Епа здраво!
Јас си дојдов. На 5 дена де...
Туку не ми е тоа муабетот. Сакам да кажам и воедно да се пофалам дека моите должности си ги завршив дури и подобро од очекуваното, сега можам да ја дочекам втората година од моето високо образование. И да - пресреќна сум
Особено на фактот дека моите се горди на мене! Тоа ми го полни срцето
СКД 2 Сите ние подлежиме на разни промени. Сфаќаме дека се останува на нас. На нас останува дали ќе сфатиме дека сме непресушни извори на љубов, верба и надеж... На нас останува дали ќе бидеме тажни или среќни, дали ќе успееме или никогаш нема да успееме!
На нас останува и да се насмевнеме и да бидеме благодарни што денес го живееме овој ден бидејќи денес можеме многу да направиме .. А што чекаме ?
Ајде луѓе, да одиме да го зграбиме животот пред тој да избега од нашите дланки...