Судбина

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Не знам во што да верувам веќе...! Се што не сум мислела,се што не сум сакала се ми се случило :place Не знам што е ова и не верувам дека се се случува со причина,бидејќи не можам да најдам причина за работите кои ми се случиле :( Не знам што е ова дали сум проклета или што...

Понекогаш бог ни дава искушенија за да не направи по внимателни и подобри личности за тоа ни се случуваат работи што ние не ги сакаме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Јас верувам во судбина.Мислам се што се случува се случува со причина,дали добро или лошо.
Само ние сме тие дали ќе го одбреме оној правиот пат или ќе одбереме да лутаме доста па малце да се помачиме и да го најдеме оној пат кој навистина ни е предодереден.
Се оди по патот на судбината.
 

Dolphine

Истакнат Член
25 јуни 2012
304
302
63
Не верувам баш во судбина, не дека сум неверник, напротив. Мислам дека судбината им е изговор на оние кои не успеале во животот или се премногу мрзеливи да превземат нешто и ја обвинуваат нивната тешка судбина. Што ми е крива мене судбината ако сакам да имам добра и платена работа а седам дома со скрстени раце чекајќи некоја таква понуда да ми падне од небо. Не!
Треба сам да се потрудиш за да успееш во животот. Денеска дојди време секој да се бори за себе, за да се оддели од толпата и за да се истакне во нешто. А нема д успееш ако си само песимистички расположен и чекаш нешто да се случи, некое чудо. Сето тоа е погрешна претстава за животот воопшто.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас верувам во судбина.Мислам се што се случува се случува со причина,дали добро или лошо.
Само ние сме тие дали ќе го одбреме оној правиот пат или ќе одбереме да лутаме доста па малце да се помачиме и да го најдеме оној пат кој навистина ни е предодереден.
Се оди по патот на судбината.
Може да те прашам нешто? Овде гледам две контрадикторни реченици. Ако патот ти е предодреден, како тоа треба да го најдеш? Па тој ти е предодреден пат и сакаш нејќеш одиш по тој пат затоа што ти е предодреден и не можеш да го изоставиш.


Онтопик: Не, не верувам во судбина.
 

Дејмон

Староседелец
16 февруари 2012
456
650
1,093
Unknown
Сами сме креатори на сопствената судбина, секој е одговорен за своите постапки.
Обично се случува човекот кога ќе се најде во ситуација да обвини некого освен себе си како одговорен за резултатите од сопствените дела, знае да каже: „Што да правиш, судбина.“ Тоа е само изговор.
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
поглупа реченица од шо да праиш судбина не сум сретнала,дрн дрн јариња каква судбина какви глупости,а после тоа иде зборот јеби га-исто кога немаат појма шо да кажат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: simplicity013

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Може да те прашам нешто? Овде гледам две контрадикторни реченици. Ако патот ти е предодреден, како тоа треба да го најдеш? Па тој ти е предодреден пат и сакаш нејќеш одиш по тој пат затоа што ти е предодреден и не можеш да го изоставиш.
Онтопик: Не, не верувам во судбина.
Па да предодреден ти е,а како ќе го најдеш тоа самите ситуации што ти се појавуваат ти налагаат самиот да си го откриеш.
Така лесно да се наоѓал патот ете на пример во љубовта ќе си го најдеш правиот/та и нема никогаш да си имам нервози околу тоа дали е тој/таа вистинсиот/та.
Разлика меќу мене и тебе јас верувам во судбина,а ти не.;)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Па да предодреден ти е,а како ќе го најдеш тоа самите ситуации што ти се појавуваат ти налагаат самиот да си го откриеш.
Така лесно да се наоѓал патот ете на пример во љубовта ќе си го најдеш правиот/та и нема никогаш да си имам нервози околу тоа дали е тој/таа вистинсиот/та.
Разлика меќу мене и тебе јас верувам во судбина,а ти не.;)
Не, не ме разбираш добро. Ти велиш дека патот ти е предодреден нели? Епа што има да го бараш ако ти е предодреден? Однапред е познато што ќе направиш:)
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Не, не ме разбираш добро. Ти велиш дека патот ти е предодреден нели? Епа што има да го бараш ако ти е предодреден? Однапред е познато што ќе направиш:)
Точно,но ете судбината ни дозволува и да лутаме малце.Инаку не би било интересно и забавно во животот.
Се надевам дека сега ме разбра.;)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Точно,но ете судбината ни дозволува и да лутаме малце.Инаку не би било интересно и забавно во животот.
Се надевам дека сега ме разбра.;)
Сеуште ми е контрадикторно тоа, но секој со своите сфаќања.