Трикови за разубавување

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
1. НАСМЕВКА
Дури и кога не ви е до тоа-смејте се кога можете. Затоа што кога усните ќе ги наместиш како насмевка,автоматски до мозокот стигнува сигнал за добро расположение.
smile_girl.jpg
2. УЖИНА
Ако не јадеш нешто подолго од 5 минути,метаболизмот ќе се префрли на „гладување“. На тој начин,маснотијата побрзо се разградува. Како ужина препорачувам јогурт,овошје или семки.
1305276571890.jpg
3. ТУШИРАЊЕ
Наизменичното туширање со ладна и топла вода ја затегнува кожата,бидејќи на тој начин се забрзува циркулацијата. Секогаш почни со туширање од стапалата па нагоре.
tusiranje-toplo-ladno.jpg
4. ДЕКОЛТЕ
Спои ги дланките над главата(дланка со дланка),цврсто притисни ги и полека спуштај ги кон градите. Задржи ги така 10 секунди,а потоа протреси ги рацете. Така ќе ги затегнеш градите и ќе имаш убаво деколте.
kako-do-neodolivo-dekolte.jpg
5. НОКТИ
Жолтите нокти после вадењето на лакот едноставно можат да се избришат,и тоа замисли со што-со прашок за печиво. Едноставно стави го во некој сад со вода и во него држи ги ноктите околу 5 минутки.
prasak-za-pecivo.jpg
6. ВИТАМИН H
Овој витамин се нарекува уште и БИОТИН,а го има во јачменовите зрнца. Тој е најдобар лек за укоченост и иритации. Помешај ги зрнцата со шолја млеко или јогурт,па повторно ќе бидеш полна со енергија.
img_tools.php
7. СЈАЕН ТЕН
Направи чај од нане и остави го да се олади. Потоа додади пола кесичка прашок во чајот и промешај за да се направи лесна маса. Потоа додади малку крема за лице. Оваа маска нанеси ја на лицето,остави ја да одстои едно 10тина минутки,па потоа измиј се.
45857E272179524AB5818BEF37C0D893.jpg
8. СЛАДОК ВКУС
Лабело со вкус на ванила гарантирано ќе ти се допадна,бидејќи ако го имаш на усните,нема да посакаш да грицкаш слатки. Обавезно пробај го! :)
labellos.jpg
9. МИСЛИ
Затвори ги очите и замисли прекрасно сино небо со многу бели облаци(тие ги симболизираат твоите лоши мисли). Вдиши длабоко и дувни ги сите бели облаци.
Pochemu-nebo-goluboye.jpg
10. ЗДРАВИ ГРИЦКАЛКИ
Лешниците состојат многу витамин Е и се грижат да имаш совршен тен,цврсти нокти и сјајна коса.
%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8.jpg
11. ПРВА ПОМОШ
Ти пукна ноктот,ама не можеш да ја пронајдеш турпијата? Како прва помош ќе ти послуши шмирглата на кутивчето со ќибритчиња. Практично,зарем не? ;)
220px-Welthoelzer_DZMG.jpg
12. ТАНЦУВАЊЕ СО МУЗИКА
Исправи се и оди на прсти. За кусо време задржи се во таа поза,но така што стапалото нема да го спуштиш потполно. Повтори го тоа 20 пати но секогаш со музика. Не само што ќе бидеш фит,туку и супер ќе се забавуваш.
dance.gif
 

