Трикови за разубавување

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
Овде пишувајте трикови за разубавување кои што ги практикувате.
На пример:
  • Ако маскарата ви е сува,а во моментот немате друга, капнете неколку капки масло за тело и промешајте.
  • Ако косата ви е наелектризирана,прснете лак за коса на четката па расчешлајте
  • Карминот ќе ви трае подолго ако го наесете па усните ги притиснете на марамче па го нанесете уште еднаш.
  • Се случува на четката за руменилото да се прилепи повеќе руменило од потребното, за да го отстраните вишокот поминете еднаш со четката врз салфетка
  • Пред да се чупате поминете ги веѓите со топла вода бидејќи од топлото се отвараат порите и нема толку да биде болно чупањето
  • Доколку имате многу кутикули на ноктите а немате специјални ножички за да ги отстранете тоа најлесно ке го направете ако ги потопете прстите во сад со вода и сапун. Ке почекате да набабрат и отстранувањето е многу полесно.
  • -За да постигнете ефект на вештачки трепки, празните места помеѓу корените на трепките пополнете ги со точки од туш, финиширајте со два слоја маскара.
 
  • Like
Реакции: WomanInRed

Glorry

Истакнат Член
14 февруари 2012
261
369
63
СУВИ УСНИ-Ниту еден кармин на светот не изгледа привлечно ако го ставите на суви усни.
За веднаш да добиете меки усни, премачкајте ги со вазелин и ставете брз нив најлонска фолија. Оставете ја фолијата 5 минути и потоа нежно истријте ги усните со четка за заби или салфетка.
ПОДУЕНИ ОЧИ И ПОДОЧНИЦИ-Спиењето на стомак предизвикува очите да се подујат и утрото едвај да ги отворите. За да го ублажите подувањето, земете две лажици кои претходно сте ги чувале во фрижидер и поставете ги на подочниците 5 минути.
Покрај тоа, искористете виткач за трепки и маскара за волумен за да направите очите да изгледаат поотворени.
ЛОШ МИРИС НА КОСАТА-Косата многу лесно може да ја изгуби убавата миризба.
За да го освежите нејзиниот мирис, прво издувајте ја со фен. Потоа, на четката за коса напрскајте од вашиот омилен парфем и исчешлајте се од корените кон врвовите.
 
  • Like
Реакции: Alley3112

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
501
1,110
393
Припитомете ги веѓите. Ако имате непослушни, бушави веѓи, земете стара четка за заби и прснете врз неа лак за коса. Потоа брзо поминете со четката преку веѓите. Така тие ќе останат фиксирани.
За бели нокти – паста за заби. Ноктите често добиваат жолта боја од различните лакови во боја. За да ги зачувате ноктите бели, тријте ги со паста за заби.
 
  • Like
Реакции: Minella

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
376
516
393
ЗА ПОБРЗ РАСТ НА КОСАТА: Се прави со 150 милимилтри шампон од бреза или коприва,15 б-комплекс таблетки и 2 апмули б-12..целото се меша заедно(таблетките се ситнат)...испробано ми е и кај мене имаше ефект;)
 

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
169
171
43
Pust ostrov
За маскарата само капнете неколку капки 2-3 од проколин капките за очи и ко нова е ,за раст на трепките намачкај те ги со рицинусово масло пред спиење , за сјајна коса со волумен направета маска од маслиново масло и неколку капки ицеден лимон ,или јајце нанесете па измијте ја косата со млака вода . За убава и негувана кожа на телото мачкај те се со бадемово масло , за целулит откако ќе се истуширате со топла ,наеднаш удрите јак млаз на ладна вода ,на местата каде имате целулит .Толку ми текнуваат баш сеа :rolleyes
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
СПРЕЈ ЗА РАСПЛЕТКУВАЊЕ НА КОСАТА

Наместо со чешелот нервозно да ја кубете косата додека се обидувате да ја расчешлате, направете си домашен спреј за лесно расплеткување. Наполнете две третини од шише со распрскувач со млака вода и дополнете го со регенераторот за коса што вообичаено го користите. Силно протресете го шишето.
Пред чешлање напрскајте ја заплетканата коса со приготвениот спреј и сигурно ќе ја намалите болката и непотребното кинење на влакната на косата. Многу е важно да го започнете расчешлувањето од врвовите и со кратки движења да се движите нагоре кон корените. Протресувајте го шишето пред секое користење. Доколку растворот ви ја мрси косата, променете го соодносот вода/ регенератор, т.е. ставете повеќевода, а помалку регенератор.
ИЗМИВАЊЕ СО КАФЕ (ЗА БРИНЕТИ)

Кафето го интензивира сјајот на косата, но не се препорачува за русокоси, бидејќи може да ја потемни косата.
Направете темнокафе(на пример, еспресо или турско кафе) и оставете го да се олади. Измијте ја косата со шампон и потоа потурете ја со кафето (исцедено, без талог). Оставете го да дејствува додека не завршите со туширањето и на крајот измијте ја косата само со млака вода.
Колку кафе ќе искористите зависи од должината на косата.
БАЛСАМ ПРОТИВ СУВА И ОШТЕТЕНА КОСА

