На вистински верник не му е потребно посебно место за да си ги обавува своите верски потреби. Може да си седне на ливада и да си се помоли и ќе биде исто толку значајно како да отишол во црква.
За секој човек е индивидуално молењето. Може некој се чувствува поблиску до Бога ако се моли во храм. Но, донекаде се сложувам со тебе.
Низ текот на годините црквата како црква според мене го изгуби првобитното значење. Стана машинерија за пари. Јас не ја гледам како институција, затоа што државата и црквата се оделни работи. Најдебилен момент е ценовникот. Но луѓе како луѓе се лакомат.
Меѓутоа не може да се генерализира толку, не се сите попови исти. Имаше еден поп кај мене во маало, починат е поодамна, е он колку крштевки имаше направено бесплатно. Само таквите се ретки.
Таквите дарувања како чорапи и не знам какви се не други глупости, или раздавање на гробишта и не знам што се пагански работи. Подобро тие пари што ќе се потрошат на раздавање и на ручеци кога ќе почине некој, е да се дадат на некој сиромав и да се помогне.
Кај нас повеќе се раздава во црква или на гробишта од тоа "леле што ќе речат комшиите".
Значи во црква се дарува само ако се сака и доколку е од срце дадено, и работи кои што ќе се најдат за во цркавата.
Ама од обичен зејтин прерасна во дарување хулахопки (што е многу погрешно).