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
13. НАПНАТОСТ?
Собери ја десната рака во тупаница,затвори ги очите и напрегни ги мускулите. Во оваа поза остани три до пет секунди. Потполно сконцентрирај се на она што го чувствуваш во раката. На тој начин психата и телото ќе ти бидат во хармонија,па затоа ти неверојатно ќе се опуштиш.
harmony_screenshot.jpg
14. ПРЕКРАСНИ ОЧИ
На очните капаци,стави по еден круг од исечен компир. Остави да остане 15тина минути,па така ќе ги снема подочниците од лицето. Навистина помага!
kompir.jpg
15. СКОКОТКАЊЕ
Тешко ти е да се разбудиш? Со оваа вежба гарантирано ќе се разбудиш за неколку минутки и ќе ја забрзаш циркулацијата на крвта: штом се разбудиш,отвори го прозорецот и почни да скокаш. Направи го ова најмалку 20 пати.
16. ТОПЛО ЧОКОЛАДО
Мммм,каков мирис,а каков вкус..топлото чоколадо ги смирува нервите,мозакот почнува да лачи ендоморфин,па расположениете веднаш расте!
toplo-cokolado.jpg
17. УБАВИ УСНИ
Доколку несвесно ја лижеш устата,таа се повеќе се суши. Немаш при рака лабело? Нема врска. Малку крема за раце или некоја капка мед е сосем доволна.
18. ЈАСЕН ПОГЛЕД
Овој трик го користат светските модели,бидејќи изгледаш посвежо дури и ако си спиела само 3 часа. Затоа и ти обавезно примени го. Под окото извлечи линија со бел и беж креон за очи.
19. ЛУТО
Одредени зачини можат да го забрзаат метаболизмот. Намали ја употребата на сол и определи се за лута пипер или пак сенф. Овие зачини ќе го забрзаат разградувањето на мастите и протокот на енергија во организмот.
crvena_piperka2.jpg
20. КУПКА ЗА НОЗЕ
Имаше напорен ден,па твоите нозе отекоа? Израдувај ги со опуштена купка-веднаш ќе ти биде подобро.
nas.jpg
21. ТЕН
Ако науто го масираш лицето најмалку 3 минути со помош на крема(наместо само да ја намачкаш),ќе ја забрзаш циркулациајта и образите ќе ти станат румени.
22. ОДМАРАЊЕ НА ОЧИТЕ
Те печат очите бидејќи предолго седеше на компјутер или пред телевизор? Спои ги дланките и добро истрлај ги а потоа стави ги на очите и изброј до 60.
23. КРАСТАВИЦА
Кожата е загрозена кога е ладно,а и кога воздухот е топол и сув. Краставицата содржи највеќе вода. Затоа најдобро е да ја исечеш на коцкички или да ја испасираш па да ја ставиш на лицето да одстои 10 минути.
attachment.php
24. УБАВИ НОЗЕ
Немаш време за вежбање?
Тогаш направи го тоа што и познатите личности го прават. А тоа е следново: Додека наутро и навечер ги миеш забите,прави чучњеви. :)
25. НЕГА НА НОКТИТЕ
Погледни во ноктит. Како ти изгледаат заноктиците? Дали ти се испукани. Ако се,тогаш советов е идеален за тебе.
Земи лажиче маслиново масло и истрлај го во ноктите. Совет: Никогаш не ги сечи заноктиците-само „врати ги“ назад во ноктите.
oil3.jpg
ПА..
СЕ НАДЕВАМ ВИ СЕ ДОПАДНАА СОВЕТИТЕ , СПОДЕЛЕТЕ И НЕКОЈ ВАШ СОВЕТ :)
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Ова со тупаницата за напнатост стварно помага...ама откако ќе го прекиниш пак се напвиш така да, сеедно е дали си го направил или не :p
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Убавите очи и поглед се украс на женското лице, а со помош на шминката уморните и мали очи можете да ги претворите во големи и изразити. Ви претставуваме десет совети. Кои „мејкап“ ритуали треба да ги направите за отворен поглед каков што посакувате.

1. Секогаш користете квалитетен виткач за трепки пред да нанесете два слоја на маскара
2. Средете ги веѓите
3. Користете коректор со боја на праска
4. На подрачјето околу очите нанесете пудра со потемна нијанса од вашиот тен
5. Комбинирајте ја сенката со бојата за очи
6. Постигнете го ефектот на „зачадени очи“ (smokey eyes) со светли тонови на сенки
7. Следете ја линијата на окото
8. Потенцирајте го внатрешниот раб на окото
9. Нанесете тенка линија туш, со што ќе ги покриете празните места меѓу трепките и линијата на окото
10. Ставете вештачки трепки за да го постигнете саканиот ефект
eyes_pictures.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and Bibi@

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Јас само еден трик ќе кажам за разубавување, а тоа е за разубавување на насловот на темава.
Beauty трикови е ептен тапа име, мешавина од 2 јазици, и упорно глумење “начитан американизиран македонец“.
Шо му фали да си стои како : ТРИКОВИ ЗА РАЗУБАВУВАЊЕ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
JaMi
не дека засега има којзнае колку трикови постирано на темава но и јас се согласувам со погорниот пост,два јазика во наслов на една тема,ем доприносуваат тоа што пишва во погорниот пост ем е потешко за пронаогање на темава со пребарувачот.На кој би му текнало да ја бара под наслов пола на англиски пола на македонски.

