Сакам да продискутираме за стравот како секојдневна појава.
Велиме дека сме смели и храбри. Велиме дека не се плашиме од ништо и дека го пречекуваме секој нов ден со широко отворени раце.
Но што ако застанеме еден миг и погледнеме длабоко во себе. Што ако малку размислиме за нештата кои ги сакаме, за нештата кои ги правиме, за нештата кои не опкружуваат и ни се сосем блиски.?
Секогаш постои страв дека ќе ги загубиме. Страв дека нешто може да им се случи, страв дека ќе направиме нешто погрешно, само еден чекор за се да исчезне или да се промени.
Зборувам за страв дека синчето ќе ви се разболи, дека ќе доживеете сообраќајна незгодна, дека ќе ја загубите работата, страв дека времето ќе помине и ќе ги загубите старите добри пријатели, страв дека љубовта која ја негувате со партнерот ќе избледне итн.
Во темава не станува збор за фобија - долготраен, тешко надминлив, постојан страв. Фобијата се вбројува во болести. (Фобија од височина, затворен простор, пајаци)
Стравот за кој пишувам е емоционална состоја која е проследена со психофизички промени.
Помислувате дека нешто лошо ќе му се случи на вашето семејство и срцето почнува да ги забрзува контракциите, пулсот се зголемува, и вознемиреноста може да трае.
Стравот е проследен со немир, неспокој и грижа.
Не верувам дека има човек кој не се соочува со некој ваков или сличен страв.
Можеби не секојдневно но сепак се соочува.
И тука зависи од личноста како се справува со тие мисли и колку им придава значење.
Од нас зависи дали безгрижно ќе се насмевнеме и ќе се убедиме дека се ќе биде добро или ќе грицкаме нокти туфкајќи се што ќе се случи утре.
Што вие мислите за стравот како состојба од која барем еднаш во животот е засегнат секој од нас?
Што за вас претставува стравот?
Од што имате страв?
Како се справувате со него?
Мислите ли дека стравот е длабока психолошка состојба која остава последици во начинот на живот, однесувањето и размислувањето на личноста?
На самиот крај:
Expose yourself to your deepest fear - after that, fear has no power, and the fear of freedom shrinks and vanishes. You are free.
Jim Morrison