Сувата оштетена коса е најголем предизвик за одржување, бидејќи изгледа круто, без сјај и разлетано. Дајте ѝ мекост и нежен изглед на сувата коса со балсам од жолчка одјајцеи бебешко масло.
  • 1 жолчка од јајце​
  • 1 лажица бебешко масло​
  • малку вода​
Измешајте ги состојките во шише. По миењето со шампон, нанесете ја смесата на косата и оставете ја 10 минути. Измијте ја косата уште еднаш со шампон и млака вода.
МАСКА ЗА ПОГОЛЕМА МЕКОСТ И ПОВЕЌЕ СЈАЈ

Меката нежна коса секогаш изгледа и посјајно, а освен тоа е неодолива на допир. Подарете ѝ на вашата кожа кадифена нежност со маска со млеко и јајце.
  • 1 јајце​
  • 1 лажица млеко​
Измешајте ги јајцето и млекото ги ставете ја маската да дејствува на косата 20 минути. Измијте со топла вода и шампон.
Во зависност од должината на косата можно е да треба да искористите дупла доза. Целото јајце користете го ако имате нормална коса. Ако иматемрсна коса, искористете белка од две јајца, а ако иматесува коса, искористете ги само жолчките од две јајца.
ДЛАБОКА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА

За да го заштитите надворешниот слој на влакното на косата и да го зголемите сјајот, користете третмани за длабоко регенерирање.
Испасирајте го авокадото, додајте ги сода бикарбоната и маслиновото масло и добро промешајте. Разнесете ја смесата низ косата со нежно масирање. Оставете ја 15 минути и измијте со топла вода и шампон.
Сода бикарбоната ќе ги отстрани од корените на влакното натрупаните остатоци од секојдневното користење на стилизирачки продукти, регенератори и шампони. Со тоа вашата коса нема да изгледа како залепена за скалпот и ќе добие дополнителен волумен и живост.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Трик за визуелно зголемување на усните
Вашите усни може возуелно да изгледаат како да се поголеми и пополни отколку што навистина се, а сепак природни, доколку следите неколку едноставни чекори. За да го постигнете овој ефект не ви е потребно многу време, или пак многу козметички производи. Ви треба само течна подлога, моливче за усни со боја која е колку што е можно повеќе слична со природната боја на вашите усни и провиден сјај за усни.

Прво направете неутрализација на усните со течна подлога. Ова воедно ќе биде и база за моливчето.
Со добро наостреното моливче за усни, исцртувајте, почнувајќи од долната усна, и тоа од нејзиниот центар. Од истото место, почнете и со исцртување на горната усна.

Кон аглите каде се спојуваат горната со долната усна, почнете да „темните“ со моливчето кон внатрешната страна, отприлика во дел кој би изгледал како триаголник. Овој дел треба да биде потемен. Потоа со четкичка за усни, ублажете ја линијата на моливчето. Внимавајте центарот на усните да остане посветол и на овој дел нанесете сјај. Поради начинот на нанесување и текстурата на сјајот, вашите усни со овие трикови, ќе изгледаат како да се визуелно поголеми.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,358
2,204
423
Дома пред Пц
а шо да прајме ние шо имаме екстра виткани коси и плус кај мене е кратка
освен што овој крем и восок колку толку ми помагаат да ги ублажам кадриците

пена користев долги години наназад, ама многу ми ја суши косата.
што друго би ми препорачале? :)
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
Со вистинските мејкап-трикови можете да направите чудо од вашиот изглед.
1. Свежи и сочни тонови – Првиот начин е вашиот поглед да го направите нежен и сладок со свежи и сочни тонови, а за најдобар ефект употребувајте сенки за очи со мат ефект. Како основа нанесете бела мат-сенка по површината на целиот очен капак сѐ до веѓите, но внимавајте да не избегате лево или десно од границите на очните капаци. Потоа одберете нежна розова мат-сенка за да го отвори погледот и нанесете ја на крајната половина од очниот капак. Нанесете тенок слој туш за очи, па финиширајте го изгледот со еден слој маскара, за да постигнете нежен и природен изглед.
2. Женствен и заводлив поглед – Најдобар начин за да постигнете интензивен и заводлив поглед е со техниката „зачадени очи“ која се применува за вечерен изглед. Започнете со нанесување лесен коректор од минерали, за да ги подготвите вашите очи за шминката која следи. Потоа со моливче за очи истакнете ја линијата околу вашите очи, нанесувајќи на долниот и на горниот капак од надворешната страна.
Ако вашите очи се крупни, земете си слобода да нанесете од моливчето од едниот до другиот агол на очите, целосно обележувајќи ги, но ако вашите очи се мали и ситни, нанесете го започнувајќи од средината на делот под очите, продолжувајќи нагоре по горниот капак.
Бидејќи овој изглед најчесто се постигнува со примена на три нијанси на сенки за очи, за наредниот потег одберете ја најтемната, и нанесете ја со тенко сунѓерче над обележаниот дел со ајлајнерот. Со останатите две сенки нашминкајте се како и обично. Кога се шминкате на ваков начин вниманието го вртите кон очите, па затоа не мора да употребувате силни и впечатливи нијанси на кармин.
3. Магијата на трепките – Максимално истакнете ги трепките, но внимавајте да не претерате па да го постигнете спротивниот ефект. Извиткајте ги трепките со виткач за трепки, а потоа нанесете маскара и на долните и на горните трепки. Употребете маскара за волумен и нанесете повеќе од еден слој. За поинтензивен изглед можете да нанесете црно или бронзено моливче околу очите, но не во дебели слоеви.
Украдете изглед од црвениот тепих

