Понекогаш се чудам на себе и на луѓето околу мене.
Здрави, силни луѓе се откажуваат пред некој предизвик затоа што се обиделе неколку пати и не успеале. Запаѓаат во депресија, се колкаат со апчиња за спиење со цел да не мислат на ништо.
Болни, изнемоштени, напатени човечиња се борат со последни сили и никако не се откажуваат. Им се живее бе.
Колку и да сме тажни денес утре ќе се смееме,
колку и да е мал светов е добро место за живеење,
колку и да сум немоќен би правел чуда,
колку и да е тежок животот е убав.