш у никој случај да споредуваш, затоа што ќе испадне едно големо неравенство. Не се возат сите попови у џипови или у коли. Ти си ја наполнал устата со погрдни зборови и само тужиш без докази. А ако попот потекнувал од претходно јако материјално поткрепено семејство? Што да прави у тој случај? А ако колата му е од дедо/татко? Да не сакаш да ти ја даде на тебе? :rofl Нема потреба од љубомора зошто некој (вклучително и поп) имал или немал кола, па и убава. Има различни стандарди за тоа што претствува убава кола. Можеби мене ми се гади од мерцедеси и у тој случај нема да разнесувам шпекулации дека попот имал убава кола. Народ, они за оговарање се направени. Се оболожувам дека ќе ти фати херпес устата ако речеш нешто убаво за нив. Или не заслужуваат? :rofl Заблудата е нешто што се лекува, времето е твојот сојузник, до следно читање пријателе.
 

littleblackdress

Полноправен Член
22 февруари 2012
96
74
18
Не се работи за некако дозволување. Во манастирите се венчаваат и крштеваат луѓе кои се познати на тамошните монаси и на игумените, кои што со нив се познаваат долго време благодарение на извежбаниот духовен живот на оној кој сака да крштева или да се венчава. Значи, тоа се луѓе кои се духовни чеда на монасите.

да, извини во право си.. духовни чеда, само што не знам(ев) колку ќе бев јасна со тоа..
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Не гледам зошто би се вртеле во круг, не ги споменувам нив повеќе. Поентата ми е изнесена.
Помеѓу оџата и попот има разлика што тежи колку планина, не можеш у никој случај да споредуваш, затоа што ќе испадне едно големо неравенство. Не се возат сите попови у џипови или у коли. Ти си ја наполнал устата со погрдни зборови и само тужиш без докази. А ако попот потекнувал од претходно јако материјално поткрепено семејство? Што да прави у тој случај? А ако колата му е од дедо/татко? Да не сакаш да ти ја даде на тебе? :rofl Нема потреба од љубомора зошто некој (вклучително и поп) имал или немал кола, па и убава. Има различни стандарди за тоа што претствува убава кола. Можеби мене ми се гади од мерцедеси и у тој случај нема да разнесувам шпекулации дека попот имал убава кола. Народ, они за оговарање се направени. Се оболожувам дека ќе ти фати херпес устата ако речеш нешто убаво за нив. Или не заслужуваат? :rofl Заблудата е нешто што се лекува, времето е твојот сојузник, до следно читање пријателе.

Хотелот е исто така купен од на попот материјално поткрепеното семејство?