Судбина

Mitre na Lenka

Полноправен Член
5 јуни 2012
32
28
18
Vo zemjata na Ovcite!
ма нема однапред одредена судбина !

единствено има,...на погресхно место...во погресхно време да си,
...за негативните ствари схто ти се слуцхуваат!
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Во некоја земја, владеел еден постар крал. Бидејќи неговиот дух почнал полека да слабее, дошло време да го наследи еден од неговите синови.

Секој од неговите три сина студирал во една далечна земја и напредувал во образованието. Најстариот отсекогаш бил бунтовник. Така ги научил сите воени техники со сите нивни финеси.
Најмладиот Ја одбрал науката. За се морало да постои објаснување и доколку е можно ништо не требало да се менува.
Средниот пак имал повеќе мудри учители. Учел како да се живее со природата, па сфатил дека се најважни внатрешните вредности.

Откако ги собрал сите, кралот сакал да знае кој е најдостоен за неговиот престол. „Што би правел кога би бил крал?“, го прашал секој од своите синови.

„Мој почитуван татко и кралу, јас би променил многу нешта онака како што знам“ му одговорил најстариот син.
Најмладиот му одговорил: „Јас мислам дека сè треба да остане непроменето, онака како што е, и да се продолжи твоето дело“ .
А оној кој се поврзал со природата одговорил: „Драги татко, сè што постои правилно е, така како што е, инаку не би постоело“. И покрај тоа што што стариот крал не можел во целост да го разбере одговорот, чувствувал дека треба да го круниса својот среден син - така и се случило.

Кога и да го прашал кралот својот наследник за некаков совет, добивал ист одговор: „Се што постои правилно е, така како што е, инаку не би постоело.“ Кралот одвреме навреме се лутел за тоа што неговиот син не сакал да преземе никакви одлуки и што за неговите намери тој сè уште морал да сноси одговорност. Секогаш станувал сè погневен.

Еден ден берберот го исекол на левиот образ. Резот бил толку длабок што прскала крв од раната. Откако раната била преврзана, тој наредил да го затворат берберот во темен и влажен подрум и побрзал кај својот наследник да го праша дали постапил добро.
Овој му одговорил: „Ценет татко, сè што постои правилно е, така како што е, инаку не би постоело.“ Тогаш стариот крал го изгубил трпението и наредил да го затворат и неговиот син.

Неколку дена подоцна кралот, шетајќи низ шумата, потонал во мисли. Бидејќи залутал толку далеку во мислите, излегол надвор од границите на своето мало кралство. Ненадејно налетал на една група човекојадци, кои биле во лов на луѓе.
Откако нивниот водич го застанал, го измеркал и погледнал под завојот. „Ти сè уште добро изгледаш за своите години“, помислил водачот на човекојадците.

„Oтсекогаш сум сакал еднаш да испечам крал, но нашата вера не ни дозволува да јадеме месо од повредени луѓе.“

Одеднаш кралот се сетил...како ветер се вратил назад и издал наредба да ги ослободат и неговиот син и берберот. Му раскажал на својот наследник што му се случило, а потоа му рекол:
„Драг мој сине, те молам прости ми. Не постапив правилно.“ Младиот крал само тажно го погледнал и му рекол: „Кралу мој, ти сè уште не си го сфатил тоа.“ - „А што уште треба да сфатам?“, викнал овој возбудено!

„Гледај драг татко, да не ме затвореше во затвор, можеби ќе те следев при прошетката низ шумата. А тогаш јас ќе бев набиен на ражен и печен бидејќи јас не бев повреден. Гледаш мој чесен татко сè што постои правилно е, така како што е, инаку не би постоело.“

Многумина од секојдневниот живот би можеле да раскажат вакви „приказни“, како на пример една госпоѓа која заради застој во сообраќајот задоцни на воз, кој потоа излетал од шините; еден човек кој заради семејни причини го одложил летот, а потоа се урнал авионот со кој требало да патува...

На што се должи ова, дали е чиста случајност, среќа или судбина?

За се што се случува во вашиот живот, што мислите, дали е судбина или чиста случајност?

Дали постои случајност?
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
препрати го ова на 100 пријатели на фејсбук и ќе ти се случат пријатни нешта :giggle:giggle:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dr.Gonzo

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
абе каква судбина, која е логиката на тоа некој да ми го одредил животот уште пред да се родам или можеби кога сум се родил. И иде тука бабинска логика: ако скокнам од 15ти спрат и остаам коски доле - судбината таква ми била, ако сакам да скокнам ама се премислам - судбината ми била таква. Ако од дете забегам со дроги, криминал и слично - судбина тешка, ако сум мирно примерно дете пак судбината ми била таква. Секогаш е судбина во која и да е варијанта... Така да сами сме си одговорни за најголем дел од работите што ни се случуваат, судбината е најверојатно изговор на оние што не можат да се носат со последиците од своите непромислени постапки. Не дека никој не прави глупости, ама некој може да се помири со тоа и да најде решение а некој ќе кука и ќе се вади на судбината :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: simplicity013

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Ако секој сам си ја крои судбината што ако тој се разболи и умре тоа значи дека сам си скроил да се разболи и да умре?