Црквата како институција

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Црквата ти е чист бизнис и перење пари на сметка на наивни верници.
Не може место каде што си принуден да оставиш пари, каде буквално плаќаш за влезеш и за здравје треба да дадеш зејтин, маици и пари да е божји храм.
Што ако имам никаков живот, немам скршен денар? На страна што црквата нема да ми помогне, него и срамота и неубаво е да влезам и да се помолам без да оставам некое 50че на икона.
Црква треба да биде институција што им помага на оние што им е највеќе потребно. Во секое време да има топло јадење и чиста постелнина за оној што ја нема..
Не можам да се помирам како се луѓето слепи при две очи. Едвај закрпуваат крај со крај да се прехранат, па доаѓа поп и му даваат пари, а овој па не си оди дур не му тутнат парички во џеб. И влага во некоја фенси тркачка кола, за која обичен граѓанин ќе треба 10 години да гладува за да ја купи.
Не ми треба мене ни црква ни поп да си ја докажам вербата во Бог.
Пре би дала пари или зејтин и било што на некој питач на улица, него да ги оставам во црква или да ги дадам на поп.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Абе ти можи си верник, но штом и’ вртиш грб на црквата, православен рисјанин не си. Таа за тебе нема никакво духовно значење и е само објект.

Зарем со тоа што ја пишувам реалната ситуација во црквите денеска,значи дека и вртам грб на црквата?
Ако и вртам грб на црквата која наместо да биде божји храм кој ги потпомага сиромашните со она што го даруваат побогатите а богами и оние најсиромашните во неа,таа уствари,,работи,,за оние Нај,,Големците,,....ако тоа ме прави дека не сум православен рисјанин,тогаш во право си.Не сум.
Сеуште гледам на црвата како институција,наместо како божји храм.
Секоја чест на исклучоци.
 
balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Многу верски водачи денес ги претвораат своите места за обожавање во ‚трговски куќи‘. Всушност, повеќето религиозни организации вршат трговија, која често е доста профитабилна — продавање икони и безброј други религиозни предмети.
Дали Исус кога ги поучувал народот барал пари за возврат?Исус рекол: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:7, 8). Да, неговите вистински следбеници не требало да наплаќаат за својата служба. Освен тоа, и самиот Исус ни дал пример служејќи им на другите без да бара некаков надомест за тоа. Дури и кога лекувал не наплатувал, Голем пример што треба да го следат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Твое мислење, јас сум верник и си ги почитувам правилата на религијата и црквата.
Кои се правилата? Да се оставаат пари пред иконите? За да можат после да се почастат поповите во кафана.
Уствари извини можеби ти не оставаш пари, што е најправилно по мене.

Темава ми се виде најдобра за пишаново, па и така е заборавена, да не продолжуваме во играчницата. :)
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Со самото постење на иконите како идоли пред кои се поклонуваме и молиме човекот се оддалечува од својата вистинска вера. Самиот Исус рекол да не се поклонуваме пред нив, а тоа не е случајно. Кога се мисли на светото тројство односно на таткото, синот и светиот дух се мисли на тројство кое е нераскинливо, сите три се едно, а едното е сите три. Еве како тоа јас го разбирам: таткото - бог односно божественото во нас, идеата за самите нас, она што секоја единска го носи во себе и е уникатно и различно во секој човек, она што ја одредува нашата судбина и индивидуалниот пат по кој човекот би требало да се води бидејки верувам дека секој човек си има своја причина зошто е овде и затоа се раѓаме различни еден од друг, но сите совршени на свој начин. Синот - самиот човек, материјализиран за да може да ја исполни таа божествена цел овде на овој свет, оној кој делува, оној кој ја следи самата идеа за неговото божествено јас и ја исполнува својата мисија во материјалниот свет. Светиот дух - поврзаноста помегу предходните две, внатрешниот глас кој се обидува да ни биде показател за тоа за што сме всушност тука.
Човекот кога е во молитва треба да биде сам, да го слушне својот внатрешен глас и на тој начин да спознае што носи длабоко во себе, што е она што треба да го исполни со своето дејствување, да се поврзе со својот божествен дел и да делува на начин за кој што е создаден.
Кога човекот се моли пред слика, очекува ликот од сликата да ги слушне неговите молитви и очекува повратен одговор од некој кој е сосема непознат и притоа се оддалечува од самиот себе и наместо најголемата сила што постои да ја бара во внатрешноста на неговата душа, тој ја бара од надвор. Наместо во себе да ги бара причините за својата тешка состојба, тој ги бара надвор, наместо решението да го бара внатре во себе, тој го бара од надвор, наместо својата среќа да ја бара внатре во себе и од себе, тој ја бара од надвор и од некој друг.
Кога човекот ке се моли сам на своето божествено јас и ке го слуша својот внатрешен глас кој го поврзува со тој дел, тогаш тој ке научи како да биде среќен, ке научи како да најде потпора во самиот себе, утеха во самиот себе и ке разбере дека се во неговиот живот потекнува од неговите мисли и дејствувања, тогаш нема да бара кривец надвор и нема да гаи омраза, лутина и гнев кон другите, но нема ни кон себе.
Тогаш човекот ке ја најде својата среќа и сигурност единствено во себе и нема да се поклонува на никој друг, не е само црквата во прашање, туку и општествените авторити, па и лугето кои постојано нешто ни наметнуваат и не одтргнуваат од својот пат.
Црквата како божји храм би била во ред кога внатре би немало слики и кога свештените лиа би не учеле да се молиме сами и да го слушаме гласот наместо да не учат да оставаме пари на икони и на слични марифети.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Ditto+Maker

Така е, се согласувам со твоето мислење. Затоа и ме нервираат оние кои оставаат пари, зошто да оставам кога знам дека ќе дојде попот после, ќе ги собере и правец во кафана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Така е, се согласувам со твоето мислење. Затоа и ме нервираат оние кои оставаат пари, зошто да оставам кога знам дека ќе дојде попот после, ќе ги собере и правец во кафана.
Ама и да не ги собере и да останат на иконата да патинираат, мене тоа не ме интересира, сум ги оставила и потоа ич не му ја мислам. Туку од каде тоа правило дека во црква се оставаат пари?
Ако ги прашате ке одговорат дека тие пари се за реновирање и одржување на црквите, за изградба на нови... Тогаш зошто секој ден ми ѕвонат на врата и бараат донација за изградба на некоја нова црква и тоа некоја малечка која не бара многу средства, во еден ден толку пари се оставаат пред иконите во соборна. Тогаш зошто кога се запали манастирот бигорски отвараа телефонски линии за донации?
Немам ништо против луѓето да оставаат пари ако навистина чувствуваат потреба од тоа, можеби некој сака да искаже благодарност па незнае на поинаков начин, но тоа со ценовниците и со донациите за нови цркви е претеризам.
 
Јас да сум би забранил попот да наплаќа за погреб, свадба, крштевка и што и да е. Тоа е чиста кражба, да викнеш поп на куќна слава и да ти земе 2-3000, да ти умре некој ќе го платиш попот 2000. Абе ајде бегај какви крадци се, ич не ги сакам. Вистинскиот верник не треба да остава ни еден денар во црква. А и тоа поповите, 70% од нив се неверници, викаат дека за Божиќ е строг пост а тие се први во кафана на плескавици и ќебапи, абе ајде лопови. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo