Не можам да ги сфатам денешниве деца. Навистина не можам. Дали ги разгалуваат и вината треба да ја барам во родителите, или тие едноставно не сакаат да сфатат дека се живее во беспарица..не знам до што е.
Па добро бе, ние не бевме вакви. Имало денови кога парите буквално ми врнеле над глава, а имало и денови кога сум јадела само леб и маргарин, но во ниту еден момент не кубев коси ако нешто не можеле да ми купат. Ретко кога барав нешто, а и тогаш прашував дали можат да си дозволат да ми се купи нештото.
И’ купиле ранец и сега видела некој што многу и’ се допаднал кај некоја другарка и плаче за да и’ се купи ист. Чувај Боже!! Златен да не е?
Јас сум поминувала и по 2-3 години со еден ист ранец, кутра моја мајка, крпи-прекрпи и’ правеше на секоја дупка.
Сфаќав дека се немало и готово. Сакав да ги поштедам моите, знаев дека прават се’ за да ништо не ми биде скратено. Дури и кога ќе излезеа со мене да ми купат нешто ги убедував дека не ми треба.
Парите од родендените секогаш и’ ги давав на мајка ми, да ги чува и да ми купи нешто кога ќе притреба, да не се троши. А овие сега брзаат в маркет, од трето одделение купуваат сами по бутиците, трошат пари на дрангулии и глупости.
Ех...