Шминкајте се во интензивни и впечатливи нијанси и секако, бидете самоуверени.
1. Кармин со интензивна боја – Почнете со нанесување на моливче за усни по краевите на усните за да ги обележите и да ги направите впечатливи. Потоа нанесете од моливчето по површината на усните, но внимавајте, тоа не смее да биде потемна нијанса од карминот кој ќе го нанесете. Потоа нанесете го карминот, но заборавете на нежните нијанси, одберете жешко црвена или интензивна темно кафена. Не е важна големината на усните, бидејќи секогаш кога чекорите со самодоверба изгледате сексапилно!
2. Драматичен поглед – Секако овој изглед избегнувајте го како шминка за преку ден, но во вечерните часови покажете го целиот ваш сексапил преку женствениот поглед. Земете пар вештачки трепки, кои најдобар ефект ќе имаат доколку нанесете нежна сенка за очи со боја на шампањ.
3. Пастелни бои – Одберете пастелна боја на кармин со кремаста текстура, со впечатливи сини или розови нијанси и ќе изгледате различно и впечатливо. Тука вниманието го носите кон вашите усни, па не мора да нанесувате впечатливи бои на сенки за очи. Овој изглед е свеж и летен, но истовремено и гламурозен.

Руменило за лице

Колку е доволно, а кога е претерано?
1. Прво што треба да знаете кога ставате руменило, е дали ја користите правилната алатка – четка со природни или синтетички влакна, заоблена или со коцкести рабови? Заоблените четки се совршени доколку нанесувате руменило во прав. Внимавајте четката да е симетрична со вашиот образ за да не нанесете премногу руменило.
2. Одберете какво руменило ќе користите - во прав, гел, крем, течна или мус. Руменилото во прав се нанесува најлесно и најдолго трае. Ако имате дамки и пори на лицето, избегнувајте користење на течно или гел-руменило. Со кремовите и геловите можете да експериментирате освен доколку имате мрсна кожа.​
Што се однесува до одбирање на нијансата, светлата кожа изгледа одлично со нежно розови и нијанси во праска боја. Средно светлиот тен оди со руж во нијанса на мед или карамел се до корална црвена, а темниот тен оди со поинтензивни нијанси, од портокалова до жешко розова.
3. Главниот чекор во нанесувањето руменило е да знаете каде и колку да нанесете. За поинтензивен изглед и за вечерна шминка, доколку употребувате црвена нијанса на руменило, насмевнете се и нанесете ја на јаболчниците кои ќе се истакнат со вашата насмевка. Доколку нанесувате розови нијанси, за да ги истакнете убавите црти на вашето лице, нанесете под јаболчниците. Во никој случај не одете под линијата на носот.
4. Избегнете изглед на кловн – Со невнимание лесно можете да изгледате смешно. Бидете внимателни, бидејќи додавањето е секогаш полесно од одземањето. Знаете дека сте претерале кога ќе изгледате како некој да ве удрил со жешка тава по лицето. Наместо да го чистите лицето и да почнете сѐ од почеток, на местото каде сте претерале со руж, внимателно нанесете пудра за да ја „омекне“ бојата.
 
  • Like
Реакции: Anakin

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
Бјути триковите на Миранда Кер
Ѕвездите даваат големи пари за својот изглед. Купуваат скапи козметички средства, посетуваат скапи салони за убавина… но, некои од нив сепак достојно ги почитуваат старинските методи на разубавување кои се темелат на чисто природни состојки.
Една од нив е и преубавата Миранда Кер. Таа за својот тен користи масло од шипинка. Лицето го чисти и негува со ова природно масло кое одлично ја храни кожата.
Трепките ги извиткува со лажица, избегнувајќи да ги кине и оштетува трепките со извиткувач.
Околу очите нанесува гроздова маст, наместо скапи креми кои содржат многу хемикалии.
 
  • Like
Реакции: JaMi