Пред извесен период, мислев дека нема да ја посетувам темава барем до среќна нова година двеилјади и тринајста. Но вечерва одма после вчерашниот халовен, се појави моме кое преку невероватен провокативен
цитат, го дебалансира моето духовно спокојство, кафето ми го направи погорко, никотинот - поубиствен. Не знам дали лекот на темава да го барам, дали во подфорумот здравје (мозоков ме боли за тебе мори , душава ми ја изгорее а аааа, срцево ми го разболе а аааа.. и тако даље од Зафир Хаџиманов песната најновата). Ако не го најдам одговорот во виртуелниот свет, ќе закажам термин за третман кај Иван Исцелителот, професионално да ми го реши духовниот љубовен проблем, или во најлоша варијанта секоја вечер ќе ги гледам сериите од типот на Али Риза, лисјата паѓаат, шехерезад и потајно ќе плачам пред малиот екран.
Без перде и срам, спремен на секаков одговор (освен Не), ќе го испукам најсудбоносното форумско прашање на сите времиња:
alba дали ќе ми бидеш форумска девојка ?
Ако е Да...пиши што било, на пример ај лавју, срцушка, кисс ју- мис ју, ми недостигаш, идиот, сељак или слично.
А ако е Не... напрај салто наназад во шаолински стил со двојна задршка без закуцвење.