1. НАСМЕВКА
Дури и кога не ви е до тоа-смејте се кога можете. Затоа што кога усните ќе ги наместиш како насмевка,автоматски до мозокот стигнува сигнал за добро расположение.

2. УЖИНА
Ако не јадеш нешто подолго од 5 минути,метаболизмот ќе се префрли на „гладување“. На тој начин,маснотијата побрзо се разградува. Како ужина препорачувам јогурт,овошје или семки.

3. ТУШИРАЊЕ
Наизменичното туширање со ладна и топла вода ја затегнува кожата,бидејќи на тој начин се забрзува циркулацијата. Секогаш почни со туширање од стапалата па нагоре.

4. ДЕКОЛТЕ
Спои ги дланките над главата(дланка со дланка),цврсто притисни ги и полека спуштај ги кон градите. Задржи ги така 10 секунди,а потоа протреси ги рацете. Така ќе ги затегнеш градите и ќе имаш убаво деколте.

5. НОКТИ
Жолтите нокти после вадењето на лакот едноставно можат да се избришат,и тоа замисли со што-со прашок за печиво. Едноставно стави го во некој сад со вода и во него држи ги ноктите околу 5 минутки.

6. ВИТАМИН H
Овој витамин се нарекува уште и БИОТИН,а го има во јачменовите зрнца. Тој е најдобар лек за укоченост и иритации. Помешај ги зрнцата со шолја млеко или јогурт,па повторно ќе бидеш полна со енергија.

7. СЈАЕН ТЕН
Направи чај од нане и остави го да се олади. Потоа додади пола кесичка прашок во чајот и промешај за да се направи лесна маса. Потоа додади малку крема за лице. Оваа маска нанеси ја на лицето,остави ја да одстои едно 10тина минутки,па потоа измиј се.

8. СЛАДОК ВКУС
Лабело со вкус на ванила гарантирано ќе ти се допадна,бидејќи ако го имаш на усните,нема да посакаш да грицкаш слатки. Обавезно пробај го!


9. МИСЛИ
Затвори ги очите и замисли прекрасно сино небо со многу бели облаци(тие ги симболизираат твоите лоши мисли). Вдиши длабоко и дувни ги сите бели облаци.

10. ЗДРАВИ ГРИЦКАЛКИ
Лешниците состојат многу витамин Е и се грижат да имаш совршен тен,цврсти нокти и сјајна коса.

11. ПРВА ПОМОШ
Ти пукна ноктот,ама не можеш да ја пронајдеш турпијата? Како прва помош ќе ти послуши шмирглата на кутивчето со ќибритчиња. Практично,зарем не?


12. ТАНЦУВАЊЕ СО МУЗИКА
Исправи се и оди на прсти. За кусо време задржи се во таа поза,но така што стапалото нема да го спуштиш потполно. Повтори го тоа 20 пати но секогаш со музика. Не само што ќе бидеш фит,туку и супер ќе се забавуваш.