еве еден "трик" од мене што го дознав
кога одите на професионално шминкање,односно некој да ве нашминка во некој салон за убавина,на крај на шминкањето ако имате забележано ве попрскуваат по лицето,се разбира благо и од далеку со еден спреј.
наводно за подолго време да ви трае шминката.
незнам колку постои специалнен таков спреј за таа намена но едно што знам е дека истиот ефект можете да го постигнете и со лак за коса.Да даааа,пробајте па ке се уверите.Но имајте во предвид дека попрскувањето треба да трае од прилика една две секунди и од далечина некаде половина метар,и очите затворени се разбира :D се надевам објаснив како што треба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112 and JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
JaMi
не дека засега има којзнае колку трикови постирано на темава но и јас се согласувам со погорниот пост,два јазика во наслов на една тема,ем доприносуваат тоа што пишва во погорниот пост ем е потешко за пронаогање на темава со пребарувачот.На кој би му текнало да ја бара под наслов пола на англиски пола на македонски.

еве еден "трик" од мене што го дознав
кога одите на професионално шминкање,односно некој да ве нашминка во некој салон за убавина,на крај на шминкањето ако имате забележано ве попрскуваат по лицето,се разбира благо и од далеку со еден спреј.
наводно за подолго време да ви трае шминката.
незнам колку постои специалнен таков спреј за таа намена но едно што знам е дека истиот ефект можете да го постигнете и со лак за коса.Да даааа,пробајте па ке се уверите.Но имајте во предвид дека попрскувањето треба да трае од прилика една две секунди и од далечина некаде половина метар,и очите затворени се разбира :D се надевам објаснив како што треба.
бравос ,и ти си научила нешто иако мразиш да се шминкаш :giggle фиксатор за шминка,иначе и јас со лак за коса го постигнувам истиот ефект :)
 

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
29
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Убавите очи и поглед се украс на женското лице, а со помош на шминката уморните и мали очи можете да ги претворите во големи и изразити. Ви претставуваме десет совети. Кои „мејкап“ ритуали треба да ги направите за отворен поглед каков што посакувате.

1. Секогаш користете квалитетен виткач за трепки пред да нанесете два слоја на маскара
2. Средете ги веѓите
3. Користете коректор со боја на праска
4. На подрачјето околу очите нанесете пудра со потемна нијанса од вашиот тен
5. Комбинирајте ја сенката со бојата за очи
6. Постигнете го ефектот на „зачадени очи“ (smokey eyes) со светли тонови на сенки
7. Следете ја линијата на окото
8. Потенцирајте го внатрешниот раб на окото
9. Нанесете тенка линија туш, со што ќе ги покриете празните места меѓу трепките и линијата на окото
10. Ставете вештачки трепки за да го постигнете саканиот ефект


Да додадам
  1. Никогаш немојте да нанесувате пудра само на лицето, а да го заборавите вратот. Особено ако пудрата се разликува од вашиот природен тен. Тоа ќе изгледа како да сте ставиле маска на вас.
  2. Можеби сте и вие една од девојките која што сакаат да ги исцртуваат усните и тоа е добро, затоа што дава волумен и правилна форма на усната, но никако тоа не смее да биде со боја која што е потемна од карминот и да се двои. Сигурно не сакате да изгледате како кловн.
  3. Убаво обликувани нокти со средна должина се секогаш женствени, но ваквите предолги типсови или вештачки нокти не изгледаат убаво, а верувајте не им се допаѓаат ни на мажите.
  4. Долгата коса е убава, но должината која продолжува после половината од грбот, повеќе не е во мода. Па ви препорачуваме да го посетите вашиот фризер.
7.jpg
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
-за помалку болки на нозете кога носите потпетици залепете го средниот и домалиот прст со фластер не многу стегнато, таму се наоѓа живец кој предизвикува болка.Кога ќе ги споиме прстите притисокот се намалува и болката се ублажува.
-за сува маскара(не со поминат рок) капнете неколку капки за очи.